Броеви 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Сребрените труби

1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

2Ер 4,5; Ос 5,8; Јоил 2,1; 1 Кор 15,52; 1 Сол 4,16„Направи си две сребрени труби, ковани направи ги, за да ти служат да го собираш народот и да ги креваш логорите.

3А кога ќе затрубат со нив, да се со­бере кај тебе целото општество пред влезот од скинијата на собранието.

41,16; 2 Мојс 18,21Кога ќе се затруби со едната труба, да дојдат кај тебе кнезовите и војводите израилски.

5Кога ќе затрубите за поаѓање, да се кренат оние логори, што се сместени кон исток.

6Кога ќе затрубите по вторпат за поаѓање, тогаш да се кренат логорите, што се сместени кон југ; (штом ќе за­трубите по третпат за поаѓање, нека се кренат логорите што се поставени кон морето; кога по четврти пат ќе дадете знак, да се кренат логорите, што се поставени кон север) вака да се труби кога се тргнува на пат.

7Ер 4,5; 6,1; Ез 33,3; 1 Кор 14,8Кога, пак, се свикува собранието, трубете, но не на тој начин.

81 Мојс 9,12Со трубите да трубат Ароновите синови, свештениците: тоа да ви биде вечен закон во родовите ваши.

91 Мојс 8,1; 2 Мојс 3,9; 1 Цар 10,18; Суд 2,18; Пс 105,4; 2 Лет 13,12; 1 Кор 15,52; Откр 8,6-13И кога ќе се кренете да ја браните земјата ваша од непријателот, кој оди против вас, трубете со трубите, и Гос­под, Бог ваш, ќе си спомни за вас, и вие ќе се избавите од непријателите ваши.

103 Мојс 23,24; 1 Цар 20,5.24; 4 Цар 4,23; Ис 1,13; Ез 45,17; Амос 8,5; 2 Лет 8,13; 29,27-28И во деновите кога ќе се веселите, и на празниците ваши, и на новоме­сечијата ваши трубете со труби кога принесувате сепаленица, или жртва за мир; тоа ќе биде за вас сеќавање пред вашиот Бог: Јас сум Господ, Бог ваш.“

Од Синај до границите на МоавИзраилците поаѓаат на пат

11 2 Мојс 38,21; 40,17 На втората година, во вториот ме­сец, на дваесеттиот ден од месецот, облакот се крена од скинијата на собранието.

121 Мојс 14,6Тогаш синовите израилски појдоа од Синајската Пустина табор по табор, и облакот застана во пустината Фаран.

135 Мојс 1,6И се кренаа тие за првпат, по запо­вед на Господ, дадена преку Мојсеј.

14Прво беше кренато знамето, што беше во логорот на потомците Јудини, според полковите нивни; со војската Јудина раководеше Наасон, Аминадаво­виот син;

15со војската од племето на потомците Исахарови раководеше Натанаил, Цуаровиот син;

16над војската од племето на потомците Завулонови беше Елијав, Хелоно­виот син.

17И се кренаа синовите Гирсонови и синовите Мерариеви, кои ја носеа ски­нијата.

18Потоа беше кренато знамето во логорот на потомците Рувимови според полковите нивни; и над војската Руви­мова беше Елицур, Шедеуровиот син;

19а над војската од племето на потомците Симеонови беше Шелумиел, Цу­ришадаевиот син;

20над војската, пак, од племето на потомците Гадови беше Елијасаф, Де­уелов син.

21Потоа тргнаа Каатовците, носејќи го светилиштето; а скинијата ја поста­вуваа пред тие да пристигнат.

22И се крена знамето во логорот на потомците Ефремови со војската негова; и над војската Ефремова беше Ели­шама, Амиудовиот син;

23а над војската од племето на потомците Манасиеви беше Гамалиил, Педа­цуровиот син;

24над војската пак, од племето на по­томците Венијаминови беше Авидан, Гидониевиот син.

25Последно меѓу сите логори беше кренато знамето во таборот на потомците Данови со војската нивна; и над војската Данова беше Ахиезер, Амиша­даевиот син;

26а над војската од племето на потомците Асирови беше Пагиил, Охрано­виот син.

27Над војската пак, од племето на по­томците Нефталимови беше Ахира, Енановиот син.

28Тоа е редоследот на тргнувањето на синовите израилски со војските нивни. И тргнаа.

Мојсеј бара предводник за патувањето

29 1 Мојс 12,2.7; 15,14; 2 Мојс 2,15-22; 3,1; Суд 4,11 И му рече Мојсеј на Ховав, синот на Рагуил, Мидјанецот, Мојсеевиот тест: „Ние одиме во она место, за кое Господ рече: ‚вам ќе ви го дадам.‘ Дојди со нас, ќе ти направиме добро, зашто Господ вети многу добрини за Израил.“

302 Мојс 18,27; Мт 21,29Но тој му одговори: „Нема да дојдам; ќе отидам во својата земја, при родот свој.“

31Јов 29,15А Мојсеј му рече: „Не оставај нѐ, зашто ти ги знаеш местата во пустината, и ќе ни бидеш како предводник.

325 Мојс 10,18; Пс 21,26-30Ако појдеш со нас, оние добра, што Господ нам ќе ни ги направи, ќе ти ги направиме и ние тебе.“

335 Мојс 1,33; 10,8; Ис.Н. 3,3; Суд 20,27; 2 Цар 15,24И изминаа од планината Господова три дена пат, а ковчегот на заветот Господов одеше пред нив на три дена пат, за да им одбере место, каде да се сместат.

342 Мојс 40,34-38; 5 Мојс 1,33И облакот Господов ги осенуваше дење, кога тргнуваа од логорот.

355 Мојс 5,9; 7,10; Суд 5,31; 1 Цар 2,1; Ис 17,12-14; 59,18; Пс 16,13; 68,2; 2 Лет 6,41Кога ковчегот се креваше за пат, Мојсеј велеше: „Стани, Господи, и ќе ги снема Твоите непријатели, и ќе избегаат од Твоето лице оние, што Те мразат!“

361 Мојс 15,5; 26,4; 5 Мојс 1,10; Неем 9,23А кога ковчегот се запираше, тој велеше: „Врати се, Господи, кај илјадите и десетиците илјади Израилци!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help