1 7,28; Мих 7,2; Пс 13,2; Мт 23,23; Лк 18,8 Поминете по ерусалимските улици, погледајте, испитајте и побарајте по плоштадите негови, ќе најдете ли човек, кој пази правда, кој ја бара вистината? – за да му простам на Ерусалим.
2Макар и да велат: жив Господ! Но тие лажно се колнат.
3Ез 3,8О, Господи, Твоите очи нели се свртени кон вистината? Ти ги удираш, а тие не чувствуваат болка; Ти ги истребуваш, а тие не сакаат да се вразумат; ги направиле лицата свои поцврсти од камен – не сакаат да се обратат.
45,21; 9,23Па си реков: – тоа се, можеби, сиромаси; тие се глупави, зашто не го знаат патот Господов, законот на својот Бог.
5Мих 3,1Ќе одам кај големците и ним ќе им зборувам, зашто тие го знаат патот Господов, законот на својот Бог. Но и тие сите го скршија јаремот, ги раскинаа веригите.
62,15; Ез 22,27; Ос 13,7Поради тоа лав од шумата ќе ги погуби, пустински волк ќе ги истреби, леопард ќе ги демне крај градовите нивни: кој ќе излезе од нив ќе биде раскинат; зашто се намножија престапите нивни, се засилија отстапувањата нивни.
Казна од непријателите7 1,16; 2,10; 2 Мојс 23,13; 5 Мојс 32,17; 3 Цар 19,18; Гал 4,8 Како да ти го простам тоа? Твоите синови Ме оставија и се колнат во оние, што не се богови. Јас ги наситував, а тие вршеа прељуба и навалуваа во куќите на блудниците.
813,27; Ез 22,11; 23,20Тие се како угоени коњи: секој од нив 'ржи по жената на ближниот свој.
95,29Зар да не казнам поради тоа – вели Господ; а душата Моја нема ли да одмазди на таков народ, како овој?
1039,8Качувајте се на ѕидиштата негови и урнувајте ги, но не до крај; уништете ги нивните лозници, зашто тие не се Господови;
11зашто домот Израилев и домот Јудин постапија спрема Мене многу вероломно, вели Господ;
12Ис 28,15тие излагаа против Господ и рекоа: „Не, зло нема да нѐ снајде, и ние нема да видиме ни меч, ни глад.“
13И пророците се ветар, и слово Господово нема во нив, врз нив самите нека се збидне тоа.
14Ис 10,17; Откр 11,5Поради тоа вака вели Господ, Бог Саваот: затоа што говорите такви зборови, ете, Јас ќе ги направам Моите зборови во устата твоја оган, а овој народ – дрва, и овој оган ќе ги проголта.
156,22; 5 Мојс 28,49; Авак 1,6Ете, ќе доведам против вас, доме Израилев, народ оддалеку, вели Господ, народ силен, народ одамнешен, народ, чиј јазик не го знаеш, и нема да разбираш што ќе ти зборува.
16Пс 5,9Торбата за стрели му е како отворен гроб; сите се одбрани јунаци.
173 Мојс 26,16; 5 Мојс 28,33.51И ќе ја изедат жетвата твоја и лебот твој, ќе ги изедат синовите твои и ќерките твои, ќе ги изедат овците твои и воловите твои, ќе го изедат лозјето твое и смоквите твои; ќе ги разрушат со меч утврдените градови твои, на кои ти се надеваш.
Израил Го остави Господа18Но и во тие дни, вели Господ, нема да ве истребам сосема.
191,16; 17,13; 1 Цар 7,3И кога ќе ве прашуваат: „Зошто нашиот Господ Бог ни го прави сево ова?“ Вие ќе им одговорите: „Бидејќи Ме оставивте и им служите на туѓи богови во своја земја, затоа ќе служите на туѓинци во туѓа земја.“
20Објавете го тоа во домот Јаковов, разгласете во Јудеја, велејќи:
215,4; 8,7; Мт 13,15; Мк 8,18чуј го ова, народе безумен и неразумен, кој имаш очи, а не гледаш, имаш уши, а не слушаш:
22Пс 103,9; Изреки 8,29од Мене ли не се плашите, вели Господ, пред Мене ли не треперите? Јас ставив песок како граница на морето, за вечна меѓа, која нема да премине; и макар што брановите негови ќе надојдат, но не ќе можат да се прелијат; макар што се упорни, но не ќе можат да го префрлат.
235,21; 6,28; 5 Мојс 31,27; Ос 11,7А овој народ има упорно и непокорно срце; тие отстапија и заминаа.
2410,13; 5 Мојс 11,14; Јоил 2,23; Зах 10,1И не рекоа во срцето свое: да се уплашиме од нашиот Господ Бог, Кој ни дава навреме дожд, ран и доцен, ги пази за нас седмиците, одредени за жетва.
253,3; 14,1-7; Ис 59,2Вашите беззаконија го отфрлија тоа, и вашите гревови го отстранија од вас тоа добро.
26Пс 9,29; Изреки 1,11Зашто меѓу Мојот народ има злочинци: демнат како сокриени ловци на птици, се влечат по земјата, ставајќи стапици за да ловат луѓе.
27Како кафез, со птици, домовите нивни се полни со грабежи: а преку тоа тие се издигнаа и се збогатија;
285 Мојс 32,15; Пс 72,7се здебелија, злото надмина секоја мерка, не ја бранат правдата, ни правата на сираците за среќа, не се грижат за правата на сиромасите.
29Зар нема да казнам заради тоа – вели Господ; и нема ли да се одмазди душата Моја на таков народ, како овој?
3023,14; Ос 6,10Стравотии и грозотии се случуваат во таа земја:
31Мих 2,11; Јн 3,19пророците пророкуваат лага, свештениците господарат преку нив – и Мојот народ го сака тоа. Но што ќе правите на крајот?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.