1 13,3; 23,3; 33,13 Му одговори Господ на Јов од луњата и му рече:
2„Препаши ја како маж половината своја: Јас ќе те прашувам, а ти објаснувај Ми.
321,5; 29,9; 1 Мојс 18,27Мојот суд ли сакаш да го собориш? Да Ме обвиниш Мене, а себеси да се оправдаш?
4Таква ли е твојата рака, како на Бога? И можеш ли како Него да згрмиш со гласот свој?
538,1Тогаш украси се со величие и слава, облечи се во болскот и великолепие;
638,3излеј ја јароста на гневот свој, погледај сѐ што е гордо и смири го;
732,2погледај ги сите горделиви и понизи ги, сотри ги безбожниците на местата нивни;
837,5закопај ги сите во земја и покриј ги лицата нивни со темнина.
9Тогаш и Јас ќе признаам дека твојата десница може да те спаси.
Нилскиот коњ10 Ис 2,12; 42,25; Наум 1,6 Ете нилскиот коњ што сум го создал, како и тебе; тој јаде трева како вол;
11Ис 13,11; 63,3силата негова е во бедрата негови, а јачината негова – во мускулите на стомакот негов;
124 Мојс 16,31-34; Ис 2,10-12ја размавтува опашката своја како кедар, а жилите на бедрата негови се испреплетени;
13нозете негови изгледаат како бронзени труби; коските негови – како железни прачки;
141 Мојс 2,7тоа е врвот на Божјите патишта: само Оној Кој го создал, може да го приближи мечот Свој до него;
15горите му принесуваат храна; таму сите полски ѕверови играат;
16тој си легнува под сенчести дрвја, меѓу трски и во мочуриште;
17сенчестите дрвја го покриваат со сенката своја; врби крај потоците го опкружуваат;
18ете, тој ја задржува реката за да пие и не брза; си останува спокоен, дури и кога би посакал Јордан да потече кон устата негова.
19Ќе го фати ли некој пред очите негови и ќе му го продупчи ли носот негов со кука?
Крокодилот20Можеш ли со јадица да извлечеш крокодил и со врвца да го врзеш за јазикот?
21Ќе вовреш ли алка во ноздрите негови? Ќе ја прободеш ли со шило челуста негова?
22Ќе ти се моли ли многу и ќе ти говори ли кротко?
23Ќе направи ли договор со тебе, ќе го земеш ли засекогаш како слуга свој?
243,8; Ез 29,3-4; Пс 103,26Ќе се забавуваш ли со него како со птичка, и ќе го врзеш ли заради девојчињата свои?
25Ќе го продаваат ли другарите како лов, ќе го делат ли меѓу хананските трговци?
26Можеш ли да му ја продупчиш кожата негова со копје и главата негова со рибарска вила?
27Стави ја на него раката своја и запомни ја борбата, зашто ќе ти биде последна!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
