Товит 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Товитовата завршна молитва

1Тогаш Товит, исполнет со радост, напиша молитва со овие зборови: „Благословен е Бог, Кој вечно живее и царството Негово е бла­гос­ло­вено!

24,19; 5 Мојс 32,39; 1 Цар 2,6-7; Мудр 16,13.15Зашто Тој казнува и се смилостивува, испраќа во ад и изведува оттаму; ни­кој не може да избега од Неговата рака.

3Синови Израилеви, прославувајте Го пред незнабошците, зашто Тој нѐ рас­прсна меѓу нив.

412,6; Ис 63,16; 64,7Таму објавувајте го величието Не­го­во, издигнувајќи го над сѐ што живее, зашто Тој е нашиот Господ Бог, Тој е нашиот Татко низ вековите.

55 Мојс 30,3Тој нѐ казнува за нашите лоши дела, но пак ќе се смилува и ќе нѐ собере од сите народи, меѓу кои сме расеани – ка­де и да сме.

64,6; 5 Мојс 30,2; Зах 1,3; Мал 3,7; Јн 3,21Ако се обраќате кон Него со сето срце свое и со сета душа своја, ако ја из­вр­шувате пред Него вистината, Тој ќе се сврти кон вас и нема да го скрие Сво­ето лице од вас.

713,13.17Ќе видите што ќе направи со вас. Прославувајте Го со сите зборови на ва­шата уста, благословувајте Го Гос­по­да на правдата и вознесувајте Го Царот на вековите.

8Јас Го прославувам во земјата на мо­ето прогонство и проповедам за Него­ва­та сила и величина на народ од грешни­ци. Обратете се, грешници, и извршу­вај­те го она што е право пред Него. Кој знае, може ќе погледне и на вас и ќе се смилува на вас!

9Јас Го возвишувам мојот Бог – Не­бесниот Цар, и душата моја, се радува на Неговото величие.

10Ис 52,1; Откр 21,2Сите нека говорат за Него и нека Го прославуваат во Ерусалим. Еруса­ли­ме, граде свет, Тој ќе те казни за делата на твоите синови и пак ќе те помилува за твоите праведници.

1113,7; 1 Тим 1,17Со усрдност прославувај Го Господа и благословувај Го Царот на вековите, та одново со радост да биде издигната Неговата скинија, за да се израдуваат незнабошците во тебе

12и прогонетите да најдат во тебе љу­бов од сите поколенија во сите векови.

1313,9.17; Ис 9,1; 49,6; 60,1-5.14; 65,18; Откр 21,24.26Многу народи ќе дојдат оддалеку кон името на Господ Бог, ќе носат даро­ви на своите раце, дарови за Небескиот Цар; многу поколенија ќе Те прославуваат со радосни воскликнувања.

14Варух 4,31Проколнати да бидат сите што Те мразат, а засекогаш благословени, оние што Те сакаат!

15Радувај се и весели се за Твоите праведни синови, зашто ќе бидат соб­ра­ни и ќе Го благословуваат Господа на праведниците. Блажени се оние што Те сакаат и што му се радуваат на Твојот мир!

16Блажени се оние што се натажени поради Твоите страдања, зашто ќе се за­радуваат кога ќе ја видат Твојата сла­ва и вечно ќе се радуваат. Душата моја да Го благословува Бога – Великиот Цар!

1713,9.13; Ис 54,11-12; Откр 21,18-21Зашто Ерусалим ќе биде изграден од сафир и смарагд и од скапоцени ка­мења, а ѕидините, кулите и тврдините – од чисто злато. Плоштадите негови ќе бидат поплочени со берил, антракс и офирски скапоцени камења.

18Пс 71,18-19По сите негови улици ќе се огласува песната ‚Алилуја‘ и ќе славословат, велејќи: ‚Благословен е Оној Кој го воз­дига Ерусалим за сите векови!‘“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help