3 Ездра 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

За луѓето многу вистини ќе останат тајна

1 5,13; 6,12; 7,26; 6,24; Лк 21,26; 14,18; Лк 18,8 „А што се однесува за знаците, ете, ќе настанат дни, кога многумина од жителите на земјата, кои многу знаат, ќе бидат грабнати, и патот на вистината ќе се сокрие и вселената ќе биде лише­на од вера,

25,10; Мт 24,12и ќе се умножи неправдата, која сега ја гледаш и за која од порано си слушал.

3И земјата, која сега ја гледаш дека царува, ќе биде изложена на опустошу­вање.

411,39.40; 12,11; Дан 7,7Ако, пак, Севишниот ти даде да до­живееш, ќе видиш дека веднаш по тре­та­та труба – среде ноќ ќе огрее сонце, а месечината – трипати преку денот;

5Авак 2,11; Лк 19,40и од дрво крв ќе капе, камен ќе проговори и народите ќе се раздвижат.

6Тогаш ќе царува оној, кого жители­те на земјата не го очекуваат, а птиците ќе прелетаат на други места.

7Содомското море ќе исфрли риби, ќе пушти глас ноќно време за мнозина непознат, но сите ќе го чујат гласот не­гов.

8На многу места ќе има немири, чес­то ќе биде пуштан оган од небото; пол­ски­­те ѕверови ќе ги сменат местата свои и нечисти жени ќе раѓаат чудо­вишта.

9Јк 3,11.12; 3 Езд 6,24; Мт 10,21; Мк 13,12; Изреки 22,3Слатките води ќе станат солени, си­те пријатели ќе станат еден против друг; тогаш умот ќе се сокрие и разумот ќе се повлече во своето пребива­лиште.

105,2Многумина ќе го бараат, но нема да го најдат; на земјата ќе се намножат неправдата и невоздржливоста.

11Една земја ќе ја прашува соседната: дали низ тебе поминала правдата, што човекот го прави праведен? И таа ќе ѝ одговори дека не поминала.

12Луѓето тогаш ќе се надеваат, и нема да го добијат она што го сакаат; ќе се трудат, но нивните патишта нема да се исправат.

135,1; 4,52; 6,31.35За овие знаци ми е дозволено да ти кажам, и, ако пак ме помолиш и попла­чеш како сега, и ако постиш седум дни, ќе чуеш и повеќе од ова.“

145,22; 12,5И јас се свестив, телото мое трепе­реше силно, душата моја изнемошту­ва­ше, како да исчезнуваше.

1510,30; Дан 10,10.11Но ангелот дојде кај мене, ми гово­ре­ше, ме поддржуваше, ме закрепна и ме исправи на нозе.

16Неем 2,2Втората ноќ кај мене дојде Фал­тиил, народниот водач, и ме запраша: „Каде си бил и зошто ти е лицето на­жа­лено?

17Зар не знаеш дека тебе ти е доверен Израил, во земјата на неговото прогонство?

18Јн 10,12Затоа стани, и касни леб и не нѐ ос­тавај, како пастирот што стадото свое не го остава – во рацете на лукави вол­ци.“

196,31.35Тогаш му реков: „Оди си од мене и не приближувај се до мене.“ И тој, кога го слушна тоа, си отиде од мене.

ВТОРО ВИДЕНИЕМолитвата на Ездра и одговорот на Уриил

20 6,31.35; 4,1; 10,28 А јас, пак, постев седум дни, оф­кај­ќи и плачејќи, како што ми заповеда ан­гелот Уриил.

216,36.37; 7,15; 9,27По седум дни, помислите на моето срце пак ми беа многу тешки;

225,14но душата моја прими дух што може да разбира, и јас одново почнав да говорам пред Севишниот,

234,38; Пс 79,8; 9,21; Ис 5,1.7и реков: „О, Владетеле Господи, од сите гори на земјата и од сите дрвја на неа, Ти ја избра само лозата;

245 Мојс 11,12; Ис 51,1; Ос 14,5; Песна 2,1.2и од целиот земен круг – Ти ја избра само пештерата, а од сите цвеќиња во светот – Ти го избра само кринот;

25Пс 45,4; 5 Мојс 12,11од сите морски бездни – Ти наполни само еден извор, а меѓу сите издигнати градови – само Сион го освети за Себе;

26Пс 73,19; Пс 73,1; 78,13; 79,1од сите создадени птици – Ти ја наименува само гулабицата, и од сиот создаден добиток – Ти ја избра само ов­цата:

275 Мојс 7,8меѓу сите многубројни народи, Ти придоби само еден народ и него го возљуби, нему му даде закон совршен.

284,23; 6,57; 3 Мојс 26,33Но сега, Господи, зошто овој единствен народ го предаде на мнозина, зошто на еден корен накалеми други фиданки и Твојот единствен народ го расеја меѓу многу народи?

29Него го покорија оние, кои им се противеа на Твоите ветувања, и кои не веруваа во Твоите завети.

