Судии 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Објавување на Самсоновото раѓање

1 3,7 Израилевите синови пак правеа зло пред Господ, и Господ ги предаде во рацете на Филистејците за време од четириесет години.

21 Мојс 11,30; 18,11; 1 Цар 1,2; Лк 1,7Во тоа време имаше еден човек од Цора, од Дановото племе, по име Ма­ној; жена му беше неплодна и немаше деца.

31 Мојс 16,7; 18,10; Лк 1,13И ангел Господов ѝ се јави на же­ната и ѝ рече: „Ете, ти си неплодна и немаш деца; но ќе зачнеш и ќе родиш син;

43 Мојс 10,9; Лк 1,15затоа пази се, не пиј вино и друг алкохолен пијалак и не јади ништо нечисто;

54 Мојс 6,2; 1 Цар 1,11; Амос 2,11-12зашто, ете, ќе зачнеш и ќе родиш син, и брич нема да ја допре главата негова, зашто од самата мајчина утроба тоа младенче ќе биде назир Божји, и ќе почне да го спасува Израил од рацете на Филистејците.“

6Жената дојде и му кажа на мажот свој, велејќи: „Човек Божји дојде кај мене, и лицето му беше како лице на ангел Божји, многу страшно; јас не го прашав од каде е, и тој не ми го кажа името свое;

73 Мојс 10,9; Ер 35,6тој ми рече: ‚ете, ќе зачнеш и ќе родиш син; затоа не пиј вино и друг алкохолен пијалак и не јади ништо не­чисто, бидејќи детето од самата мајчина утроба па до смртта своја ќе биде посветено на Бога.‘“

8И Маној Му се помоли на Господ и рече: „Господи! Нека дојде пак кај нас човекот Божји што си го испратил, и нека нѐ научи како да постапиме со детето што ќе се роди.“

9Бог ја слушна молитвата на Маној, и ангелот Божји пак дојде кај жената, кога таа беше во полето, а Маној, ма­жот нејзин, не беше со неа.

10Жената во тој момент потрча и му јави на мажот свој и му рече: „Ете, ми се јави човекот, кој порано дојде кај мене.“

11Маној стана и тргна со жена си, и дојде кај оној човек и му рече: „Ти ли си човекот што говорел со оваа жена?“ И ангелот рече: „Јас.“

12И рече Маној: „И така, нека се ис­полни зборот твој, но како да постапуваме со тоа дете, и што да правиме со него?“

13Ангелот Господов му кажа на Ма­ној: „Нека се чува тој од сѐ она, за кое ѝ говорев на жената;

14нека не јаде ништо од она што лозата го раѓа; нека не пие вино и друг алкохолен пијалак, да не јаде ништо нечисто и да внимава на сѐ што ѝ заповедав.“

156,19А Маној му рече на ангелот Гос­подов: „Дозволи ми да те задржам, до­дека да зготвиме јаре.“

16Ангелот Господов му рече на Маној: „И да ме задржиш, јас нема да јадам твој леб; ако, пак, сакаш да Му принесеш жртва на Господ, принеси Му.“ Маној не знаеше дека е тоа ангел Господов.

171 Мојс 32,18; 2 Мојс 3,12-15; Откр 19,12-13Маној пак го праша ангелот Гос­подов: „Како ти е името, за да те прос­лавам, кога ќе се исполни зборот твој.“

18Ангелот Господов му одговори: „Зошто прашуваш за името мое? Тоа е чудно.“

196,20И го зеде Маној јарето и лебниот принос и Му ги принесе на Господ врз камен. И Тој изврши чудо, кое го видоа Маној и неговата жена.

20Кога почна пламенот да се издига од жртвеникот кон небото, ангелот Господов се издигна во жртвениот пламен. Откако го видоа тоа, Маној и жената негова паднаа ничкум на земјата.

21И ангелот Господов стана невидлив за Маној и жената негова. Тогаш Маној дозна дека тоа беше ангел Господов.

226,22; 2 Мојс 3,6; 5 Мојс 5,26И ѝ рече Маној на жената своја: „Бездруго ќе умреме, бидејќи Го видов­ме Бога.“

236,22-23; 1 Мојс 32,29; 2 Мојс 33,20; 5 Мојс 5,24-26Жената му рече: „Ако Господ сака­ше да нѐ умртви, не би примил од рацете наши жртва сепаленица и лебен принос, и не би ни го покажал сето она, а сега не би ни го открил ова.“

241 Цар 2,21.26; 3,19; Лк 1,80; Евр 11,32И жената роди син и го нарече со името Самсон. И детето растеше, и Господ го благословуваше.

2518,12И Духот Господов почна да дејствува во него во Дановиот логор, меѓу Цора и Ештаол.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help