2 Летописи 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Египетска инвазија против Јудеја(3 Цар 14,25-28)

1 3 Цар 14,22-24; 1 Лет 9,1 Кога царството на Ровоам се зацврсти, и тој стана силен, го остави законот Господов, а заедно со него и сиот Израил.

23 Цар 11,40; 14,22-24; 1 Лет 5,25На петтата година од Ровоамовото царување, бидејќи Му беа неверни на Господ, Шишак, египетскиот цар, се крена против Ерусалим,

31 Мојс 10,6; Ис 18,2; Дан 11,43со илјада и двесте коли и шеесет илјади коњаници; со него од Египет дојде безброен народ: Либијци, Суким­ци и Етиопјани.

4И ги презеде утврдените градови во Јудеја и стигна до Ерусалим.

515,2; 24,20.24; 5 Мојс 28,15Тогаш пророкот Шемаја дојде кај Ровоам и кај јудејските началници, што се беа собрале во Ерусалим, за да се спасат од Шишак, и им рече: „Вака вели Господ: ‚Вие Ме оставивте, затоа и Јас ве оставам во рацете на Шишак.‘“

62 Мојс 9,27; 3 Мојс 26,41; Пс 10,7; 1 Езд 9,15Израилските началници и царот по­низно рекоа: „Праведен е Господ!“

75 Мојс 9,19; Ер 7,20; 42,18; Ез 5,13; Пс 77,38Кога виде Господ дека тие се пони­зија, дојде словото Господово до Шемаја и беше речено: „Нема да ги погубам, туку наскоро ќе ги избавам; Мојот гнев нема да се излее врз Ерусалим преку раката на Шишак;

85 Мојс 28,48сепак, тие ќе му станат слуги, за да знаат што е тоа да Ми служат Мене и да им служат на земните царства.“

9Египетскиот цар Шишак дојде во Ерусалим и ги одзеде ризниците на домот Господов и ризниците на цар­скиот дом; одзеде сѐ, ги одзеде и златните штитови, што ги беше направил Соломон.

10Но царот Ровоам направи место нив бакарни штитови и ги предаде во ра­цете на старешините над чуварите, што го чуваа влезот во царскиот дом.

11Кога одеше царот во Господовиот дом, доаѓаа чуварите и ги носеа, а потоа пак ги враќаа во живеалиштето на чу­варите.

123 Цар 14,13И бидејќи тој се понизи, гневот Господов се одврати од него и не го уништи сосем, зашто и во Јудеја имаше нешто добро.

Осврт на Ровоамовото владеење

13 2 Мојс 20,24; 5 Мојс 21,5 3 Цар 14,21-22 Се зацврсти царот Ровоам во Еру­салим и царуваше. Кога се зацари, тој беше на четириесет и една година, а ца­руваше седумнаесет години во Еруса­лим, во градот, кого Господ го избра меѓу сите племиња Израилеви, за да го постави таму името Негово. Мајка му се викаше Ноема, а беше Амонка.

14Тој правеше зло, зашто не го беше насочил срцето свое за да Го бара Гос­пода.

153 Цар 14,30-31А делата на Ровоам, од првите, до последните, се опишани во записите на пророкот Шемаја и јасновидецот Идо и во родословијата. Помеѓу Ровоам и Јеровоам постојано имаше војни.

161 Лет 3,10Ровоам почина кај своите предци и беше погребан во Давидовиот град. И на негово место се зацари неговиот син Авија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help