1 Царства 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Говорот на Самоил пред Израилците

1 8,7.9.22; 10,24; 11,14-15 И Самоил му рече на сиот Израил: „Ете, јас го послушав ва­шиот глас во сѐ што ми рековте, и ви поставив цар,

28,1.5.20и еве, царот оди пред вас: а јас остарев и побелев; и синовите мои се со вас. Јас, пак, одев пред вас од мојата ра­на младост до денес.

32 Мојс 20,17; 4 Мојс 16,15; 35,31-32; 5 Мојс 16,19; Амос 4,1; Дела 20,33Па еве ме, сведочете против мене пред Господ, и пред Неговиот пома­заник: кому сум зел вол, кому сум зел магаре, кого сум измамил и кого сум потискал, од кого сум зел дар и сум ги затворил очите пред делото негово, јас ќе ви го вратам.“

4И одговорија: „Ти не си нѐ измамувал, ниту си нѐ измачувал и од никого ништо не си зел.“

5Дела 24,20И тој им рече: „Сведок против вас е Господ, сведок е и помазаникот Негов во овој ден дека не најдовте ништо против мене.“ И тие одговорија: „Сведок е.“

62 Мојс 6,26Тогаш Самоил му рече на народот: „Сведок е Господ, Кој ги постави Мојсеј и Арон и Кој ги изведе вашите предци од египетската земја.

7Суд 5,11; Ис 1,18; Мих 6,1-5А сега застанете, и јас ќе се судам со вас пред Господ за сите добри дела што Тој ви ги направи вам и на предците ваши.

82 Мојс 1,8-12; 2,23; 3,7-10; 4,14-16; 4,27-30Кога Јаков дојде во Египет, и предците ваши почнаа да повикуваат кон Господ, Господ ги испрати Мојсеј и Арон, и тие ги изведоа предците ваши од Египет и ги населија на ова место.

9Суд 3,12-14; 4,1-2; 10,7; 13,1Но тие Го заборавија Господа, својот Бог, и Тој ги предаде во рацете на Си­сера, асирскиот војвода, и во рацете на Филистејците и во рацете на моавскиот цар, кои војуваа против нив.

10Суд 10,10.15А кога повикаа пак кон Господ и рекоа: ‚Згрешивме што Го оставивме Господа и почнавме да им служиме на Вааловци и на Аштарти, спаси нѐ сега од рацете на непријателите наши, и ние ќе Ти служиме Тебе.‘

11Суд 6–8; 11,1–12,7Тогаш Господ ги испрати Јероваал и Бедан, Ефтај и Самоил и ве спаси од рацете на околните непријатели ваши, и вие живеевте во мир.

128,6.19; 11,1; Суд 8,23Но кога видовте дека амонскиот цар Нахас оди против вас, вие ми рековте: Не, нека владее цар над нас, иако Господ, вашиот Бог, е ваш Цар.

138,5; 10,24; Ос 13,11И така, еве го царот што го из­бравте, кого го сакавте; ете, Господ ви постави цар.

145 Мојс 9,23; 13,5; Ис.Н. 24,14Ако се однесувате со почит кон Господ и Му служите, ако го слушате гласот Негов и не се противите на запо­ведите Господови, вие и царот ваш, кој владее над вас, ќе одите по Господ, ва­шиот Бог, (тогаш раката Господова нема да биде против вас);

155 Мојс 1,26.43; 2,15; 28,15; Ис.Н. 24,20; Суд 2,15ако, пак, не го слушате гласот Гос­подов и почнете да се противите на за­поведите Господови, раката на Господ ќе биде против вас, и против вашиот цар.

162 Мојс 14,13.31А сега станете и погледнете го големото дело, што Господ го изврши пред очите ваши:

177,9-10; 2 Мојс 19,19; Суд 6,36-40нели е сега пченична жетва? Но јас ќе Го повикам Господа, и Тој ќе ис­прати гром и дожд, и вие ќе дознаете и ќе видите, колку е големо злото што го направивте пред очите на Господ, барајќи за себе цар.“

182 Мојс 14,31; Ис.Н. 4,14И Самоил Го повика Господа, и Господ испрати гром и дожд во тој ден; и сиот народ многу се исплаши од Гос­под и од Самоил.

192 Мојс 9,28; Јк 5,15И сиот народ му рече на Самоил: „Помоли се за слугите свои пред Гос­под, твојот Бог, за да не умреме; зашто кон сите гревови наши додадовме уште едно зло, кога баравме за себе цар.“

205 Мојс 4,29–6,5; 11,13; Ер 29,13А Самоил му одговори на народот и рече: „Не плашете се, вие го направивте, вистина, тоа зло, но само не от­стапувајте од Господ, и служете Му на Господ од сѐ срце,

215 Мојс 11,16; Ис 41,29; 44,9-10; Ер 2,11; 16,19; Авак 2,18и не одете по ништожни богови, кои нема да ви донесат корист и нема да ве спасат, бидејќи се бесполезни.

225 Мојс 26,16-19; 27,9-10; Ис.Н. 7,9; 3 Цар 6,13; Ез 20,9.14; 20,44; Пс 78,9; 93,14А Господ нема да го остави народот Свој заради Своето големо име, бидејќи на Господ Му беше мило да ве избере за Свој народ;

232,30; 20,2.9; 1 Мојс 44,7.17; Ис.Н. 24,16; 3 Цар 8,36; Рим 1,9; Кол 1,9; 2 Тим 1,3исто така и јас нема да си дозволам грев пред Господ да престанам да се молам за вас, и ќе ви го покажувам доб­риот и правиот пат.

245 Мојс 10,21; Јоил 2,21; Пс 125,2-3; Проп 12,13Само однесувајте се со страхопочит кон Господ и служете Му вистински од сето свое срце, зашто видовте какви го­леми дела изврши Тој со вас;

251 Мојс 19,15.17; 4 Мојс 16,26; 5 Мојс 30,17-18; Ис.Н. 24,20ако пак правите зло, тогаш и вие и царот ваш ќе загинете.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help