1 2 Мојс 6,28–11,10; 20,1-21 А тој човек беше Мојсеј, сакан од Бога и од луѓето, чиј спомен е благословен;
2по слава со ангелите го израмни, го направи со дела силен за страв на непријателите.
32 Мојс 7–10; 24,12; 32,15-16; 33,20По неговиот збор чуда стануваа, пред лицето на цареви Тој го прославувал, преку него на народот заповеди му дал и славата Своја му ја покажал;
41,27; 5 Мојс 12,3.7; Евр 3,2.5за неговата верност и кротост го освети меѓу сите луѓе за Себе го избра;
517,11; 2 Мојс 19,19; 20,21; 24,18; 30,3-11; 5 Мојс 30,16; 32,47Го удостои гласот Негов да го слуша; во магла го воведе
62 Мојс 28,1-43; 3 Мојс 8,1-36; 4 Мојс 16,1-35и лице в лице му ги даде заповедите, законот на животот и знаењето, за да го научи Јакова на Заветот и Израил на Неговите заповеди.
Арон7 2 Мојс 29,9; 4 Мојс 25,13 Тој го возвиши Арон, по светост сличен на неговиот брат Мојсеј, од коленото Левиево;
82 Мојс 28,6-12; 28,31-35.42со него вечен завет склучи и му даде на народот свештенство; со особен благослов го украси, со појас на слава го препаша;
92 Мојс 28,33-35го облече во прекрасна облека, го украси со ретки украси;
102 Мојс 28,2-5; 28,15-30во долна облека, во хитон и ефод.
11Го опкружи со многу златни калинки и со многу ѕвончиња, кога оди милозвучно да ѕвонат, така што ѕвонењето да се слуша во Светилиштето како опомена на синовите од Неговиот народ.
122 Мојс 28,36-38Го облече во света облека од злато, пурпурна волна и од препреден висон, дело на вешти мајстори, целата извезена и градник – со Урим и Тумим,
132 Мојс 29,29со црвена ткаенина – дело на вешт мајстор, со скапоцени камења, изрезани како печат, во златен опков, работа на каменорезец, изрезани за спомен на имињата според бројот на Израилевите племиња.
142 Мојс 29,38-42; 4 Мојс 28,3-8На неговиот кидар – златен венец, знак на светињата, слава на достоинството, украс прекрасен, дело на вешти мајстори, радост за очите.
152 Мојс 28,41; 29,4-9; 3 Мојс 8,1-13; 4 Мојс 6,24-26; Пс 88,29Пред него немал такви никогаш никој;
163 Мојс 2,2.9.16; 16,1-34кој не припаѓал на неговото племе, не се облекувал така, туку така се облекувале само синовите негови и потомците негови засекогаш.
173 Мојс 10,11; 5 Мојс 33,10; Ос 4,6; Мал 2,7Тие принесуваа жртви, секој ден спалувани, секој ден по двапати.
18Мојсеј му ја дал свештеничката власт во неговите раце и го помазал со свето масло;
19тоа е вечниот завет сѐ додека стојат небесата, да Му служат на Бога заедно и свештеник Негов да биде, да го благословува народот во името на Господа.
203 Мојс 24,5-9; 4 Мојс 18,12-13Него Господ го избра меѓу сите живи, за да Му принесува жртви, кадиво и пријатни мириси, за спомен и за очистување на Неговиот народ.
213 Мојс 6,10-12; 4 Мојс 18,8-19Тој му ги даде заповедите и судската власт, Јакова – да го учи на открове-нијата и Израил – на Неговиот закон.
224 Мојс 18,20; 5 Мојс 18,1-2; Ис.Н. 13,14; Пс 15,5Против него се подигнаа туѓинци, и му позавидоа, кога беа во пустината, луѓето коишто кон Датан и Авирам се придружија како и збирштината на Кореј – во жестокост и гнев.
234 Мојс 25,7-13
1 Мак 2,26Господ го виде тоа и се разгневи, и тие изгинаа од силата на Неговиот гнев;241 Мак 2,54над нив Тој чудо направи, ги изгоре со пламенот на огнот Свој.
252 Цар 23,5; Пс 88,3-4Така ја зголеми славата Аронова, му ги даде во наследство негово – му ги додели првините од плодовите,
26пред сѐ, во изобилство леб за храна им даде, зашто тие јадат од жртвите на Господа, а ова му го дозволи само на него и на потомството негово.
27Но не му даде да има наследство од земјата на народот; не му даде дел меѓу народот, зашто Тој Самиот е негов дел и Негово наследство.
Финес28Исто така и Финес, Елеазаровиот син, трет е по слава, зашто ревносен бил во страхопочитта кон Господа; кога народот отпаднал, тој постојанен бил и со душа смел, стоел со чиста душа, Го умилостивил Господа спрема Израил.
29Затоа со него бил направен завет за мир – да биде раководител на светилиштето и на својот народ, но на него и на потомството да му остане достоинството свештеничко за сите времиња.
30Како што според заветот со Давид, синот на Јесеј од коленото Јудино, царското достоинство преминувало од татко на син, така и наследството на свештенството му припаѓало на Арон и на потомството негово.
31Господ да ви даде мудрост во нашите срца, справедливо на народот да му судиме, за да не се загуби богатството негово и славата негова да остане на неговите потомци.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.