Сирахова 39 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Предностите на законоучителот

1 25,4; Пс 1,2; Јов 8,8-10 Само оној што душата своја ја посветил на размислување за законот на Севишниот, тој ја бара древ­ната мудрост и се занимава со про­рош­тва.

2Тој ги помни зборовите на славните луѓе и проникнува во смислата на нив­ните мисли.

38,8Тој го проучува сокриеното значење на зборовите и се бави со тајните на за­гатките.

434,9Меѓу големци ќе служи, со владете­ли ќе се среќава;

56,36; Мудр 1,4ќе патува по земјите на други народи, зашто искусил и добро и зло меѓу луѓето.

6Уште в зори срцето свое кон Гос­по­да го издигнува, Кој го создал, се моли пред Севишниот; ја отвора устата своја на молитва и моли милост за своите гревови.

7Ис 11,2Ако е тоа волја Божја, го исполнува со дух на разум;

8зборови на мудрост тој исипува и со молитвата своја Го про­с­ла­вува Господа;

9добро ќе го управи умот свој и волја­та и ќе размислува за тајните на Гос­по­да;

1038,33ќе ја изложува мудроста на своето учење и ќе се фали со законот на Бож­јиот завет.

1137,26; 44,13-15Многумина ќе го прославуваат не­го­вото знаење и никогаш нема заборавен да биде;

12споменот за него нема да згас­не, името негово вечно ќе живее.

1344,15Народите мудроста негова ќе ја слават и заедницата ќе го фали;

14додека е жив од илјадници луѓе по­славен ќе биде, а и кога почине – пак славен ќе биде.

Бог добро прави

15 43,7; 50,6 Откако размислив, пак ќе ви зборувам; бидејќи сум исполнет со мисла ка­ко полна месечина.

16Пс 1,3; Ос 14,6-8Слушајте, побожни деца, и растете како ружа што расте покрај буен поток.

17Како од темјан пријатна миризба давајте.

18Цутете како кринови, пријатна миризба ширете и песни пејте;

19благос­ловувајте Го Господа во сите Негови дела, името Негово славете Го, огласувај­те ја похвалата Негова;

20со песни и хар­фи, прославувајте Го и велете:

21Пс 32,9; 104,24; Проп 3,11„Колку се величествени делата на Господа; секоја Негова повелба навреме ќе се исполни!“

22Не треба да прашуваме: „Што е она и зошто е вака?“ Во свое време сѐ ќе се открие.

232 Мојс 14,21-22; Ис.Н. 3,16По Неговиот збор – водата како ку­пиште стана, по заповед на устата Не­гова водата се смести.

241 Цар 14,6; Мудр 11,21-22Во заповедите Негови – волјата е Негова; никој не може нивната спаси­телност да ја намали.

25Пс 138,1-12; Мудр 1,7-8Пред Него се делата на сите; не мо­жеме да се сокриеме од Неговите очи.

26Тој гледа низ целата вечност; ниш­то не е необично пред неговите очи.

27Не треба да прашуваме: „Што е ова и зошто е вака?“ – Сѐ што е создадено, своја цел има.

2824,25-27.30-31; 47,14Неговиот благослов се прелива ка­ко река; како поплава земјата ја напојува.

291 Мојс 19,24-26; 5 Мојс 29,22; Пс 106,34; Мудр 10,7И гневот Негов народите го чув­с­твуваат, како некогаш водите во сол што ги претвори.

30Патиштата Негови прави се за пра­ведниците; а непроодни се за греш­ни­ци­те.

3133,14-15Од почеток доброто за добрите е создадено, а злото – за лошите.

3229,21Основните потреби за животот на човекот се: водата, огнот, железото и солта, пченичното брашно, медот, мле­кото, виното, маслото и облеката.

33Сето ова им служи за добро на доб­рите, а за грешниците во зло може да се претвори.

34Ез 21,21Има ветрови за казна определени, создадени се како бичеви на Неговиот гнев;

35кога тие се во устрем – силата Негова ја пројавуваат; го смируваат гневот на Создателот свој.

36Огнот и градот, гладот и смртта – за казна се создадени;

37забите на ѕверовите, скорпиите, змиите и мечот кој одмаздува за про­паст на безбожниците.

38На Неговата заповед ќе се зарадуваат, подготвени ќе бидат на земјата и кога ќе бидат потребни – ќе ја слушаат Неговата заповед.

3924,30-31; 51,13-16Затоа од самиот почеток одлучив, размислив и во книга запишав: –

401 Мојс 1,31„Прекрасни се сите дела Господови – Тој навреме ни дава сѐ што ни е пот­ребно;

41не треба да се рече: ‚Ова е полошо од она‘, зашто сѐ во свое време ќе биде признато за добро.

42Пс 144,21А сега, со полно срце и полна уста запејте и благословувајте Го името на Господа.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help