302 Цар 24,14; Сир 2,18И ако беше си го многу намразил, Твојот народ, нека беше тој казнет од Твојата рака.“

314,1Кога ги говорев овие зборови, кај мене беше испратен пак ангелот, што беше дошол кај мене претходната ноќ,

32и ми рече: „Чуј ме, јас ќе те научам; слушај ме – јас ќе ти кажам уште пове­ќе.“

338,47Јас му реков: „Говори, Господаре мој“, а тој ми рече: „Ти отиде со твојот љубопитен ум за Израил многу далеку; зар ти го сакаш повеќе отколку што го сака Оној, Кој го создал?“

344,2; 12,4Јас му одговорив: „Не, Господаре мој, туку говорев од голема тага. Внатрешноста ме измачува секој час ко­га се измачувам да го разберам патот на Севишниот или да испитам барем еден дел од Неговиот суд.“

35Јов 3,11; Ер 20,17Тој ми рече: „Тоа не можеш да го постигнеш.“ – Јас го прашав: „А зошто не можам, Господаре мој? Подобро ќе беше ако не се родев и ако утробата на мојата мајка ми станеше гроб, отколку што го гледам измачувањето на Јаков и истоштувањето на израилскиот народ.“

36Сир 1,2Тој ми рече: „Изброј го она што уште го нема, собери ми ги рас­прс­на­ти­те капки и оживеј ги исушените цвеќи­ња.

374,35Отвори ги заклучените хранилиш­та, изведи ги ветровите – што се затво­рени во нив и покажи ми ја сликата на гласот, – и тогаш ќе ти го покажам да го видиш она што те мачи.“

384,38Јас одговорив: „Владетеле Господи, кој може тоа да го знае, освен Оној, Кој не живее со луѓето?

39Ер 1,6А јас сум безумен, па како можам да говорам за она што ме праша?“

40Ис 64,4Тогаш Тој ми рече: „Како што не можеш да направиш ништо од ова што е речено, така не можеш да ги знаеш Моите намери, ниту можеш да ги знаеш границите на Мојата љубов, која сум му ја ветил на Мојот народ.“

Предци и потомци

41Јас реков: „Но, ете, Господи, Ти си близок до оние што се доближуваат до крајот, а што ќе прават оние што биле пред мене, или ние и оние што ќе бидат по нас?“

421 Сол 4,15Тој ми рече: „Мојот суд Јас ќе го спроведам со венецот: како што нема задоцнување за последните, така нема побрзување за првите.“

432,41; 4,36Јас одговорив и реков: „Зар Ти не би можел да ги соединиш во едно: и оние што се создадени порано, така и оние што се сега и кои ќе бидат, за да им го објавиш поскоро Твојот суд?“

444,34; 6,34Тој ми одговори: „Творбата не може да оди побргу од својот Творец, како што овој век не може да ги опфати сите заедно во себе и оние што треба да бидат создадени.“

45А јас реков: „Како тогаш Ти ми ре­че мене, Твојот слуга, дека си му дал за­едно живот на сѐ што е создадено, и создаденото го издржало тоа, па и сега он­ие што постат заедно би можеле тоа да го издржат.“

46Тој ми рече: „Прашај ја жената и речи ѝ: ако раѓаш десет деца, зошто ги раѓаш одвреме – навреме и замоли ја си­те десет да ги роди одеднаш.“

47Јас пак му реков: „Тоа не е можно; тоа може да станува само одвреме – на­време.“

4810,10-14Тогаш Тој ми рече: „И Јас ѝ дадов на земјината утроба способност да го произведува она што е посеано во неа одвреме – навреме.

491 Мојс 18,12.13; Лк 1,18Како што детето не може да го прави она што можат старците, така и го поставив светот, кој е создаден од Мене.“

505,48; Сир 40,1Тогаш го запрашав и реков: „Штом веќе ми го откри патот, тогаш дозволи ми да Те прашам: мојата мајка, за која ми говореше, дали е уште млада или се приближува кон староста?“

51Ми одговори и рече: „За тоа прашај ја онаа што раѓа, и таа ќе ти одговори.

52Речи ѝ: зошто оние што се раѓаат сега не прилегаат на оние што се ро­де­ни порано, и зошто се тие помали на раст од другите?

53Таа ќе ти одговори: едните ги родив во цветот на мојата младост, а другите се родени на старост, кога утробата мо­ја почна да ја губи својата сила.

541 Мојс 6,4; 4 Мојс 13,33Сега разбери: зошто сте вие помали на раст од оние што се родени пред вас;

55а оние што ќе се родат по вас, ќе би­дат уште помали од вас; созданијата ве­ќе остареа, младешката сила веќе им одминала.“

564,44; 6,18; 9,2И реков: „Ти се молам, Господи, ако сум придобил милост пред Твоите очи, кажи му на Твојот слуга: преку ко­го го посетуваш Твоето создание?“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help