1 1 Цар 31,10; 2 Мак 15,33-35 Јудита им рече: „Слушајте ме, браќа, земете ја главата и закачете ја на врвот од вашите ѕидини,
2а кога ќе се зазори и сонцето ќе изгрее на земјата, секој нека го земе своето оружје, нека излезе секој што е силен надвор од градот; дајте им повод да мислат дека слегувате во рамнината кон претстражата на асирските синови, но не слегувајте.
32 Мојс 15,16Тогаш тие, откако ќе го земат своето оружје, ќе појдат во својот логор за да го разбудат војсководачот на асирската војска, ќе потрчаат кон шаторот на Олоферн и, откако нема да го најдат страв ќе ги опфати и ќе се разбегаат.
4Вие што живеете во сите краишта на израилската земја, гонете ги, уништувајте ги по патот на нивното бегство.
55,5; 6,2.10Но, пред да го направите тоа, повикајте го Ахиор Амонецот да дојде кај мене; нека го види и препознае оној што сакаше да го понизи домот на Израилците, а него да го испрати кај нас во смрт.“
6Ис.Н. 2,11; Дан 2,46Го повикаа Ахиор од домот на Озија. Кога дојде и ја виде главата на Олоферн во рацете на еден маж среде насобраниот народ, тој падна на земјата и ја изгуби свеста.
72 Мојс 15,14; Суд 5,24Кога го подигнаа, тој падна пред нозете на Јудита, се поклони и рече: „Да бидеш благословена во секое Јудино живеалиште и во секој народ, секој да трепери од страхопочит кога ќе го слушне твоето име!
8А сега раскажи ми: што правеше во изминатите денови?“ Јудита, која беше среде народот, му раскажа сѐ што направила во тие денови – од денот кога излезе, до денот кога се врати.
91 Мак 4,58Кога престана да зборува, народот извика со висок глас и неговото радосно извикување се носеше по целиот град.
102 Мојс 12,48; Ис.Н. 6,24; Ест 8,17А Ахиор, гледајќи го сето она што го направи Бог на Израилците, поверува искрено во Бога, прими обрезание и се присоедини кон домот израилски и остана во него дури до денешен ден.
111 Мак 7,47; 2 Мак 15,37А кога се зазори, ја закачија Олоферновата глава на ѕидините, секој го зграби своето оружје и потрчаа во одреди низ падината.
12Синовите асирски, кога ги здогледаа, веднаш ги известија своите началници, а тие потрчаа кај своите војсководачи и илјаданачалници, и кон сите други началници.
131 Цар 14,11Кога дојдоа до шаторот на Олоферн, му рекоа на оној што управуваше со неговиот имот: „Разбуди го нашиот господар, зашто оние робови се осмелија да излезат против нас на борба за да бидат уништени засекогаш.“
14Вагој влезе и почука на влезот од шаторот, бидејќи мислеше дека тој спие со Јудита.
15Суд 3,25; 1 Цар 5,4Но кога никој не му одговори, влезе во спалната и го најде трупот фрлен на прагот, а главата му беше отсечена.
161 Мојс 27,34-38; 2 Цар 1,11; Ест 4,1Извика со сиот глас, плачејќи и липајќи, и ја раскина својата облека.
171 Мојс 31,33Потоа влезе во шаторот, во кој престојуваше Јудита, но не ја најде. Потоа отрча кај луѓето и извика:
18Суд 9,45; 1 Цар 13,3„Робовите постапиле неверно: една Еврејка го осрамоти домот на царот Навуходоносор; еве го Олоферн на земјата, а главата му ја нема.“
191 Цар 4,13; 2 Цар 1,11Кога заповедниците на асирската војска ги слушнаа тие зборови, ги раскинаа своите облеки, нивните души се исполнија со страв, а низ целиот логор се подигна силен плач и големо ридање.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.