1 или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сѐ!
193 Мојс 19,15; Јк 2,10И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе се нарече најмал во царството небесно, а оној што ќе ги исполни и поучи, тој ќе се нарече голем во царството небесно.
2018,3; 1 Мојс 15,6; Пс 68,27; Јн 3,5; Рим 10,3; Фил 3,9Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно!“
За гневот и помирувањето(Мк 11,25; Лк 12,57-59)21 2 Мојс 20,13; 3 Мојс 24,17; 4 Мојс 35,16-18.21; 5 Мојс 5,17; Јк 2,11 „Сте слушале дека им било речено на старите: ‚Не убивај! А кој убие, виновен е пред судот.‘
2210,28; 18,9; Ер 7,31; 2 Лет 28,3; 33,6; Ефес 4,26; 1 Јн 3,15Јас, пак, ви велам дека секој, што се гневи на брата си без причина, виновен е пред судот; а оној што ќе го нарече брата си ‚празноглав‘, виновен е пред Синедрионот; оној, пак, што ќе рече ‚будала‘, виновен е за во пеколот.
23Мк 11,25; Лк 12,5И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе,
24тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па оди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот свој.
25Лк 12,58-59Измири се со противникот твој навреме, уште додека си на пат со него, за да не те предаде противникот на судијата, а судијата – на слугата и да бидеш фрлен в затвор;
2618,34вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, сѐ додека не ја дадеш и последната пара.“
За прељубата и соблазната(Мт 18,8-9; Мк 9,43.47-48)27 19,18; 2 Мојс 20,14; 5 Мојс 5,18; Мал 2,14-16; Рим 13,9; Јк 2,11 „Сте слушале дека на старите им било речено: ‚Не прељубодејствувај!‘
28Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба кон неа, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое.
2918,6-9; Пс 123,7; Рим 9,33; 1 Птр 2,8Ако те соблазнува десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот.
30Мк 9,42И десната рака, ако те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе; зашто подобро ти е да изгубиш еден дел, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.“
За разводот(Мт 19,9; Мк 10,11-12; Лк 16,18)31 19,3-9; 5 Мојс 24,1; Мк 10,4 „Речено било исто така: ‚Ако некој ја остави својата жена, нека ѝ даде разводно писмо.‘
32Мк 10,11; Дела 15,20.29; 1 Кор 7,10-11А Јас пак ви велам: секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја тера да прељубодејствува; и кој ќе се ожени со така напуштена, тој прељубодејствува.“
За заклетвите33 2 Мојс 20,7; 3 Мојс 19,12; 4 Мојс 30,3; 5 Мојс 23,22 „Сте го слушале уште и тоа дека им било речено на старите – ‚Не колни се лажно, а заклетвите пред Господ исполнувај ги.‘
34Ис 66,1; Дела 7,49
Јк 5,1223,22Јас, пак, ви велам: не колнете се воопшто – ниту во небото, зашто тоа е престол Божји;35Пс 47,1-2ниту во земјата, зашто таа е подножје на нозете Негови; ниту во Ерусалим, зашто е град на великиот Цар.
36Не колни се ниту во главата своја, зашто не можеш ниту едно влакно да направиш бело или црно.
372 Кор 1,17-20Но зборот ваш да биде: ‚да‘, ‚да‘, или ‚не‘, ‚не‘, а сѐ што е повеќе од тоа, од лукавиот е.“
За одмаздувањето(Лк 6,29-30)38 2 Мојс 21,24; 3 Мојс 24,20; 5 Мојс 19,21 „Сте слушале дека е речено: ‚Око за око, заб за заб.‘
39Лк 6,29
2 Мојс 21,25; Плач 3,30; Рим 12,19.21Јас, пак, ви велам: не противете се на злото. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот.40А на оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и наметката.
41И ако некој те присили да одиш со него една милја, ти оди две.
425 Мојс 15,8; Лк 6,30На оној што бара од тебе, дај му, и не одбивај го оној што ти сака нешто на заем.“
Љубов кон непријателите(Лк 6,27-28.32-36)43 10,22; 19,19; 3 Мојс 19,18; Пс 138,21; Лк 10,27; Јк 2,8 „Сте слушале дека е кажано: ‚Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател.‘
442 Мојс 23,4-5; Изреки 25,21; Лк 6,27-28.35; Дела 7,60; 1 Кор 4,12А јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат,
45за да бидете синови на вашиот Отец, Кој е на небесата; зашто Тој со Своето сонце ги грее и лошите и добрите, и им праќа дожд и на праведните и на неправедните.
4610,41-42; Лк 6,32Зашто, ако ги љубите оние што вас ве љубат, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и цариниците?
47И, ако ги поздравувате само браќата свои, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците?
483 Мојс 11,44-45; 19,2; 1 Птр 1,16; Јк 1,4Но, вие бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.