Матеј 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Родословот на Господ Исус Христос(Лк 3,23-38)

1 , син Давидов, син Авра­амов.

21 Мојс 21,3.12; 25,19.26; 29,35Авраам го роди Исаак, Исаак го ро­ди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и него­ви­те браќа;

3Рута 4,13.17.22

1 Мојс 38,6.29-30Јуда ги роди Фарес и Зара, со Тама­ра; Фарес го роди Есром, а Есром го роди Арам;

4Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Салмон;

5Салмон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Јесеј;

62 Цар 12,24Јесеј го роди царот Давид, а царот Давид со жената на Урија го роди Соломон;

71 Лет 3,10-16Соломон го роди Ровоам; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса;

8Аса го роди Јосафат; Јосафат го роди Јорам, а Јорам го роди Озија;

9Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија;

10Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија;

114 Цар 24,12-16Јосија го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето во Вавилон.

121 Лет 3,17.19; Лк 3,27А по вавилонското преселување Је­хонија го роди Салатиил, а Салатиил го роди Зоровавел;

13Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор;

14Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд;

15Елиуд го роди Елеазар; Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков;

16Јн 1,41

Лк 1,26-27; 2,5Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос.

17И така, сите родови од Авраам до Давид се четиринаесет; и од Давид до преселувањето во Вавилон се четирина­есет родови; а и од преселувањето вави­лон­ско до Христос – родови четиринаесет.

Раѓањето на Исус Христос(Лк 2,1-7)

18А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Ма­ри­ја за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека зачнала од Све­тиот Дух.

19А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти.

201,24; 2,12-13.19.22; 27,19; 28,2; 1 Мојс 16,7; 20,3; Дан 2,1; Лк 1,11.27.35; Дела 7,38; 5,19; 8,26; 12,7.23Но, штом помисли така, ангел Гос­подов му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја примиш Марија, твојата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.

21Ис 7,14; Лк 1,31; Пс 129,8; Дела 4,12; Тит 2,14Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“

222,15.17.23; 4,14; 8,17; 21,4; 26,56; Лк 4,21; Јн 12,38А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели:

2318,20; 28,20; Ис 7,14„Ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“

24Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше за­по­ве­дал ангелот Господов и ја прими за своја жена.

25Лк 2,7И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help