Јудита 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Советување во логорот на Олоферн

1 4,5 Го известија Олоферн, врховниот командант на асирската војска дека синовите Израилеви се приготвуваат за војна; дека ги затвориле приодите во горските предели и дека ги укрепиле горските врвови со тврдини и дека во рамнините направиле препреки.

24 Цар 24,2; 1 Мак 3,27Тој се разгневи многу, па ги повика сите моавски началници, сите аморејски водачи и сите управници на примор­ските земји, па им рече:

3„Кажете ми, синови ханански, каков е тој народ што живее во тие ридски краишта? Во какви градови живеат тие? Колку е голема неговата војска, и во што се состои нејзината сила? Кој е нивниот цар што владее над нив и запо­веда со неговата војска,

4зашто овој народ е единствениот што живее на запад и кој со гнев одби да излезе и да нѐ пречека?“

5Ахиор, водачот на сите синови Амо­нови, му одговори и рече: „Господаре мој, послушај ги зборовите од устата на твојот слуга; јас ќе ти ја кажам вистината за тој народ, кој живее близу до тебе во оние планински краишта; нема да излезе лага од устата на твојот слуга.

6Овој народ потекнува од Халдеј­ци­те.

71 Мојс 11,31; Ис.Н. 24,2-3Тие живееја најнапред во Месопо­та­мија, па бидејќи не сакаа да им служат на боговите од своите предци, кои беа во Халдејската земја,

8скршнаа од патот на своите прадедовци, и почнаа да Му се поклонуваат на небесниот Бог, на Оној Бог, Кого Го беа познале. Тогаш Халдејците ги изгонија од пред лицето на своите богови, и тие отидоа во Месопотамија и долго живееја таму.

91 Мојс 12,1; 13,2; 26,13Но нивниот Бог им рече да излезат од таа земја и да отидат во земјата ха­нанска. Тие се населија таму и многу се збогатија со злато, сребро и многу до­би­ток.

101 Мојс 42,2; 2 Мојс 1,7Оттаму отидоа во Египет, бидејќи глад го покри лицето на хананската земја; таму останаа сѐ додека наоѓаа прехрана и толку се намножија што нивниот народ не можеше да се преброи.

11Против нив се крена египетскиот цар; тој употреби итрина против нив, ги претоваруваше со тешка работа, ги те­раше да прават тули и ги направи ро­бо­ви.

122 Мојс 3,20; Ис.Н. 24,5; Неем 9,10Тогаш тие извикаа кон својот Бог и Тој ја погоди земјата на Египќаните со неизлечиви рани. Затоа Египќаните ги изгонија од својата земја.

132 Мојс 14,21-22; 19,1; 4 Мојс 13,27; 5 Мојс 1,46Бог го исуши пред нив Црвеното Море,

14и ги преведе по патот за Синај и за Кадеш-Барнеа; тие ги одбија сите напади од жителите на пустината;

15Ис.Н. 3се населија во земјата на Амореј­ци­те; со својата сила ги уништија сите жи­тели на Хешбон. Потоа го преминаа Јордан и ја населија целата планинска земја.

165 Мојс 7,1И, откако ги истераа Хананците, Перизијците, Јевусејците, Сихемците и сите Гергесијци – живееја во неа долго време.

172 Мојс 23,20-33; 3 Мојс 26,3-12; 5 Мојс 28,1-14; Ис 61,8И сѐ додека не згрешија пред својот Бог, среќата беше со нив, зашто Бог бе­ше со нив, Бог Кој ја мрази неправдата.

184 Цар 17,6-7; 24–25; Ер 52; 1 Езд 5,12Но штом се оддалечија од патот што им го определи нивниот Бог, во многу војни претрпеа страшни порази, беа одведени во ропство во туѓа земја, храмот на нивниот Бог беше разурнат до темели, а нивните непријатели им ги презедоа градовите.

19Ез 38,8А сега, откако се обратија кон својот Бог, се вратија од разните краишта, каде што беа распрснати, одново го за­зедоа Ерусалим, во кој се наоѓа нивното светилиште, а тие се населија во рид­ски­те предели, кои беа запустени.

20Затоа, господаре, ако тој народ е во заблуда и ако греши пред својот Бог, па ако утврдиме дека кај нив има соблазнување, тогаш можеме да појдеме против нив и ќе ги победиме.

213 Цар 9,7; Ер 24,9; 2 Мак 3,39; 8,36Ако, пак, тој народ не е виновен за никакво беззаконие, тогаш мојот господар нека се оддалечи, зашто нивниот Бог ќе ги заштити и ќе станеме за подбив во целиот свет.“

22Ер 26,8-9Кога Ахиор престана да говори, си­те оние што стоеја околу шаторот, ве­ликодостојниците на Олоферн, и сите жители од приморските краишта и од Моав – почнаа да негодуваат и бараа веднаш да биде убиен, велејќи:

23Ез 38,11„Не се плашиме од синовите Изра­илеви: тоа е народ што нема ни војска ниту сила за жестоко војување;

24Олоферне господаре, да појдеме против нив; тие ќе станат плен на твоја­та војска.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help