Јуда Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ВоведПосланието на Јуда не е упатено до некоја посебна заедница, туку до христијаните воопшто. Неговата порака е мошне блиска на онаа која се наоѓа во Второто Петрово послание (види посебно 2 Птр 2): и едната и другата се борат против грешните учења и против оние кои се истакнуваат со нивниот разврат.По воведот (ст. 1–2), писателот жестоко ги напаѓа пропагаторите на лажните учења, кои се вовлекле во Црквата, и најавува осуда што ќе ги погоди сите (ст. 3–16). Од своја страна, верниците се повикани да останат цврсти во верата (ст. 17–23). Посланието завршува со завршен збор упатен до Единствениот Бог, нашиот Спасител Исус Христос, нашиот Господ (ст. 24–25).Ако ова послание ја открива застрашувачката сила на лагата, тогаш тоа уште повеќе ја подвлекува потпората и надежта што ја поседуваат христијаните во Бога, во Исус Христос и во Светиот Дух.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help