1Таа го запази првообликуваниот татко на светот кој беше создаден еден единствен и го избави од неговото сопствено пропаѓање:
21 Мојс 1,26.28таа му даде сила да владее над сѐ.
31 Мојс 4,8-13А кога во гневот свој грешникот ќе отстапи од неа – загинува во братоубиствената омраза.
41 Мојс 6,9; 7–8; 1 Птр 3,20-21Кога поради него потоп дојде, пак мудроста ја спаси земјата и праведникот го заштити на еден мал кораб.
51 Мојс 12,1-3; 22,1-19И пак, кога се народите сложни во лошо едномислие, мудроста го наоѓа праведникот и го запазува безукорен пред Бога и го пази цврст во нежноста спрема неговиот син.
62 Птр 2,6-8Кога изгинаа безбожниците, таа го спаси праведникот, кој избега од огнот што беше паднал од небото врз пет градови,
71 Мојс 19,26; 5 Мојс 32,32од што за сведоштвото на безбожноста остана да дими опустошената земја и растенијата, чиј плод е ненавремен, а за споменик на една неверна душа е столбот од сол, кој стои таму.
81 Мојс 19,1Зошто тие, откако ја презреа мудроста, не само што си нанесоа повреда, затоа што не го познаа доброто, туку на живите им оставија и спомен за својата безумност, за да не можат да го сокријат она во што се беа заблудиле.
9А мудроста ги спасува од неволји оние, што ѝ служат.
101 Мојс 27,34; 29,1Таа го водеше на прави патишта праведникот избеган од гневот на неговиот брат, му го покажа царството Божјо и му подари знаење за светињите, му помогна во маките и трудовите негови изобилно ги награди.
11Кога од алчност го притиснуваа, таа застана пред него и го збогати,
121 Мојс 31,23-29; 32,25-31; 1 Тим 4,8го сочува од неговите непријатели, го стави во безопасност кога подмолно го напаѓаа; во жестоката борба – победа му подари, за да знае дека побожноста е од сѐ најсилна.
131 Мојс 37–39Таа не го остава продадениот праведник, а го спасува од грев;
141 Мојс 41,40-41; Пс 104,17-22таа и во јамата слегна со него, не го остави кога беше во вериги, а потоа му донесе царски скиптар и власт над оние што го измачуваа, покажа дека се лажни обвинувањата против него и слава вечна му подари.
152 Мојс 13–15
18,1; 2 Мојс 19,6Таа го спаси светиот народ и родот беспрекорен од неговите мачители.16Му влезе во душата на слугата Господов и им се спротивстави на страшните цареви со чуда и знаци.
17Таа ги наградува светиите за нивните трудови, по чуден пат ги води, дење им е закрила од жештината, а ноќе – ѕвездена светлина.
18Таа ги преведе преку Црвеното Море, ги преведе преку голема вода.
19А непријателите нивни ги издави, а потоа ги исфрли од длабината на бездната.
20И така, праведниците им го одзедоа оружјето на неправедниците и со песна го прославија името Твое, Господи, а раката Твоја победничка – еднодушно ја прославија;
21Пс 8,2; Мт 21,16зашто мудроста им ја отвори устата на немите и детските јазици ги направи разбирливи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.