Псалми 44 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 44Во слава на Божјиот Помазаник и Неговата невеста

1Од срцето мое се изливаат благи зборови; Му ги посветувам на Царот стиховите мои; јазикот ми е како перо на брзописец.

2Ти си најпрекрасниот меѓу синовите човечки, благодат се излива од Твојата уста; затоа Бог Те благословил довека.

3Ез 28,12.17Препаши го на бедрото мечот Свој, о силнику: во Својата красота и убави­на!

4И така величествен, поитај побе­до­носно заради вистината, кротоста и правдата, и Твојата десница ќе покаже чудесни дела.

5Изострени се Твоите стрели, наро­ди­те ќе паднат пред Тебе, – тие ќе се за­бодат во срцата на царските неприја­тели.

6Твојот престол, Боже, е вечен: же­зо­лот на правдата е жезол на Твоето цар­ство.

7Ис 11,3-5Ти ја љубиш праведноста и го мра­зиш беззаконието; затоа, Бог, Твојот Бог, Те помаза со миризливо масло на радоста повеќе од Твоите собраќа.

81 Цар 16,6-13Сите Твои облеки мирисаат на смирна, алој и касија; кога излегуваш од дворците од слонова коска, харфи те развеселуваат.

93 Цар 22,39Царски ќерки се во Твојата почесна придружба; царицата стои покрај Тебе оддесно, украсена со офирско злато.

10Чуј, ќерко, види, приклони го увото свое: заборави го твојот народ и домот на таткото твој!

11Зашто Царот ја посака твојата уба­вина, зашто Тој е твој Господар и приклони Му се тогаш ти.

12Ефес 5,24И ќерката тирска ќе Му се поклони со подароци и најбогатите меѓу народот ќе ја бараат твојата благонаклоност.

1371,10-11Сета слава на царската ќерка е внат­ре: нејзината облека е везена со злато;

14во везена облека ќе ја доведуваат кај Царот; по неа одат девици, нејзини другарки.

15Ги доведуваат со веселба и радост, влегуваат во Царевиот дворец.

16Место твоите татковци, овде ќе би­дат твоите синови; Ти ќе ги поставиш за кнезови по целата земја.

17Ќе го спомнуваат името Твое од род во род; затоа народите ќе Те слават од век до век.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help