3 Ездра 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бог ги спасува луѓето само по Својата милост

1 8,3; 9,15; Мт 7,14; Лк 13,24 Тој ми одговори и рече: „Севиш­ниот го создаде овој свет за многумина, а идниот – за малкумина.

27,54; 10,9Ќе ти кажам, Ездра, една споредба. Како што земјата, ако ја запрашаш, ќе ти каже дека дава голема количина од која прават глинени садови, а малку прав, од кој се излива златото, така се и делата на овој свет.

38,3; 7,47; 9,15; Мт 7,14; Лк 13,24Многумина се создадени, но малкумина ќе се спасат.“

Ездра се моли за својот народ

4Јас одговорив и реков: „Душо, касни ја смислата и проголтај ја мудроста,

5зашто ти вети дека ќе слушаш и по­сака да пророкуваш, а времето ти е да­дено само да живееш.

69,31; Мт 13,23; Мк 4,20.26.27; Лк 8,15О, Господи, нема ли да ми дозволиш мене, на Твојот слуга, да се помолам пред Тебе да му дадеш на нашето срце семе, и на разумот наш очистување, за да даде плод, од кој би можел да живее секој распадлив, што ќе го носи името човек?

7Ис 45,9; 64,8Ти си еден, а ние сме единственото создание на Твоите раце, како Ти што рече.

8Пс 138,13-16; 7,7Но, како сега во мајчината утроба се образува телото, а Ти му ги даваш чле­но­вите? Како се запазува Твоето ство­ре­ние во огнот и во водата, и како, Тво­ето создание ја трпи девет месеци Тво­јата творба во себеси, зашто е создадена во неа?

9И она што пази, и она што е пазено, се запазуваат и едното и другото, а ут­робата на мајката истовремено го враќа запазеното, кое израснало во неа.

10Ти си заповедал од самите делови, односно од градите, да се дава млеко – плод од градите.

11До извесно време да се храни созда­деното, а потоа го предаваш на Твојата милосрдност.

12Ти си го воспитал со Твојата правда, си го научил на Твојот закон и со Тво­јот разум си го поучил,

13Рим 8,13; Кол 3,5; Рим 8,11; Ефес 2,1и ќе го умртвиш како Свое созда­ние, и пак како Свое дело ќе го ожи­ве­еш.

14Јов 10,8; Пс 88,47Ако Ти го погубиш создаденото со таква грижа, по Твоја заповед лесно е да се уреди: она што било создадено – да се запази.

15И сега, Господи, ќе кажам: за секој човек Ти знаеш повеќе; но ќе кажам за Твојот народ, за кој страдам,

16за Твоето наследство, за кое пролевам солзи, за Израил, за кој жалам, за Јаков, за кого боледувам.

177,46Ќе почнам да се молам пред Тебе за себеси и за нив, зашто го гледам нашето паѓање во грев, во кое паднавме ние што живееме на земјата.

188,61; Мал 3,5; Јк 5,9; Откр 22,12Но јас чув дека набргу ќе дојде Судијата.

196,26; 14,9Затоа чуј го мојот глас, послушај ги моите зборови; јас ќе говорам пред Те­бе.“ Почетокот на зборовите на Ездра пред да биде земен.

201 Птр 1,23; Пс 103,3Јас реков: „Господи, Ти Кој живееш вечно, Чии очи се управени кон највисокото и небесното.

21Чиј престол е непроценлив и Чија слава е недостижна, пред Кого со тре­пет стојат ангелските воинства, кои Ти служат и како ветар и како оган, чиј збор е вистински и Чиј говор е неизмен­лив,

22Пс 103,4; Евр 1,7Чија повелба е силна и Чие вла­де­ење – страшно. Чиј поглед ги пресушува бездните и Чиј гнев растопува гори и Чија вистина живее вечно, –

23Пс 73,15; Наум 1,4; 2 Цар 22,16; Наум 1,5; Пс 103,32чуј ја молитвата на Твојот слуга, послушај ја молбата на Твоето создание!

24Додека сум жив, ќе говорам, додека разбирам – ќе одговарам, не загледувај се во гревовите на Твојот народ, туку во оние што вистински Ти служат!

25Не гледај ги со внимание безбож­ни­те дела на незнабошците, туку на оние, кои ги запазија Твоите завети и во не­волји!

26Не мисли за оние, кои лажливо постапуваат пред Тебе, а спомни си за оние, кои, по Твоја волја, познаа што е страв.

271 Мојс 18,23-25не погубувај ги оние, што живееле животински, а погледни кон оние, кои учеа јасно за Твојот закон.

28Не гневи се против оние, кои се познати дека се полоши од ѕверови,

29Пс 48,20а возљуби ги оние, кои секогаш се надеваат во Твојата правда и слава.

