1И пак продолжи Елијуј и рече:
2„Стрпи се малку, ќе ти покажам, зашто има уште нешто да кажам за Бога.
332,13; 40,2Ќе го почнам зборот мој оддалеку и ќе ти покажам дека мојот Создател е справедлив,
432,21навистина зборовите мои не се лага: пред тебе е оној, кој исправно мисли.
533,12; 34,14Ете, Бог е моќен, но никого не презира; силен е со крепкото срце Свое;
634,11не ги поддржува безбожниците, а угнетените ги оправдува;
7не ги отстранува очите Свои од праведниците, но заедно со царевите ги става засекогаш на престол; и тие се воздигаат.
8Ако, пак, се оковани во вериги и се држат во оковите на неволјата,
933,17тогаш им ги напомнува делата нивни и беззаконијата нивни, бидејќи се умножиле.
1033,16Го отвора увото нивно за вразумување, им вели да се оттргнат од беззаконието.
1133,25Ако послушаат и почнат да Му служат, ќе ги поминат дните свои во добро и годините свои во радост;
1234,25Ако, пак, не послушаат, гинат од стрела и умираат во безумие.
1335,12Но лицемерните имаат во срцето свое гнев и не се обрнуваат кон Него, кога ги врзува во окови;
14затоа душата нивна умира во млади години, и животот нивни згаснува со блудници.
1533,16Тој го спасува страдалникот од маката негова и, кога е угнетен, му го отвора увото.
164,2И тебе би те извел Тој од теснината на широко, каде што нема угнетување; и трпезата твоја би била полна со мрс;
1734,35Но ако ти си полн со безбожнички мисли, судот и осудувањето ќе те снајдат.
18Да не те порази Божјиот гнев со казна! Голем откуп нема да те избави.
191,3Нема да гледа на Твоето богатство, ниту на златото, ниту на какво и да било сокровиште твое.
2017,8Не воздивнувај за онаа ноќ кога народите се истребуваат на местото свое.
213,1Чувај се, не подавај се на нечестието што си го претпочитал пред страдањето.
Врховната власт на Бога22 33,24 Бог е најголем со силата Своја; кој е таков учител, како Него?
2334,10Кој ќе Му Го посочи патот Негов? Кој може да Му каже: постапуваш неправедно?
2425,2-3Не заборавај да ги величаш делата Негови, што луѓето ги гледаат.
2522,12Сите луѓе можат да ги видат; човек може да ги види и оддалеку.
2611,7Ете, Бог е голем, и ние не можеме да Го познаеме; бројот на годините Негови е неиспитан.
2738,25-28Тој ги води водните капки: тие собрани се лијат како дожд,
28капат од облаците и се изливаат изобилно врз луѓето.
29И кој може да го разбере ширењето на облаците, трескотот во шаторот Негов?
3038,19Ете, Тој ја распростира врз нив светлината своја и го покрива морското дно.
31Оттаму Тој ги суди народите, дава храна во изобилие.
3234,35Тој крие во дланките Свои молња и ѝ заповеда кого да удри.
33Грмењето дава знак да се знае за неа; и добитокот чувствува што станува.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.