Евреите 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Силата на верата

1 3,14; Рим 8,24-25; 2 Кор 4,18; 5,7 А верата е подлога за увереноста во она на кое се надеваме – убеденост во она што не се гледа.

211,39Преку неа постарите добија све­доштво.

31,2; 1 Мојс 1; Пс 32,6.9; Јн 1,3; Рим 1,20; 2 Птр 3,5Преку верата разбираме дека ве­ко­вите се создадени со Божји збор и дека од невидливото произлегло видливото.

412,24; 1 Мојс 4,4.10; Јов 16,18; Мт 23,35Со вера Авел Му принесе на Бога подобра жртва, од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите да­рови; преку неа, иако мртов, тој уште зборува.

51 Мојс 5,24; Мудр 4,10; Сир 44,16Преку вера Енох беше преселен за да не види смрт; и не се најде, бидејќи Бог го пресели. Зашто пред преселувањето тој доби сведоштво дека Му уго­дил на Бога.

610,35; 2 Мојс 3,14; Ер 29,12-14; Мудр 13,1А без вера не е можно да Му се уго­ди на Бога; бидејќи оние кои доаѓаат кај Бога, треба да веруваат дека Тој постои и дека ги наградува оние што Го бараат.

71 Мојс 6,8-9; 6,13–7,1; Рим 3,22; 4,13; 1 Птр 3,20Преку вера Ное, откако беше пре­дупреден за она што уште не се гле­даше, со послушност го направи ков­чегот за да го спаси својот дом. Со тоа тој го осуди светот и стана наследник на праведноста по вера.

81 Мојс 12,1-4.7Со вера Авраам, кога беше повикан, послуша да појде во местото што требаше да го добие во наследство, и тргна, не знаејќи каде оди.

91 Мојс 23,4; 18,1.9; 26,3; 35,12.27Со вера се всели Авраам во ветената земја како туѓинец и живееше под ша­тори со Исак и Јаков, наследници на истото ветување;

1011,16; 12,22; 13,14; Откр 21,2.14.19зашто тој го очекуваше оној град што има основи, чиј градител и творец е Бог.

111 Мојс 17,19; 21,2; Рим 4,19-20; 1 Кор 10,13Преку вера и самата Сара – иако бе­ше неплодна, доби сила да зачне и, пок­рај возраста нејзина, роди, зашто Го сметаше за верен Оној Кој беше ветил.

121 Мојс 15,5; 22,17; 2 Мојс 32,13; Ис 51,2И така од еден, и тоа остарен, се ро­дија толку многу, колку што се ѕвездите на небото, и колку што е безбројниот песок на морскиот брег.

131 Мојс 23,4; 3 Мојс 25,23; Пс 38,12; 118,19; 1 Лет 29,15; Мт 13,17; Јн 8,56; Фил 3,20; 1 Птр 1,17; 2,11Сите тие умреа со вера, не добивај­ќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и ги поздравија, признавајќи дека се гости и придојдени.

14Бидејќи оние што така зборуваат покажуваат дека бараат татковина.

151 Мојс 24,6-8И ако ја беа имале на ум онаа тат­ковина, од која беа излегле, ќе имаа прилика да се вратат.

1611,10; 2 Мојс 3,6.15; Мк 8,38; Јн 14,2; Ефес 2,19Но тие сакаа подобра, односно небесна татковина; затоа и Бог не се срами да се нарече нивен Бог; бидејќи им има приготвено град.

171 Мојс 22,1-14; 1 Мак 2,52; Сир 44,20; Јк 2,21Авраам со вера го принесе како жртва Исака, кога беше искушуван; и тој, што го доби ветувањето, го принесе својот единствен син,

181 Мојс 21,12; Рим 9,7за кого му беше речено: „Потом­ството од Исак ќе се нарече со твое име“;

19Јн 5,21; Рим 4,17зашто тој сметаше дека е Бог силен и дека и мртви може да воскреснува и така да речам, го прими Исак воскреснат.

201 Мојс 27,27-29; 27,39-40Со вера Исак го благослови Јаков и Исав за иднината.

211 Мојс 47,31; 48,15Со вера Јаков на умирање го бла­гослови секого од синовите на Јосиф и „им се поклони, потпирајќи се на врвот од жезолот свој.“

221 Мојс 50,24-25Со вера Јосиф на умирање спомна за излегувањето на синовите Израилеви од Египет и им даде упатства за коските свои.

232 Мојс 1,16.22; 2,2Со вера Мојсеј, откако се роди, три месеци беше криен од родителите свои, зашто видоа дека детето е убаво, и не се уплашија од царската заповед.

242 Мојс 2,10-11Со вера Мојсеј, кога порасна, се откажа да се нарече син на фараоновата ќерка

25и повеќе сакаше да страда заедно со народот Божји, отколку да ужива во минливите гревовни наслади.

2613,13; Пс 68,9; 88,52Страдањето заради Христос го сметаше за поголемо богатство, откол­ку ризниците на Египет; зашто предвид ја имаше наградата.

272 Мојс 12,50-51; 4 Мојс 12,8; 1 Тим 1,17Со вера тој го напушти Египет не плашејќи се од царскиот гнев, зашто веруваше во Оној Кој не се гледаше, како да Го гледа.

282 Мојс 12; Мудр 18,25; 1 Кор 10,10Со вера тој направи Пасха и по­прс­кување со крв, та истребувачот на првородените да не се допре до нив.

292 Мојс 14,22.27Со вера поминаа преку Црвеното Море како по суво, коешто се обидоа и Египќаните да го преминат, но се изда­вија.

30Ис.Н. 6,13-19Преку вера паднаа ѕидовите на Ери­хон, откако беа обиколувани цели седум дена.

31Ис.Н. 2,1; 6,17.23; Јк 2,25Со вера блудницата Раав не загина заедно со неверниците откако благонак­лоно ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат.

32Суд 4–5; 6–8; 11–12; 13–16; 1 Цар 3,20; 16,13И што уште да кажам? Зашто не ќе имам доволно време да кажувам за Ге­деон, Варак, Самсон и Јефтај, за Давид и Самоил и другите пророци,

336,15; Суд 4,15-16; 7,22; 11,32-33; 14,5-6; 1 Цар 17,34-37; 2 Цар 8,1-3.15; Дан 6,22кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, затворија усти на лавови;

34Суд 16,28; 1 Цар 17,49-52; 30,6; Дан 3,23-25угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски;

353 Цар 17,23; 4 Цар 4,36; 2 Мак 6,18–7,42жени примија свои умрени воскреснати; други, пак, беа мачени и не при­фа­тија ослободени, за да добијат подоб­ро воскресение;

36Ер 20; 37,10–38,28; 2 Лет 36,16а други поднесоа подигрување и камшикување, па дури и окови и зат­вор;

3713,3; 3 Цар 2,26; 19,10; 4 Цар 1,8; Ер 26,23; 2 Лет 24,21со камења беа убивани, со пила се­чени, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам –

381 Цар 23,14.24; 24,1.4.23; 25,2; 26,1; 3 Цар 18,4; 19,4.9тие, за кои светот беше недостоен – скитаа по пустини, по ридови, по пеш­тери и јами во земјата.

3911,2.4.13И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното,

4012,23; 1 Птр 1,10-12зашто Бог предвиде нешто подобро, та тие без нас да не примат совршен­ство.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help