30Зашто ние и нашите татковци од такви болести страдаме;

317,49а Ти, заради нас грешните, милосрден ќе се наречеш.

32Тит 3,5Ако посакаш да нѐ помилуваш, ќе се наречеш милосрден, зашто ние немаме праведни дела.

339,7; 13,23А праведните, кои придобиле многу дела, по своите дела ќе добијат награда.

34Што е човекот, за да се гневиш на него, и овој расипан род, за да се огор­чуваш од него толку?

354,38; 7,68; 2 Лет 6,36; Пс 13,2.3; 52,2.3; 3 Цар 8,46Навистина, нема никој меѓу родени­те, а да не постапил нечестиво; нема ниеден од оние што веруваат во Тебе, а да не згрешил.

36Господи, токму во тоа ќе се пројави Твојата правда и Твојата добрина, кога ќе ги помилуваш оние што немаат вис­тински добри дела.“

37Тој ми одговори и ми рече: „Ти ка­жа нешто справедливо, па, според тоа како што рече, така и ќе биде.

38Зашто Јас не мислам за делата на оние созданија, кои згрешиле пред смртта, пред судот, пред загинувањето;

397,60; 16,40; 1 Птр 2,11; 1 Мојс 47,9; 3 Езд 13,56туку им се радувам на подвизите од праведниците, си спомнувам како странствувале, како се спасувале и се труделе да заслужат награда.

40Како што реков Јас, така е.

418,1Како што земјоделецот сее во земјата многу семиња и сади многу расте­нија и не сѐ што е посеано, се запазува по извесно време, и не сѐ што е насадено, фаќа корен, така исто, и не сите што се посеани во овој век – ќе се спасат.“

424,44Јас одговорив и реков: „Господи, ако сум придобил благодат ќе говорам.

43Како што семето на земјоделецот, ако не изникне, или навреме не го при­ми Твојот дожд, или се расипе од многу дожд, па загине,

441 Мојс 1,26.27; 3 Езд 6,55така е и со човекот, создаден од Твоите раце; Ти се нарекуваш негова праслика, затоа што си подобен на него; Ти си создал за него сѐ, за него што Ти го спореди со семето на земјоделецот.

45Јоил 2,17; Ест 4,17Не гневи се против нас, но поштеди го Твојот народ и смилувај се на Твоето наследство, зашто си милосрден спрема Своето создание.“

46Тој ми одговори и рече: „Сегашно­то е за сегашните, а идното е за идните.

475,33Ти недостасува многу, за да можеш да го сакаш Моето создание повеќе од Мене, иако често сум се доближувал до тебе, и никогаш – до неправедните.

48Но и по тоа ти си прекрасен пред Севишниот,

49затоа што си се смирил, како што ти прилега и не си мислел на себеси та­ка, за да те слават меѓу праведниците.

5012,23.24Многу и тешки неволји ќе ги пос­тигнат во последно време оние што го наследуваат овој свет, зашто се однесуваат многу горделиво.

518,62; 4,36А ти грижи се за себеси и барај сла­ва за оние што се слични на тебе;

524,7; 2,12; 1 Кор 3,22; 3 Езд 8,1; 7,26; 10,27; 13,36; Евр 11,16; Откр 21,2.10.14; 22,14; Откр 14,13зашто за вас е отворен рајот, наса­дено е дрвото на животот, предна­зна­че­но е идното време, изобилството е под­готве­но, градот е изграден, живе­алиш­тата се приготвени – совршената добрина и совршената мудрост.

53Откр 20,14Коренот на злото е запечатен за вас, немоќта и гниењето се сокриени од вас, и расипаноста бега во адот, за да биде заборавена.

54Откр 21,4Изминаа болестите и на крајот се покажа тајната на бесмртноста.

55Не труди се повеќе и не испитувај колкаво е множеството на оние што загинуваат.

569,11Зашто, откако добија слобода, тие го презреа Севишниот, законот Негов го занемарија и ги оставија Неговите патишта,

57а и Неговите праведници ги згазија,

587,23; Пс 13,1; 52,1и во срцето свое си велеа: нема Бог, иако знаеја дека се смртни.

59Лк 16,24; Ез 18,22; Мудр 1,13Како вас што ве очекува она, за кое пред малку се кажа, така и нив ги чека – жед и маки, кои се приготвени. Бог не сакаше да го погуби човекот,

60Рим 1,21; 2 Тим 3,2но и самите созданија Го осквернија името на Оној, Кој ги создал, и се по­кажаа неблагодарни кон Оној, што им приготвил живот.

618,18Затоа судот Мој сега наближува;

627,44; 14,9ова не сум им го открил на сите, а само на малкумина, слични на тебе.“ Јас одговорив и реков:

634,52; 5,1„Господи, ете, сега Ти ми покажа многу знаци, што ќе почнеш да ги пра­виш при крајот, но не ми кажа – кога.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help