1 Ездра 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ездрините придружници

1Еве ги старешините на домовите и родословијата на оние, кои со мене тргнаа на пат од Вавилон, во времето на царувањето на царот Артаксеркс:

2од потомците на Финес – Гершом; од потомците на Итамар – Даниил; од потомците на Давид – Хатуш;

32,3; 1 Лет 3,22еден од синовите на Шеканија; од потомците на Парош – Захарија, со кого беа запишани сто и педесет мажи.

42,6Од потомците на Пахат-Моав – Елјехоенај, син на Зерахија, и со него двесте мажи.

5Од потомците на Зату – Шеканија, син на Јахазиел, и со него триста мажи.

62,15; Неем 7,20Од потомците на Адин – Евед, син на Јонатан, и со него педесет мажи.

7Од потомците на Елам – Исаија, синот на Готолија, и со него седумдесет мажи.

8Од потомците на Сафатија – Зевадија, синот на Михаил, и со него осумдесет мажи.

9Од потомците на Јоав – Авдија, си­нот на Јехиил, и со него двесте и осум­десет мажи.

10Од потомците на Бани – Шеломит, синот на Јосифија, и со него сто и шее­сет мажи.

11Од потомците на Бевај – Захарија, синот на Бевај, и со него дваесет и осум мажи.

12Од потомците на Азгад – Јоханан, син на Хакатан, и со него сто и десет мажи.

132,13Од потомците на Адоникам, кои тргнаа подоцна, ова се нивните имиња: Елифелет, Јеиел, и Шемаја, и со нив шеесет мажи.

14Од потомците на Бигвај – Утај и Захур, и со нив седумдесет мажи.

Подготовки за враќање во Ерусалим

15 2,40 Ги собрав кај реката, која тече низ Ахава, и таму престојувавме три дена, и, откако го прегледав народот и свеш­тениците, открив дека нема ниеден од потомците на Левиј.

16Тогаш испратив да го повикаат Елиезер, Ариил, Шемаја, Елнатан, Јарив, Елнатан, Натан, Захарија и Мешулам – старешини, и Јојарив и Ел­натан – познавачи на законот;

17и им дадов порака за Идо, начал­никот на местото Касифија, и ги поучив како да му зборуваат на Идо и на него­вите соработници, храмови прислуж­ници од Касифија за да ни доведат слу­жители за домот на нашиот Бог.

187,6И бидејќи благодатната рака на на­шиот Бог беше над нас, тие ни доведоа еден разумен човек, од потомците на Махлиј, син Левиев, син Израилев, Шеревија со синовите негови и браќата негови – осумнаесет души;

19и Хашавија и со него Исаија од по­томците Мерариеви, неговите браќа и нивните синови – дваесет;

201 Лет 9,2и од слугите на храмот што ги определија Давид и неговите началници за прислуга на левитите, двесте и дваесет прислужници; сите тие беа спомнати по име.

21Пс 5,7; 26,11; 106,7Тогаш објавив таму пост при реката во Ахава за да се смириме пред лицето на нашиот Бог и да измолиме од Не­го успешен пат за себе, за децата свои и за целиот имот,

225 Мојс 31,17; Неем 2,9бидејќи ми беше срам да барам од царот војска и коњаници да нѐ чуваат од непријателите по патот, зашто ние, кога зборувавме со царот, рековме: „Раката на нашиот Бог е благодатна за сите, а силата Негова и Неговиот гнев стои над сите што Го оставаат!“

232 Лет 20,3; Дела 14,23И така, ние постевме и Го молевме нашиот Бог за тоа, и Тој нѐ послуша.

24Тогаш одвоив дванаесетмина од главните свештеници: Шеревија и Ха­шавија, и со нив уште десетмина;

25и им го предадов со мера среброто и златото и садовите, – сѐ што беше жрт­вувано за домот на нашиот Бог, она што го жртвуваа царот, советниците негови, кнезовите негови и Израилци, што беа таму.

26И им предадов во рацете нивни со мерка: сребро – шестотини и педесет кикари, и сребрени садови – за сто ки­кари, злато – сто кикари,

27златни чаши – дваесет, кои чинеа илјада даријки, и два сада од најдобар, блескав бакар, ценет како злато.

283 Мојс 21,6И им реков: „Вие сте Му свети на Господ, и садовите се свети, и среброто и златото – доброволен прилог на Гос­под, Бог на вашите предци.

29Бидете будни и чувајте го тоа, додека да го предадете со мерка на начал­ниците над свештениците, левитите и старешините Израилеви во Ерусалим, во одаите на домот Господов.“

305,5Свештениците и левитите го при­ми­ја измереното сребро, злато и садови за да ги однесат во Ерусалим, во домот на нашиот Бог.

Патувањето и пристигнувањето во Ерусалим

31Тогаш тргнавме од реката во Ахава на дванаесеттиот ден од првиот месец за да одиме во Ерусалим; и раката на нашиот Бог беше над нас и нѐ чуваше од непријателска рака и од оние што ни правеа заседи по патот.

32И стигнавме во Ерусалим, каде што престојувавме три дни.

33Неем 3,4.21На четвртиот ден го предадовме со мера среброто, златото и садовите во домот на нашиот Бог во рацете на свештеникот Меремот, синот Уриев, на Елеазар, синот на Финес, со кои беа левитите Јозавад, синот на Јешуа, и Ноадија, синот на Бинуј.

34Сѐ беше изброено и измерено, а те­жината на сѐ што беше измерено, беше забележана во истиот момент.

353 Мојс 1,3; 2 Лет 29,21.24Дојдените преселеници од пленство Му принесоа на Бог Израилев дванаесет телиња за сиот Израил, деведесет и шест овни и – седумдесет и седум јагниња како сепаленици и дванаесет јарци како жртва за грев: сето тоа за сепаленици на Господ.

367,21-24; Ест 9,3; Неем 2,7И ги предадоа царските заповеди на царските сатрапи и на задречните упра­вители, и тие го почитуваа народот и домот Божји.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help