Малахија 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

За претходникот на Месијата

1 1 Мојс 24,7; Ис 40,3; Мт 11,10; Мк 1,2; Лк 1,76; 7,27 И ете, Јас ќе го испратам гласникот Свој, и тој ќе го приготви патот пред Мене, и ненадејно ќе дојде во храмот Свој, Господ, Кого Го бара­те, и Ангелот на заветот, кого вие го пожелувате; ете, Тој доаѓа, вели Гос­под Саваот!

Ден за пресврт

2 Јоил 2,11; Наум 1,6; Лк 1,17-76; Дела 13,24-25 Но кој ќе го издржи денот на Неговото доаѓање, и кој ќе издржи, кога ќе се појави Тој? Зашто Тој е како оган, што растопува, и пепелница што чисти,

3Ер 6,29; Зах 13,9па ќе седне Тој како пречистувач на сребро, и ќе ги очисти синовите на Левиј и ќе ги претопи како злато и како сребро, за да Му принесат жртва со правда.

4Ис 1,26Тогаш ќе Му биде мила на Господ жртвата Јудина и на Ерусалим, како во старите времиња и како во поранешните години.

Не измамувајте Го Господа

5 2 Мојс 22,21-22; 3 Мојс 19,13; Ер 5,28 И ќе дојдам кај вас за суд и ќе бидам брз извршител против вража­чите и прељубодејците, и против оние кои лажно се колнат и ја скусуваат платата на работникот, ги измачуваат вдовиците и сираците, ги одбиваат придојдените, и од Мене немаат страв, вели Господ Саваот.

64 Мојс 23,19Зашто, Јас, Господ, не се менувам; затоа вие, синови на Јаков, не бевте уништени!

7Зах 1,3Уште од деновите на вашите татковци отстапувате од наредбите Мои и не ги пазите; вратете се кон Мене, и Јас ќе се вратам кај вас, вели Господ Саваот. Вие, пак, ќе речете, како да се вратиме?

8Смее ли човек да краде од Бога? А вие крадете од Мене! Ќе речете: „Што крадеме од Тебе?“ – од десето­кот и од приносите!

95 Мојс 28,15Со проклетство сте проколнати, зашто Ме крадете – вие и сиот народ.

103 Мојс 27,30-32; 5 Мојс 28,8.12; Изреки 3,9-10Донесете ги сите десетоци во ризницата, па да има храна во Мојот дом, и потоа испитајте Ме, вели Господ Саваот: зар нема да ги отворам отворите небески за да излијам благослов на вас, па да имате и на претек?

11Заради вас ќе им забранам на оние, што ги изедуваат плодовите земни, и лозата ваша во полето нема да остане без плод, вели Господ Саваот.

12Ис 61,9; Ер 3,19; Лк 1,48И блажени ќе ве нарекуваат сите народи, зашто ќе бидете земја на благослови, вели Господ Саваот.

13Дрски се зборовите ваши пред Мене, вели Господ Саваот. Прашу­вате: – што зборуваме против Тебе?

14Ис 58,3; Мих 6,8; Јов 21,14-15Велите: залудно е служењето на Бога, и каква корист имаме, ако ги пазиме наредбите Негови и одиме во жална облека пред лицето на Господ Саваот?

152,17; Ер 12,1Ете, гордите ние ги сметаме за подобри: напредуваат оние што вр­шат беззаконие, па, иако Го иску­шуваат Господа, си остануваа незасегнати.

Награда за верност

16 Ез 13,9; Пс 14,4; Дан 7,10; Откр 3,5 Но оние, кои се бојат од Бога, си велат еден на друг: Господ гледа и го пази тоа, и пред лицето Негово се пишува спомен книга за оние што се плашат од Бога и го почитуваат името Негово.

172 Мојс 19,5; Пс 102,13; 2 Кор 6,18Тие ќе бидат Мои, вели Господ Саваот, Моја сопственост во оној ден, што го готвам, и ќе бидам милостив кон нив како што татко е милостив кон синот свој, кој му служи.

18И тогаш ќе се обратите и ќе ја видите разликата меѓу праведник и безбожник, меѓу оној кој Му служи на Бога и оној кој не Му служи.

Судниот ден

19 Јоил 1,15; 2,5; Амос 5,18 Зашто, ете, доаѓа ден, вжарен како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат ка­ко слама, и ќе ги изгори денот што иде, вели Господ Саваот; и така, нема да остане од нив ни корен, ниту гран­чиња.

20Ер 33,6; Лк 1,78; Јн 8,12А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата, и исцелување ќе има во зраците негови, и вие ќе излезете и ќе потскокнувате како теленца од штала;

21Мих 4,11–5,1и ќе ги газите нечестивите, како прав под стапалата на нозете ваши во тој ден, кога Јас ќе дејствувам, вели Господ Саваот.

22Ис 63,11; Лк 24,44Помнете го законот на Мојсеј, слугата Мој, кому му заповедав на Хорев за сиот Израил, како и правилата и наредбите.

234 Цар 2,1-17; Јоил 3,4; Мт 11,14; 17,10-13Ете, Јас ќе го пратам кај вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господов – голем и страшен.

24Ис.Н. 6,16; Сир 48,10; Лк 1,17И тој ќе ги обрати срцата на тат­ковците кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, за да не дојдам и ја удрам земјата со проклетство!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help