1 2,6; 17,48; 43,5; 3 Цар 8,30; Изреки 18,11 Нека те слушне Господ во тежок ден, да те заштити името на Бог Јаковов.
2Да ти испрати помош од светилиштето и од Сион да те поткрепи.
3Нека си спомне за секоја твоја жртва; и сепалениците твои да бидат примени.
4Да ти го даде Господ и она што ти срце сака; и сите твои помисли да ги исполни.
5Ќе се зарадуваме на твоето спасение и во името на нашиот Бог ќе ги подигнеме нашите знамиња. Да ги исполни Господ сите твои молби.
62,2; 17,50; 1 Цар 10,1Сега знам дека Господ ќе му помогне на Својот помазаник, ќе го услиши од светите Свои небеса, со силата на Неговата победоносна десница.
732,16-17; 146,10; Ис 40,30-31; Ос 1,7; 2 Лет 14,11Едни – со коли, други – со коњи, а ние со името на Господ, нашиот Бог, се фалиме:
8тие ќе се препнат и ќе паднат, а ние ќе се кренеме и ќе стоиме прави.
9117,25Господи, дај му победа на царот и слушни нѐ кога Ти се молиме!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
