4 Царства 20 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Езекиевата болест и оздравување(2 Лет 32,24; Ис 38,1-8)

1Во тие денови се разболе Езекија до смрт. Тогаш дојде кај не­го пророкот Исаија, синот на Амоц, и му рече: „Вака вели Господ: ‚среди ги работите за домот свој, зашто ќе ум­реш, нема да оздравиш.‘“

2Се сврте Езекија со лицето кон ѕидот и Му се помоли на Господ, ве­лејќи:

33 Цар 2,4; 3,6; 8,61; 11,4; 15,3.14; 1 Лет 12,27„О Господи, спомни си дека јас одев пред лицето Твое верно, со срце пре­дадено на Тебе, и го правев она што беше правилно пред очите Твои.“ И заплака Езекија силно.

4Исаија уште не беше излегол од средниот двор, и дојде словото Госпо­дово кон него:

5Ис 25,8; Пс 115,8„Врати се и кажи му на Езекија, вла­детелот на Мојот народ: вака вели Гос­под, Бог на твојот предок Давид – Ја чув молитвата твоја, ги видов солзите твои. Јас ќе те излекувам; на третиот ден ќе отидеш во домот Господов;

618,32и ќе додадам кон деновите твои петнаесет години, и ќе те спасам од рацете на асирскиот цар – тебе и твојот град, и ќе го заштитам тој град заради Себе и заради Мојот слуга Давид.“

7Тогаш рече Исаија: „Земете суви смокви.“ И зедоа, и ги наложија на чи­рот; и тој оздраве.

81 Мојс 24,12-14; Суд 6,17-40; 1 Цар 14,10; Ис 7,10-14Езекија му рече на Исаија: „Каков е знакот дека Господ ќе ме излекува и дека на третиот ден ќе одам во домот Господов?“

9Исаија одговори: „Еве ти знак од Господ дека Господ ќе го исполни сло­вото што го кажал – сакаш ли напред да оди сенката десет степени или десет степени назад?“

10И рече Езекија: „Лесно е да се по­мести сенката десет степени напред; не, нека се врати сенката десет степени назад.“

11Повика пророкот Исаија кон Гос­под, и Тој ја врати сенката назад десет степени според Ахазовите степени, по кои се спушташе сонцето.

Езекија ги прима пратениците од Вавилон(Ис 39,1-8)

12 2 Лет 32,31 Во тоа време вавилонскиот цар Меродах-Баладан, син на Баладан од Вавилон, му испрати писмо и подароци на Езекија, зашто беше чул дека Езе­кија бил болен.

13Езекија, откако ги слушна прате­ниците, им ги покажа ризниците свои, среброто и златото, и ароматите, и скапоцените масла, и целиот свој склад со оружје и сѐ што се наоѓаше во риз­ниците негови; и не остана нешто што не им го покажа Езекија во домот свој и во целото свое владение.

14Пророкот Исаија дојде кај царот Езекија и го праша: „Што кажаа тие лу­ѓе, и од каде дојдоа кај тебе?“ Езекија одговори: „Од далечна земја дојдоа тие, од Вавилон.“

15Исаија пак праша: „Што видоа тие во домот твој?“ Езекија одговори: „Ви­доа сѐ што е во мојот дом; не остана нешто што не им го покажав во риз­ниците свои.“

16Тогаш Исаија му рече на Езекија: „Чуј го словото Господово:

1724,13‚Еве, ќе дојдат дни, и сѐ што е во твојот дом, и што го собрале твоите предци до денес, ќе биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане‘ – вели Господ.

1824,15Некои од твоите синови, кои ќе произлезат од тебе што ќе ги родиш, ќе бидат одведени и тие ќе бидат слуги во дворецот на вавилонскиот цар.“

19А Езекија му рече на Исаија: „Добро е словото Господово што ти го изрече.“ И продолжи: „Само нека има мир и правда во моите дни!“

20Останатите дела на Езекија, за сите негови јуначни подвизи, за тоа како направи езера и водовод и спроведе вода во градот, опишано е во летописите на јудејските цареви.

21И почина Езекија кај своите предци, а на негово место се зацари него­виот син Манасија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help