Исход 15 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Песната на Мојсеј и синовите израилеви

1 14,27; 4 Мојс 21,17; Суд 5,1; 2 Цар 22,1; Ер 51,21; Пс 58,15; 105,2.12.43; Мудр 10,20-21; Откр 15,3 Тогаш, Мојсеј и синовите израилеви ја запеаја оваа песна на Господ, велејќи: „Да Го воспеам Гос­пода, зашто славно се прослави: коњот и коњаникот негов ги фрли в море.

22 Цар 22,47; Ис 12,2; 25,1; Ер 17,14; Јона 2,10; Авак 3,18; Пс 17,2; 26,1; 98,5; 117,14Господ е моја сила и моја слава; Тој е спасение мое; Тој е Бог мој, и ќе Го прославувам; Бог на таткото мој, и ќе Го превознесувам.

33,14; Откр 19,11Господ е воин; Јахве е името Негово.

414,6-7Колите фараонови и војската негова ги фрли в море; избраните војводи не­гови се удавија во Црвено Море.

514,28; 15,10; Неем 9,11Бездните ги покрија; тие потонаа во длабочините, како камења.

64 Мојс 24,8; Пс 88,13; 97,1; 137,7; Јов 40,12Десницата Твоја, Господи, се прослави со сила; десната рака Твоја, Господи, го уништи непријателот.

75 Мојс 9,3; Пс 2,5; 77,49-50; Авд 1,18; Евр 12,29И со величието на славата Твоја Ти ги собори оние, кои станаа против Тебе; Ти го излеа гневот Свој, и тој ги изгоре како слама.

814,21; Ис.Н. 3,13; Пс 17,15Од здивот на ноздрите Твои водите се расцепија, брановите се издигнаа како ѕид; бездните морски станаа тврди.

914,5-9; Ис 9,5; Лк 11,22Непријателот рече: ‚Ќе гонам, ќе стигнам, плен ќе разделам, ќе се насити со нив душата Моја, ќе го извадам мечот Свој, ќе ги уништи раката Моја.‘

10Ис 11,4; 40,7; Јов 4,9; Неем 9,11Ти дувна со здивот Твој, и морето ги покри; и тие потонаа како олово во силните води.

111 Цар 2,2; Ис 40,5; 46,5; Пс; 76,14Кој е како Тебе меѓу боговите, Гос­поди? Кој е како Тебе прославен во светоста Своја, прекрасен во славата Своја и Творец на чуда?

124 Мојс 16,32; 26,10; 5 Мојс 11,6; Пс 105,17Ти ја пружи десницата Своја и земјата ги голтна.

136,6-8; 15,17; Ис 41,14; 43,14; Пс 67,16; 76,20; 77,54; Тит 2,14Според милоста Твоја го водиш овој народ, кого Ти го избави, и го спроведуваш со силата Своја во живеалиштето на Светоста Твоја.

145 Мојс 2,25; Ис.Н. 2,9; 5,1; Ис 13,8; Ез 38,20; Пс 47,4-6Народите слушнаа и затоа трепе­рат: ужас ги опфати жителите на земјата филистејска.

154 Мојс 22,3; 5 Мојс 2,4Тогаш се збунија поглаварите едомски, страв и трепет ги обзеде кнезовите моавски, се уплашија сите жители ханански.

161 Мојс 35,5; 5 Мојс 2,4; 1 Цар 25,37Нека ги опфати страв и ужас; од силата на раката Твоја нека онемеат како камен, додека не помине народот Твој, Господи, додека не помине овој народ што си го придобил.

172 Цар 7,10; Амос 9,15; Јоил 2,1; Пс 77,54; 113,2; 131,13-14; Дан 9,16Одведи го и смести го во планината на Твоето наследство, во место, кое Ти Господи, си го приготвил за живеа­лиште Свое, во светилиштето создадено со рацете Твои, Господи!

18Пс 9,7; 28,10; 94,3; 96,1-6; 98,1-3; 144,13; Плач 5,19Господ ќе царува секогаш и во вечност.

1914,22.28Кога коњите фараонови со колите негови и со коњаниците негови влегоа во морето, Господ ги поврати врз нив водите морски: а синовите на Израил поминаа по суво среде море.“

202,4; 1 Мојс 31,27; 4 Мојс 12,1; 20,1; 26,59; Суд 11,34;; 1 Цар 18,6; 2 Цар 6,5.14.16; Ер 31,5.13; Пс; 149,3; 150,3-5; Песна 7,1И пророчицата Мирјам, сестрата Аронова, зеде тимпан во раката своја, а по неа излегоа сите жени со тимпани и со игра.

2115,1; 1 Цар 18,7И запеа Мирјам пред нив: „Пејте Му на Господ, зашто славно се прос­лави: коњот и коњаникот в море ги фрли.“

Патувањето на израилскиот народ низ пустинатаГорчливата вода

22 17,1.3; 4 Мојс 20,2.5; 33,14 Потоа ги поведе Мојсеј синовите израилски од Црвеното Море, и тие навлегоа во пустината Сур; и одејќи низ пустината три дена, не најдоа вода за пиење.

234 Мојс 33,8; Рута 1,20Дојдоа во Мара, но не можеа да пијат вода во Мара, зашто беше гор­члива; затоа и го нарекле тоа место Мара.

24Тогаш народот почна да вика против Мојсеј, велејќи: „Што ќе пиеме?“

251 Мојс 22,1; Ис.Н. 24,25; Суд 3,4; Ис 48,10; Пс 80,7; Сир 38,5Извика Мојсеј кон Господ, и Господ му покажа дрво. Тој го фрли дрвото во вода, и водата стана слатка. Таму му даде наредби и закони, и таму го под­ложи на проверка.

2619,5-6; 20,2-17; 23,22.25-26; 5 Мојс 7,12.15; 11,13;; 28,1.58-60; 4 Цар 20,5; Ер 30,17; Пс; Мт 8,1-17И му рече: „Ако го послушаш добро гласот на Господ твојот Бог, ако правиш што е угодно пред очите Него­ви, ако ги слушаш заповедите Негови и ако ги пазиш сите наредби Негови, нема да ти пратам ниедна од болестите, што ги пратив над Египет. Зашто Јас сум Господ, твојот исцелител.“

274 Мојс 33,9Потоа стигнаа во Елим; таму има­ше дванаесет извори и седумдесет пал­ми; и се улогорија таму крај водите.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help