1Преминаа отаде море, во Гадаринската земја.
2 ми е името, зашто сме многу.“
10И многу Го молеа да не ги брка од тој крај.
11А таму, по ридот, пасеше големо крдо свињи.
12И Го молеа сите демони и велеа: „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“
13И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурна крдото по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.
14А оние, што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по селата. И излегоа луѓето да видат што станало.
15Лк 8,35И дојдоа кај Исус, и го видоа бесомачниот во кого имаше легија, како седи облечен и со здрав ум; и се уплашија.
16А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со бесомачниот и со свињите.
17Дела 16,39И почнаа да Го молат да си оди од нивните краишта.
183,14А кога влезе во коработ, оној, што беше бесомачен, Го помоли да биде со Него.
191,34; 8,26; Пс 65,16; Лк 8,39Исус не му дозволи, но му рече: „Оди дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те помилува.“
20Мт 3,1; 4,25Си отиде, и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус. И сите се чудеа.
Исцелувањето на болна жена и оживувањето на Јаировата ќерка(Мт 9,18-26; Лк 8,40-56)21 2,13 А кога премина Исус со коработ пак на другата страна, кај Него се собра многу народ. И беше покрај морето.
22И ете, дојде еден од старешините на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред нозете Негови
23Мт 9,18; Лк 4,40; Дела 9,12.17; 28,8и усрдно Го молеше многу, говорејќи: „Ќерка ми е на умирање; дојди и положи ги рацете над неа, за да оздрави и биде жива!“
24И појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа.
253 Мојс 15,25Една жена, што боледуваше од крвотечение дванаесет години,
26и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и без никаква полза, а ѝ станало дури уште полошо,
276,56; Мт 14,36; Дела 5,15
3 Мојс 15,27штом чу за Исус, дојде меѓу народот одзади и се допре до облеката Негова;28зашто си велеше: „Само ако се допрам до облеките Негови, ќе оздравам.“
29Дела 19,12И веднаш престана крвотечението, и таа осети во телото свое дека е излекувана од болеста.
30Лк 5,17; 6,19А Исус одеднаш почувствува во Себе како излезе сила од Него и се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до облеката моја?“
31Учениците Негови Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“
32Но Тој гледаше наоколу, за да ја види онаа, што го направи тоа.
33Жената, пак, се уплаши и трепереше; па, знаејќи што стана со неа, пријде, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина.
3410,52; 1 Цар 1,17; 2 Цар 15,9; Лк 7,50; Јк 2,16А Тој ѝ рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!“
35Јн 11,21.32Додека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај старешината на синагогата и рекоа: „Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот!“
36Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече на старешината на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“
379,2; 14,33; Мт 17,1И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петар, на Јаков, и на Јован, братот на Јаков.
38Дојде во куќата на старешината на синагогата и виде врева, плачење и силно врискање.
39Дела 20,10; 1 Кор 11,30; 15,6И кога влезе, им рече: „Што сте се развикале и расплакале? Девојчето не е умрено, туку спие!“
40А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, откако ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девојчето.
419,27; Дела 9,40И кога ја фати раката на девојчето, рече: „Талита, куми!“ – што значи: „Девојко, тебе ти велам, стани!“
42И девојката одеднаш стана и почна да оди. А имаше дванаесет години. И сите се зачудија многу.
431,34; 7,36; 9,9; Мт 8,4; Лк 9,21 А Тој строго им заповеда, никој да не разбере за тоа и рече: „Дајте ѝ да јаде!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.