1 , и беше победена славата на целата земја! Како стана Вавилон за ужас меѓу народите!
42Наум 2,6Морето го проголта Вавилон; тој е сега покриен од брановите.
43Градовите негови станаа пустина, сува земја, пустелија, земја каде што не живее ниту еден човек и каде што не поминува син човечки.
4450,2; 51,34; 1 Езд 1,7; Ер 51,58И ќе го казнам Вил во Вавилон и ќе истргнам од устата негова сѐ што проголтал, и народите нема веќе да брзаат кон него, дури и ѕидовите вавилонски ќе паднат.
Надеж од Господ45 25,38; 50,13.16; 51,9 Излези од него, народе Мој, и секој нека ја спасува душата своја од јаросниот гнев Господов.
46Мт 24,6Нека не ослабува срцето ваше и не плашете се од гласот, што ќе се чуе по земјата; гласот ќе дојде во една година и потоа во друга година, и на земјата ќе се појави насилство, властодржец ќе стане против властодржец.
47Затоа, еве, идат денови, кога ќе ги казнам идолите на Вавилон и целата негова земја ќе се засрами и сите негови поразени ќе паднат во него.
48Ис 44,23; Откр 18,20И ќе ликуваат над Вавилон небото и земјата и сѐ друго што е во нив; зашто од север ќе му дојдат сотирачите, вели Господ.
4951,24Како што Вавилон направи да паднат на земја поразените Израилци, така во Вавилон ќе бидат соборени поразените по целата земја.
5044,28; Пс 136,5Вие, кои се спасивте од меч, бегајте и не запирајте се, сетете се во далечната земја за Господ, и на срцето ваше нека ви дојде Ерусалим.
51Пс 78,1; Плач 1,10Ни беше срам, кога ги чувме поругите; бесчестие ги покриваше лицата наши, кога туѓинци влегоа во светилиштето на домот Господов.
5250,2.38; 51,47; Јов 24,12Затоа, еве, идат дни, вели Господ, кога ќе ги казнам идолите негови, и по целата негова земја ќе офкаат ранетите.
5349,16; Ис 14,13; Јов 20,6Кога би се дигнал Вавилон и до небесата и кога високо би си ја зацврстил тврдината своја, од Мене ќе му дојдат пустошниците, вели Господ.
Вавилон ќе биде разурнат54Екот и пискот ќе одекнуваат од Вавилон, и рушење големо – од земјата халдејска;
55зашто Господ ќе го опустоши Вавилон, и ќе стави крај на неговиот горделив глас. Ќе зашумат брановите како на големи води, ќе заечи неговиот шумен глас.
56Зашто ќе дојде врз него, врз Вавилон, пустошникот и ќе бидат фатени војниците негови, ќе бидат скршени лаковите негови; бидејќи Господ, Бог на одмаздата, ќе се одмазди.
573,11.18; 48,26; 51,39И ќе се опијат кнезовите негови и мудреците негови, неговите обласни началници и неговите градски управители, и војниците негови, па ќе заспијат со вечен сон и нема да се разбудат, вели Царот, Господ Саваот е името Негово.
5850,15; 51,44; Авак 2,13; Сир 14,19Така вели Господ Саваот: дебелите ѕидови вавилонски ќе бидат разрушени до темели, и неговите високи порти ќе бидат изгорени со оган; па така, залудно се трудеа народите и племињата, зашто ќе завршат в оган!
Порака за Сераја59 28,1; 32,12 Слово што пророк Еремија му го заповеда на Сераја, синот на Нерија, Махсеев син, кога тој појде за Вавилон со Седекија, царот јудејски, во четвртата година од неговото царување; Сераја беше главен коморник.
6036,2Еремија ги запиша во една книга сите зла, што требаше да го снајдат Вавилон, сите тие зборови, што беа напишани против Вавилон.
61И му рече Еремија на Сераја: кога ќе влезеш во Вавилон, тогаш погледај и прочитај ги сите овие зборови,
6250,3; 51,26и кажи: Господи, Ти рече за ова место, дека ќе го уништиш така, што да не остане во него ни човек, ни добиток, туку ќе стане вечна пустина.
63И кога ќе завршиш со читањето на оваа книга, врзи за неа камен, па фрли ја среде Еуфрат,
6450,32; Откр 18,21и кажи: нека потоне Вавилон и да не се опорави од оваа несреќа, која Јас ќе ја испратам врз него, и тие наполно ќе папсаат. Дотука се зборовите на Еремија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.