1Кога Санавалат слушна дека ги ѕидаме ѕидовите, се налути и додеваше многу и се подигруваше со Јудејците;
2и зборуваше пред браќата свои и пред самарјанските воени луѓе, велејќи: „Што прават тие проклети Јудејци? Зар ќе им го дозволат тоа? Зар тие ќе принесат жртви? Зар ќе завршат некогаш? Зар ќе ги оживеат камењата од купиштата прав, и притоа изгорени?“
3А до него Товија, Амонецот, рече: „Нека го ѕидаат; ќе мине лисицата и ќе ги срине камените ѕидови нивни.“
4Чуј, Боже наш, на каков презир сме, и сврти го тоа нивно подигрување врз главите нивни, предај ги на презир во земја на пленство.
5Ер 18,23Не ги прикривај беззаконијата нивни, и гревот нивни да не биде избришан пред лицето Твое, бидејќи ги огорчија оние што ѕидаат.
6Ние сепак го градевме ѕидот, и целиот ѕид високо беше поврзан до половината негова. И на народот му беше при срце да работи.
Неемија ги вооружува работниците7 2,10 Кога слушнаа Санавалат и Товија, и Арабјаните, и Амонците, и Ашдодците, дека ерусалимските ѕидови се возобновуваат и дека расипаното почна да се поправа, многу се разгневија.
8Ер 26,18; Пс 78,1И се договорија да одат заедно да војуваат против Ерусалим и да го разрушат.
9А ние Му се молевме на нашиот Бог и поставивме спроти нив стража дење и ноќе за да се спасиме од нив.
10Ер 33,24; Пс 122,3-4Но Јудејците рекоа: „Ослабна силата на носачите, а земја од урнатините има многу; не можеме да го градиме ѕидот.“
114 Цар 14,27; Ис 2,9; Ер 18,23; Пс 68,26-27А непријателите наши, пак, велеа: „Нема да успеат и нема да видат, кога наеднаш ќе влеземе меѓу нив, ќе ги убиеме, и ќе ја запреме работата.“
12Доаѓаа Јудејците што живееја до нив, и ни говореа на десетина пати од сите места дека ќе нѐ нападнат,
132,10тогаш по ниските места на градот, зад ѕидот, по сувите места, го построија народот по родови со мечевите нивни, со копјата нивни и со лаковите нивни.
14Пс 2,2; 82,1-4Па погледнав и станав, та им реков на првенците и војводите и на другиот народ: „Не плашете се од нив; спомнете си за Господ Кој е величествен и влева страхопочит и бијте се за браќата свои, за синовите свои, за ќерките свои, за жените свои и за куќите свои.“
15Кога слушнаа нашите непријатели дека ни е познато што кројат, тогаш Бог го растури нивниот заговор, и ние сите се вративме кај ѕидот, секој на својата работа.
16Од тој ден половина од моите слуги работеа на изградбата, а другата половина стоеше со копја, штитови, лакови и оклопи; а нивните водачи беа зад целиот дом Јудин.
17Оние што го градеа ѕидот и носеа товари, така го правеа тоа, што со едната рака ја извршуваа работата, а во другата рака држеа копје.
18Сите градители беа препашани со меч околу половината, и така градеа, а до мене беше трубачот.
19И им реков на водачите и началниците и на другиот народ: „Работата е голема и нашироко распространета, а ние сме распрснати по ѕидот и оддалечени едни од други;
201 Мојс 28,15; 5 Мојс 1,29; 2 Цар 10,12затоа, од каде ќе чуете звук на труба, накај тоа место собирајте се кон нас: нашиот Бог ќе се бори за нас.“
21Така ја теравме работата; и половината ги држеа копјата откако зората ќе се појави, сѐ додека ѕвездите да излезат.
22Освен тоа, истовремено му бев порачал на народот сите да ноќеваат во Ерусалим, заедно со слугите свои за да бидат тие кај нас ноќе на стража, а дење на работа.
23Пс 149,6И ниту јас, ниту браќата мои, ниту стражарите што ме придружуваа, не ги соблекувавме облеките свои, и секој од нас имаше при рака меч и вода.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.