Езекил 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Осуда Божја над Ерусалим

1 Ис 7,20 „А ти, сине човечки, земи си остар нож, како берберски брич, па мини го преку главата своја и брадата, и земи мерила, и раздели ја косата на делови.

2Зах 13,8Едната третина изгори ја на оган среде градот, кога ќе се завршат дено­вите на опсадата; втората третина земи ја и исечи ја со нож по околината на градот; а третата третина развеј ја на ветар; Јас, пак, ќе го извлечам мечот по нив.

3Ер 39,10И земи од тоа, па врзи го тоа во полите од својата облека.

4Но од тоа земи пак малку и фрли го во оган, и изгори го во огнот. Оттаму ќе излезе оган врз целиот дом Израилев.

5Така вели Господ Бог: тоа е Еру­са­лим. Јас го поставив среде народи, и го опкружив со земји.

6А тој стана против наредбите Мои понечесно од незнабошците, и против Моите повелби – полошо отколку зем­ји­те околу него; зашто тие ги отфрлија наредбите Мои и не постапуваат според повелбите Мои.“

7Затоа вака вели Господ Бог: „Би­деј­ќи вие ги намноживте гревовите свои повеќе од незнабошците, кои се околу вас, по Моите уредби не одите и наредбите Мои не ги извршувате, и не одите дури ни според уредбите на незна­бош­ците, кои се околу вас.“

8Затоа, вака вели Господ Бог: „Ете, и Јас сум против тебе, јас Самиот, и ќе из­вршам среде тебе суд пред очите на нез­набошците.

9Мт 24,21Па поради сите твои одвратности, ќе ти направам тебе, како што никогаш не сум направил, а нема и во иднина да на­правам.

1012,15; 17,21; 3 Мојс 26,29; Ер 8,3; Плач 2,20; 4,10Затоа таковците ќе ги јадат си­но­ви­те свои среде тебе, а и синовите ќе ги ја­дат татковците свои; и ќе извршам над тебе суд, и сиот твој остаток ќе го раз­веам по сите ветрови.

117,4.9; 8,18; Ис 9,17Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог: бидејќи ти го оскверни Моето све­тилиште со сите твои одвратности и со сите твои гадотии, Јас ќе те смалам, и Моето око нема веќе да те пожали, и Јас нема да се смилувам над тебе.

12Откр 6,8; 8,7Една третина од тебе, од помор ќе изумре и од глад ќе загине среде тебе; втората третина од меч ќе падне во твојата околина; а третината ќе ја развеам од сите ветрови, и ќе го извлечам мечот по нив.

13Така ќе се исполни Мојот гнев, и ќе ја истурам Својата јарост над нив, и ќе се задоволам; и кога ќе се излее јароста Моја врз нив, тогаш ќе разберат дека Јас, Господ, сум им зборувал во ревноста Своја.

143 Мојс 26,31-32Ќе те претворам во пустина и за по­руга меѓу народите, кои се околу тебе, пред очите на секој минувач.

15Ер 18,16Ќе бидеш за потсмев и за поруга, за срам и ужас кај народите што се околу тебе, кога ќе го извршам над тебе судот во гнев и јарост, и преку јаросни порази – Јас Господ го говорев тоа,

16и кога ќе пратам врз нив лути стрели на глад, што ќе истребува, кога ќе ги пратам за ваша погибел и за засилување на гладот кај вас, и ќе ја уништам лебната поткрепа кај вас.

17Откр 6,8А ќе пратам врз тебе глад и лути ѕверови, кои ќе те лишат од децата; и помор и крв ќе мине преку тебе, ќе ис­пратам меч врз тебе; Јас, Господ го ка­жав ова.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help