2 Летописи 17 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Јосафатовото царување

1 3 Цар 22,41-45 3 Цар 2,12; 15,24 На негово место се зацари синот негов Јосафат, кој покажа сила против Израилците.

2Тој распореди војски по сите утврдени градови на Јудеја и постави стра­жи по земјата јудејска и по градовите Ефремови, што ги беше завладеал тат­ко му Аса.

3И Господ беше со Јосафат, зашто одеше по правите патишта на таткото свој Давид и не ги бараше Вааловците,

4туку Го бараше Бога на таткото свој и постапуваше по Неговите заповеди, а не по делата на Израилците.

51 Цар 10,27И Господ го зацврсти царството во рацете негови; сите Јудејци му носеа подароци на Јосафат; тој се здоби со големо богатство и слава.

62 Мојс 34,13; 3 Цар 8,61; 15,14Срцето негово се храбреше на Гос­подовите патишта; притоа тој ги от­страни оброчиштата и паганските све­тилишта во Јудеја.

73 Мојс 10,11; 5 Мојс 6,4-9; Мал 2,7А на третата година од царувањето ги испрати началниците свои Бенхаил, Авдија, Захарија, Натанаил, и Михеј да го поучуваат народот по Јудините градови,

8Ос 4,6; Неем 8,7-8и со нив левитите: Шемаја, Нета­нија, Зевадија, Асаил, Шемирамот, Јо­натан, Адонија, Товијаху и Тов-Адо­нија, а со нив уште и свештениците Елишама и Јорам.

95 Мојс 28,61; 1 Езд 7,25Тие ги подучуваа Јудејците, носејќи ја со себе Книгата на Законот Господов; ги обиколуваа сите јудејски градови и го учеа народот.

Величието на Јосафат

10 1 Мојс 35,5; 5 Мојс 2,25 И ги обзеде страв Господов сите земни царства околу Јудеја, и не војуваа со Јосафат.

11А од Филистејците му носеа на Јосафат дарови и сребро за данок; исто така и Арапите му донесуваа ситен до­биток: седум илјади и седумстотини ов­ни и седум илјади и седумстотини јарци.

12Се издигаше Јосафат сѐ повеќе, и изгради во Јудеја домови, градови и тврдини.

13Тој имаше големо богатство во ју­дејските градови, а во Ерусалим – храб­ри борци.

14Еве го нивниот список според домо­вите на нивните предци: од Јуда илјада­началници: Адна водач, кој имаше три­ста илјади храбри војници;

15по него Јоанан началник, кој имаше двесте и осумдесет илјади;

16по него Амасија, Зихријев син, кој Му се беше посветил на Господ; тој имаше двесте илјади силни војници.

174 Мојс 1,36Од Венијамин: храбриот војник Елијада, кој имаше двесте илјади воору­жени со лак и штит;

18по него Јозавад, кој имаше сто и осумдесет илјади вооружени војници.

19Ете, тие му служеа на царот, покрај оние што ги беше распоредил царот во утврдените градови по цела Јудеја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help