Псалми 67 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 67Благодарност кон Бога за победата

1Нека се крене Бог, и да се распрснат непријателите Негови; нека се разбега­ат пред лицето Негово оние што Го мразат.

24 Мојс 10,35; Ис 33,3Како што димот исчезнува, така да исчезнат; како што восокот се топи од оган, така да загинат грешниците од ли­цето Божјо!

3А праведните да се развеселат, да се зарадуваат пред Бога и ќе Го прославуваат во радоста.

431,11Пејте Му на Бога, пејте Му на Не­го­вото име; направете Му пат на Оној, Кој се движи по небото; името Му е Господ, и радувајте се пред Него.

517,10; 2 Мојс 15,21; 5 Мојс 33,26; Ис 19,1Татко на сираците и Заштитник на вдовиците; Тој е Бог во Своето свето место.

6145,9; 2 Мојс 22,22-23; Посл 1,37Бог им дава домови на напуштените, ги ослободува од окови затворениците, а непокорните остануваат да живеат во пеколна пустина.

7Боже, кога Ти излегуваше пред Тво­јот народ, кога чекореше по пустината,

85 Мојс 33,2; Суд 5,4-5; Авак 3,3-4земјата се тресеше и небесата истураа дожд пред Бога, Бог на Синај – пред Бога, Бог Израилев.

9Изобилен дожд изли Ти, Боже, врз Твоето наследство, и кога тоа изне­мош­туваше, Ти го поткрепуваше.

1077,24-25; 2 Мојс 16Стадата Твои живеат на неа; во Својата добрина, Боже, Ти се погрижи и за сиромасите.

11Господ дава наредба; голема е при­дружбата на известителите:

12цареви на армии бегаат ли бегаат, а жените по домовите пленот го делат.

1347,4-5; Суд 5,19.22Додека вие почивавте меѓу стадата, крилјата на гулабицата заблескаа во сребро, а нејзините пердуви со злато.

14Суд 5,16Кога Семоќниот ги разбиваше ца­ревите, снег паѓаше на Селмон.

15Горо моќна, горо Башанска, горо со бројни врвови, горо Башанска!

16Зошто гледаш завидливо, горо со бројни врвови, кон гората што Бог ја посака за Свое пребивалиште, каде што Господ ќе престојува довека?

1777,68; Ез 43,7Божјите коли се безброј – на илјада илјади; Господ на Синај доаѓа во Свети­лиштето.

18Ис.Н. 5,13-15; 4 Цар 6,17; 7,5Ти се возвиси високо, плени плен, прими дарови од луѓето, дури и од противниците на Божјото пребивалиште таму.

1946,5; Ефес 4,8-10Нека е благословен Бог Кој нѐ носи од ден во ден, Бог, нашето спасение.

2062,8; 5 Мојс 32,11; Ис 46,3-4Нашиот Бог е Бог Кој спасува; во власта на Господ е избавувањето од смртта.

21Но Бог ќе им ги скрши главите на непријателите Свои и влакнестото теме на оние што остануваат во своите гре­вови.

22Господ рече: од Башан ќе ги вра­там, ќе ги извлечам од морските дла­бо­чини,

23за да ти се натопи ногата твоја и ја­зикот на твоите кучиња во крвта на не­пријателите.

243 Цар 21,19; 22,37; 4 Цар 9,36Го видов Твоето величествено до­а­ѓање, Боже, доаѓањето на мојот Бог и Цар во Светилиштето:

25напред одеа пејачите, а на крајот свирачите, а во средината – девојки со тимпани:

26„Во собранијата благословувајте Го Бога, Господ, вие, што сте од семето Израилево!“

2779,1-2; 5 Мојс 33,28; Ис 9,1; Ер 2,13; 16,13Таму беше Венијамин, најмладиот; кнезовите Јудини – со своите чети, кне­зо­вите Завулонови, кнезовите Нефта­лимови.

28Покажи ја Боже, силата Твоја, снагата Твоја, Боже, како што правеше со нас во минатото.

29Поради Твојот храм во Ерусалим, царевите ќе Ти принесуваат дарови.

30Скроти ги ѕверовите во мочу­риш­та­та, воловите со телињата на народите, згази ги под нозете оние кои се лакомат по почести, растури ги народите кои уживаат во војна.

31Ез 29,2-3Нека се донесе бронза од Египет, Етиопија брзо нека подаде раце кон Бо­га.

32Ис 18,7; 44,13Царства земни, пејте Му на Бога, славете Го Господа,

33Кој се вози на небо, на небесата ис­конски. И, ете, Тој го испраќа Својот глас, Својот силен глас.

3417,10; 67,4; 5 Мојс 33,26Подајте Му слава на Бога! Над Из­раил е Неговото велелепие, а силата Негова на облаците.

3527,8; 28,11Чудесен си Ти, Боже, во светоста Своја; Бог Израилев – Тој ќе му даде сила и крепост на Својот народ. Нека е благословен Бог!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help