Јов 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 Зах 14,5; Дан 4,14 „Ајде викај! Има ли кој да ти одговори? На кого од светиите мислиш да му се обратиш?

2Вистина, гневот го убива глупавиот, раздразнетоста го погубува безумниот.

3Видов како глупавиот се закоренува, но веднаш проклетството на домот не­гов падна.

429,7; Зах 8,16; Пс 126,5Децата негови се далеку од спасение, нив ќе ги бијат кај портите; зашто ќе нема кој да ги заштити.

5Жетвата негова ќе ја изедат гладни­те, низ трњето ќе ја извлечат; алчните ќе го голтнат имотот негов.

6Не, жалоста не излегува од земјата, нити злото изникнува од почвата;

71 Мојс 3,17-19човекот се раѓа, за да страда, како и искрите – за да летаат угоре.

8Но јас би се обрнал кон Бога и делото свое пред Бога би го поставил.

99,10; Пс 39,5Тој создава дела големи и не­ис­пит­ливи, чудни и без број,

10ѝ дава дожд на земјата и им испраќа вода на полињата;

111 Цар 2,7-8; Ис 57,15; Пс 74,7понизените ги издигнува на високо, и натажените ги утешува и ги спасува.

12Тој го урива она што лукавите го градат, рацете нивни не го довршуваат започнатото.

131 Кор 3,19Тој ги фаќа мудрите во стапицата на нивното лукавство, и замислата на итрите се осуетува;

14Изреки 4,19; Јн 12,35Среде бел ден запаѓаат во темнина; напладне одат со пипање, како ноќе.

15Тој го спасува сиромавиот од меч, а слабиот од раката на силниот.

16И за слабиот има надеж, и неправдата ја затвора устата своја.

175 Мојс 8,5; Изреки 3,11-12; Евр 12,5; Откр 3,19Блажен е човекот кого Бог го опо­менува. Затоа не отфрлувај ги поуките на Седржителот,

1833,19; 36,15; 5 Мојс 32,39; Ос 6,1зашто Тој нанесува рани и Самиот ги преврзува; Тој поразува, и со Свои раце лекува.

19Од шест беди ќе те избави и во сед­ма­та зло нема да те стигне.

20Ер 39,18; Пс 32,19Во време на глад ќе те спаси од смрт, и во војна – од острината на ме­чот.

21Пс 11,2-4; 30,21Од камшикот на јазикот ќе се со­криеш, и нема да се уплашиш од опус­то­шувањето кога ќе дојде.

22На опустошувањето и на гладот ќе им се потсмееш, од ѕверовите земни нема да се уплашиш;

234 Цар 3,19.25; Ис 5,2зашто си во сојуз со камењата полски, а полските ѕверови се во мир со те­бе.

24Ис 11,6-8; Ез 34,25; Ос 2,19Ќе дознаеш дека куќата ти е во без­опасност, ќе си го гледаш живеа­лиш­те­то и нема да згрешиш.

2542,16; 5 Мојс 28,4.11; Пс 128,3; 144,12Ќе видиш дека семето ти е многу­бројно, а челадта твоја е како трева на земјата.

26Ќе легнеш во гроб кога ќе стигнеш до зрелост, како што се редат житните снопја.

27Ете, тоа сме го испитале: вистината е жива; затоа чуј го сето ова и запомни го добро.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help