1 2,13; Лк 24,39; Јн 1,1.14; 20,25 Она што беше од почетокот, она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа, за Словото на животот –
22,25; 4,14; 5,20; Јн 1,4; 11,25-26и животот се јави, и видовме, и сведочиме, и ви го навестуваме вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави –
3Јн 17,20-21; Дела 4,20; 26,16; 1 Кор 1,9она што го видовме и го чувме, тоа ви го навестуваме, та и вие да имате заедништво со нас; а нашето заедништво е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос.
4Јн 15,11; 16,22-24; 2 Јн 1,12Тоа ви го пишуваме за да биде радоста наша потполна.
Да одиме во светлина, ослободени од гревот5 3,11; Дан 2,22; Јн 8,12; 1 Тим 6,16; Јк 1,17 А известувањето, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа дека Бог е светлина, и во Него нема никаква темнина.
62,4.9; Јн 3,21Ако речеме дека со Него имаме заедништво, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината.
7Мт 26,28; Рим 3,24-25; Ефес 5,8; Евр 9,14; Откр 1,5А ако, пак, во светлина одиме, како што е Тој самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг имаме заедништво, и крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев.
83 Цар 8,46; Јов 9,2; Изреки 20,9; Проп 7,20; Рим 3,10-20Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас.
92 Лет 7,14; Пс 31,1-5; Изреки 28,13; Мт 6,12; Рим 4,6-8; Јк 5,16Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда.
10Ако, пак, речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажливец, и словото Негово не е во нас.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
