1Имаше еден човек од Раматаим-Цофим, од Ефремовата Гора, името му беше Елкана, син на Јерохам, син на Елијуј, син на Тоху, син на Цуф, ефратец.
21 Мојс 30,1-24; Суд 13,2; Лк 1,7Тој имаше две жени: едната се викаше Ана, а другата Пенина. Пенина имаше деца, Ана, пак, немаше деца.
32 Мојс 23,14-17; 34,23-24И секоја година на определени денови тој човек одеше од градот свој за да Му се поклони и да Му принесе жртва на Господ Саваот во Силом; таму беа двајцата синови на Илиј: Офни и Финес, свештеници на Господ.
45 Мојс 12,17-18А во денот, кога Елкана принесуваше жртва, ѝ даваше на жената своја Пенина и на сите нејзини синови и ќерки, делови од жртвата,
51 Мојс 16,1-3; 29,18.20.30а на Ана, пак, ѝ даваше двоен дел, (зашто таа немаше деца,) а и ја сакаше Ана (повеќе од Пенина), иако Господ ѝ ја беше затворил утробата нејзина.
61 Мојс 16,4-5Соперничката нејзина многу жестоко ја раздразнуваше за да ја натажи, поради тоа што Господ ѝ ја беше затворил утробата нејзина.
7Така стануваше секоја година, кога Елкана одеше во домот Господов: онаа ја раздразнуваше, а оваа плачеше (и тажеше) и не јадеше.
8Рута 4,15И ѝ рече Елкана, мажот нејзин: „Ано!“ Таа му одговори: „Еве, ме господаре.“ И ѝ рече: „Зошто плачеш и зошто не јадеш, и поради што е нажалено срцето твое? Не сум ли јас за тебе повреден отколку десет синови?“
9Откако јадеа и пиеја во Силом, Ана стана (и застана пред Господ). А свештеникот Илиј седеше на стол пред влезот во храмот Господов.
10Таа тажеше во душата своја и Му се молеше на Господ и горко плачеше,
114 Мојс 6,1-21; Суд 13,5; 16,17и даде заклетва, велејќи: „Господи, (семоќни Боже) Саваоте! Ако погледнеш милостиво кон понизноста на слугинката Твоја и се сетиш за мене, и не ја заборавиш слугинката Своја и ѝ дадеш на слугинката Своја машко дете, јас ќе Му го посветам на Господ до денот на неговата смрт; (и вино и жесток пијалок нема да пие) и брич нема да ја допре неговата глава.“
12Додека таа се молеше долго пред Господ, Илиј ја гледаше во устата;
13и бидејќи Ана говореше во срцето свое, устата нејзина само се мрдаше, гласот нејзин не се слушаше, Илиј помисли дека е пијана.
14И ѝ рече: „До кога ќе бидеш пијана? Истрезни се од виното свое и истави се од лицето Господово.“
15Ана одговори и рече: „Не, господаре мој; јас сум жена, со длабока тага во душата; вино и жесток пијалок не сум пила, а ја изливам душата своја пред Господ.
16Не ја сметај слугинката своја за лоша жена, зашто поради големата жалост и поради тагата своја јас говорев досега.“
17Илиј одговори и рече: „Оди си со мир, и Бог Израилев нека ја исполни молбата твоја, за што Го молеше.“
18А таа одговори: „Можеби слугинката твоја ќе најде милост во твоите очи.“ И таа тргна по патот свој, и јадеше, и лицето нејзино веќе не беше тажно, како пред тоа.
Раѓањето и детството на Самоил19 1 Мојс 30,22 И утредента тие станаа рано, се поклонија пред Господ и се вратија, па отидоа во домот свој во Рама. И Елкана беше близок со Ана, жената своја, а Господ си спомна за неа.
20По извесно време Ана зачна, роди син и му даде име Самоил, бидејќи велеше таа: „Од Господ го побарав.“
21И отиде мажот нејзин Елкана и целата челад негова (во Силом) за да Му ја принесе годишната жртва на Господ и заветите свои (и сите десетоци од својата земја).
22Но Ана не отиде (со него), велејќи му на мажот свој: „Кога ќе го одбијам детето и кога ќе порасне, тогаш ќе го одведам, и тој ќе се јави пред Господ и ќе остане таму засекогаш.“
23И ѝ рече Елкана, мажот нејзин: „Прави што мислиш дека е добро. Остани додека го одбиеш. Само Господ нека го претвори во вистина зборот (што излегол од твојата уста).“ И остана дома жена му и го доеше синот додека не го одби од градите.
24А кога го одби, отиде со него во Силом, земајќи со себе тригодишен јунец (и лебови) и една ефа брашно и мев со вино, па дојде во домот Господов во Силом, и детето со нив. А детето уште беше малечко.
25(И го доведоа пред лицето на Господ; и татко му принесе жртва каква што Му принесуваше на Господ во определени денови и го доведоа момчето) и го заклаа јунецот, а детето го доведоа кај Илиј;
26и рече: „О, господаре мој, се колнам во твојата душа, господаре мој! Јас сум онаа жена, која стоеше тука пред тебе и Му се молеше на Господ;
27за ова дете се молев, и Господ ја слушна молбата моја, за што Му се молев;
28и јас го предавам сега на Господ за сите денови на животот негов – нека Му служи на Господ.“ И таа Му се поклони таму на Господ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.