Амос 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Суд за Арам

1 8,8; 9,5; Ос 1,1; Зах 14,5 Зборовите на Амос, еден од пас­тирите на Текоа, што ги чу во видение за Израил во деновите на јудејскиот цар Озија, и во деновите на израилскиот цар Јеровоам, синот Јоасов, две години пред земјотресот.

2Ис 33,9; Ер 25,30; Ос 11,10; Јоил 3,16; Наум 1,4И рече тој: Господ ќе загрми од Си­он и ќе го пушти гласот Свој од Еру­са­лим, и ќе свенат пасиштата пастирски, и ќе се исуши врвот на Кармил.

32,1.4.6; 4 Цар 8,12; 10,32-33; 13,3.7; Ис 17,1-3Така вели Господ: за трите престапи на Дамаск и за четирите нема да го поштедам, зашто го вршеа Галаад со железни орудија.

42,2.5; Ер 49,27Ќе пуштам оган на домот Азаилов, и тој ќе ги проголта дворците на Ве­на­дад.

54 Цар 16,9Па ќе ги скршам резињата на Да­маск и ќе ги истребам жителите на Би­кат-Авен, и оној, што држи жезол, од Бет-Едем; народот на Арам ќе отиде во ропство во Кир, вели Господ.

Суд за Филистеја

6 Ис.Н. 13,2; Ер 47; Соф 2,4-7; 2 Лет 21,16-17 Така вели Господ: за три престапи на Газа и за четири нема да ја пош­те­дам, зашто тие ги одведоа сите во ропство, за да му ги предадат на Едом.

7Ер 47,5; Соф 2,4; Зах 9,5-6И ќе испратам оган врз ѕидините на Газа и тој ќе ги проголта дворците неј­зини.

82 Лет 26,6Па ќе ги истребам жителите на Аш­дот, и оној, што го држи жезолот во Ашкелон, и ќе ја свртам раката Своја против Екрон, и ќе загине остатокот на Филистејците, вели Господ.

Суд за Тир (Феничаните)

9 3 Цар 5,25; 9,11-14; Ис 23; Ез 26–28 Вака вели Господ: за трите престапи на Тир и за четири нема да го пош­те­дам, зашто тие му ги предадоа на Едом сите заробеници, и не се сетија за брат­скиот сојуз.

10Ез 28,18; Зах 9,4Ќе пратам оган врз ѕидините на Тир, и тој ќе ги проголта дворците не­гови.

Суд за Едомците

11 1 Мојс 27,41; 4 Мојс 20,14-21; 5 Мојс 2,1; Ис 34; Ер 49,7-22; Ез 25,12-14 Така вели Господ: за трите прес­та­пи на Едом и за четири нема да го пош­тедам, зашто тој ги гонеше браќата свои со меч, погази секакво сочувство, беше свиреп во гневот свој и секогаш ја потпалуваше јароста своја.

12Ќе испратам оган врз Теман, и тој ќе ги проголта дворците на Восор.

Суд за Амонците

13 5 Мојс 2,19; 4 Цар 8,12; 15,16; Ер 49,1-6; Ез 25,1-7; Ос 14,1; Соф 2,8-11 Така вели Господ: за трите прес­та­пи на синовите Амонови и за четири нема да ги поштедам, бидејќи тие ги распоруваа бремените жени во Галаад, за да ги прошират границите свои.

14Ис 28,2; Ер 49,2И ќе запалам оган во ѕидовите на Рава, и тој ќе ги проголта дворците неј­зини со врисок во денот на бојот и со виор во денот на бу­рата.

15Ер 48,7; 49,3И ќе отиде царот нивни во ропство, тој (неговите свештеници) и кнезовите негови заедно, вели Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help