1 Евр 11,32 А Ефтај беше од Галаад, човек храбар; Тој беше син на една блудница, со која Галаад го роди Ефтај.
21 Мојс 21,10Но жената на Галаад му роди синови. Кога пораснаа синовите од жената, таа го истера Ефтај, велејќи му: „Ти не си наследник на домот на нашиот татко, зашто си син на друга жена.“
39,4И Ефтај избега од браќата свои во земјата Тов. Кај Ефтај се собраа тогаш безделници и одеа со него.
4По извесно време Амонците влегоа во војна против Израил.
5Во времето на војната на Амонците против Израил отидоа галаадските старешини да го доведат Ефтај од земјата Тов,
6и му рекоа на Ефтај: „Дојди, стани ни војвода и ќе војуваме против Амонците.“
7Ефтај им рече тогаш на галаадските старешини: „Нели ме намразивте и ме истеравте од домот на татко ми? Зошто дојдовте сега кај мене, кога сте во неволја?“
810,18Галаадските старешини му одговорија на Ефтај: „За тоа дојдовме кај тебе сега, за да дојдеш со нас и да војуваш против Амонците и да бидеш кај нас кнез на сите жители галаадски.“
9А Ефтај им одговори на галаадските старешини: „Ако ме вратите за да се борам против Амонците, и Господ ми ги предаде, ќе станам ли кај вас кнез?“
101 Мојс 31,50Галаадските старешини му рекоа на Ефтај: „Господ нека биде сведок меѓу нас дека ќе постапиме според зборот твој!“
111 Мојс 31,49Потоа Ефтај отиде со галаадските старешини, и народот го постави за свој поглавар и војвода. И Ефтај ги искажа сите свои зборови пред Господ што ги беше рекол во Мицпа.
Пораките на Ефтај до Амонците12И Ефтај испрати тогаш гласници кај амонскиот цар да каже: „Што бараш од мене, та си дошол кај мене да војуваш во земјата моја?“
134 Мојс 21,13.24; 5 Мојс 2,17-23А амонскиот цар им рече на Ефтаиевте гласници: „Кога Израил дојде од Египет, ја зазеде мојата земја од Арнон до Јавок и Јордан; затоа врати ми ја на мирен начин (и јас ќе се повлечам).“
14(И се вратија пратениците на Ефтај.) Но Ефтај пак испрати гласници кај амонскиот цар
15за да му кажат: „Вака вели Ефтај: Израил не ја зазеде земјата моавска и земјата амонска;
16зашто, кога доаѓаше од Египет, Израил отиде во пустината кај Црвеното Море и дојде во Кадис;
174 Мојс 20,17оттаму Израил испрати гласници кај едомскиот цар за да кажат: ‚дозволи ми да минам низ земјата твоја‘. Но едомскиот цар не се согласи; испрати и кај моавскиот цар, но и тој не се согласи. Затоа Израил остана во Кадис.
184 Мојс 20,21; 21,4; 21,13И тргна преку пустината, ја заобиколи земјата едомска и земјата моавска, и дојде до источната граница на моавската земја, и се смести од онаа страна на Арнон; но не влезе во пределите моавски, бидејќи Арнон е граница на Моав.
194 Мојс 21,21-26; 5 Мојс 2,26-37Но Израил испрати пратеници и кај Сион, царот аморејски, царот од Есевон, и му рече: ‚дозволи ни да минеме преку твојата земја до нашето место.‘
20Но Сион не му дозволи на Израил да мине преку неговите предели, и го собра Сион сиот народ свој, па постави логор во Јахца и се судри со Израил.
21И Господ, Бог Израилев, го предаде Сион и сиот негов народ во рацете на Израил, и тој ги испотепа; и завладеа Израил со целата земја на Аморејците, кои живееја во таа земја,
22и тие завладеаја над сите предели аморејски, од Арнон до Јавок и од пустината до Јордан.
23И така, Господ, Бог Израилев, ги изгони Аморејците пред народот Свој Израил, а ти сакаш да го завладееш?
245 Мојс 2,36Зарем ти не владееше со тоа што ти го дал во наследство Хамос, твојот бог? И ние владееме со сето она што ни го даде како наследство Господ, нашиот Бог.
254 Мојс 22,1-6; Ис.Н. 24,9Зар си ти подобар од Валак, синот на Ципор, царот моавски? Се карал ли тој со Израил или војувал ли против него?
26Израил живее веќе триста години во Есевон и во неговите села, во Арор и во неговите села, и во сите градови што се блиску до Арнон; зошто за тоа време не ги одзедовте?
27Јас не сум виновен пред тебе, а ти ми правиш зло, тргнуваш во војна против мене. Господ нека биде судија меѓу синовите Израилеви и Амонците.“
28Но амонскиот цар не ги послуша зборовите на Ефтај, што тој му ги испрати.
Ветувањето на Ефтај29 3,10 И слезе врз Ефтај Духот Господов, и тој го премина Галаад и територијата на Манасија, се врати во Мицпа во Галаад, и од Мицпа отиде кај Амонците.
301 Цар 14,24И Ефтај даде завет пред Господ, велејќи: „Ако ги предадеш Амонците во рацете мои,
311 Мојс 22,1-19; 4 Цар 3,27; Мих 6,7тогаш, кога ќе се вратам со мир од Амонците, сѐ што ќе ми излезе во пресрет од вратата на домот мој, нека биде за Господ, и ќе го принесам како жртва сепаленица.“
32Па отиде Ефтај кај Амонците да се бори против нив, и Господ му ги предаде во рацете негови;
33и им нанесе многу голем пораз, и освои дваесет градови, расположени помеѓу Ароер, Минит и Авел-Керамим, и се смирија Амонците пред синовите Израилеви.
34Потоа дојде Ефтај во Мицпа, во домот свој, и ете, ќерка му излегува во пресрет со тимпани и оро: таа му беше единица; освен неа немаше друг син или ќерка.
354 Мојс 30,3; 5 Мојс 23,22; Проп 5,3-5Штом ја виде, ја раскина облеката своја и рече: „Ах, дете мое! Ти ме фрлаш во големи јадови: и ти си меѓу оние што го нарушија спокојството мое! Јас ја отворив (за тебе) устата своја пред Господ и не можам да ја одречам мојата заклетва.“
36Таа му одговори: „Татко! Ти си ја отворил устата своја пред Господ – прави го она со мене што си го кажал со устата своја штом Господ се одмазди преку тебе на твоите непријатели, Амонците.“
37И му рече на својот татко: „Но допушти ми го само уште ова: пушти ме за два месеца да отидам да се искачам на гората и да го исплачам моминството свое со другарките мои!“
38Тој ѝ рече: „Оди!“ И ја пушти за два месеца. Таа отиде со другарките свои и го оплакуваше моминството свое во гората.
39По два месеца таа се врати при својот татко, и тој го изврши над неа заветот свој што го даде, и таа не позна маж. Оттогаш стана обичај во Израил,
40секоја година ќерките Израилеви да одат и да ја оплакуваат ќерката на галаадчанинот Ефтај, по четири дена во годината.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.