1 31,23; Евр 9,13 И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:
23 Мојс 22,19-25; 5 Мојс 21,3; 1 Цар 6,7„Еве ја наредбата на законот, што Господ ја заповеда, кога рече: јави им на синовите израилски да ти доведат црвеникава јуница, здрава, без недостаток, и која не била впрегнувана;
32 Мојс 29,14; 3 Мојс 4,12; Евр 13,11-14дајте ја на свештеникот Елеазар, и да ја изведат надвор од населбата (на чисто место), и да ја заколат пред него.
43 Мојс 4,17И нека земе свештеникот Елеазар од крвта нејзина и нека попрска со нејзината крв седумпати пред скинијата на собранието.
52 Мојс 29,14И потоа да ја изгорат пред очите негови: и кожата нејзина, и месото нејзино, и крвта, а и нечистотиите нејзини – да ги изгорат.
63 Мојс 14,4-6И свештеникот да земе кедрово дрво, и исоп, и нишка од темноцрвена волна и да ги фрли во средината на огнот каде што гори јуницата.
7А свештеникот да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со вода, а потоа да влезе во населбата, и свештеникот ќе биде нечист до вечерта.
8И оној, кој ја изгорел, да ја испере облеката своја со вода, и да го измие телото свое со вода, и да биде нечист до вечерта.
93 Мојс 4,12А некој чист да ја собере пепелта од јуницата и да ја остави надвор од населбата на чисто место, и таа да се чува за општеството на синовите израилски, за приготвување очистителна вода. Тоа е жртва за грев.
103 Мојс 14,46; 15,10И оној, што ја собрал пепелта од јуницата, да ја испере облеката своја, и да биде нечист до вечерта. Тоа нека биде вечно озаконување за синовите на Израил и за придојдените, што живеат меѓу нив.“
Закон за очистувањето11 3 Мојс 8,33; 21,1; Агеј 2,13 „Оној што ќе се допре до мртво тело на кој и да било човек, да биде нечист седум дена:
12тој треба да се очисти со таа вода на третиот ден и на седмиот ден, и ќе биде чист; ако, пак, не се очисти на третиот и на седмиот ден, нема да биде чист.
133 Мојс 15,31; 21,11; Агеј 2,13; Пс 78,1; 2 Лет 36,14Секој, што се допрел до мртво тело на кој и да било умрен човек и не се очистил, ќе ја оскверни скинијата Господова; тој човек да се истреби од народот на Израил, зашто не е попрскан со вода за очистување; тој е нечист: нечистотата негова е сѐ уште на него.
14Еве го законот: ако човек умре дома, тогаш секој, што ќе влезе во домот, и сѐ што е во него, да биде нечисто седум дена;
15секој откриен сад, незаврзан и непокриен, е нечист.
16Секој, што ќе се допре в поле до убиен, или до умрен, или до човечка коска, или до гроб, да биде нечист седум дена.
17За нечистиот да земат пепел од онаа изгорена жртва за грев и да ја полеат со изворска вода во сад.
183 Мојс 14,4-5; 5 Мојс 21,1-9И некој чист нека земе исоп и нека го потопи во вода и да го попрска домот и сите садови и луѓе, што ќе се најдат таму, и оној, што се допрел до (човечка) коска, или до убиен, или до умрен, или до гроб;
191 Мојс 35,2; Ез 36,25; Евр 10,22и чистиот да го попрска нечистиот на третиот и на седмиот ден и во седмиот ден тој ќе се очисти; и да ја испере облеката своја, и да го измие (телото свое со вода), и до вечерта ќе биде чист.
203 Мојс 15,31Ако некој се оскверни и не се очисти, тој човек да се истреби од народот, зашто тој го осквернил светилиштето Господово: тој не е испрскан со вода за очистување: нечист е.
21Тоа нека ви биде вечна наредба. И оној, кој прска со вода за очистување да ја испере облеката своја; и оној кој се допрел до вода за очистување, да биде нечист до вечерта.
223 Мојс 5,2И сѐ, до што ќе се допре нечистиот, да биде нечисто; и човек кој се допрел, ќе биде нечист до вечерта.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.