3 Ездра 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бог ни приготви рај, а ние одиме по лоши патишта

1 4,1; 5,31 Кога ги изговорив овие зборови, кај мене беше испратен ангелот, кој бе­ше праќан кај мене минатите ноќи,

2и ми рече: „Стани, Ездра, и слушај ги зборовите што дојдов да ти ги ка­жам.“

3Јас реков: „Говори, Господаре мој!“ А тој ми рече: „Морето е поставено во просторно место, за да биде неизмерно и длабоко;

4но влезот во него се наоѓа во тесно место, така што прилега на реки.

5Мт 7,14; Лк 13,24Оној што ќе посака да влезе во мо­рето и да го види, или да владее над не­го, ако не помине низ тесното, како мо­же да стигне до широкото?

6Има и други споредби: градот е из­граден и расположен во рамнина и полн е со секакви богатства;

7Мт 7,14; Лк 13,24; 8,8но влезот во него е тесен и е поста­вен на стрмнина, така што оддесно има оган а одлево – длабока вода.

8Меѓу нив, односно меѓу огнот и во­да­та, има само една патека, на која може да се смести само човечко стапало.

9Ако тој град му се даде за наследство на човекот, како тој може да го до­бие тоа наследство, ако никогаш не по­мине преку опасноста, која се наоѓа на тој пат?“

10Јас реков: „Така е, Господи!“ А Тој ми рече: „Таков е и делот на Израил.

116,55; 7,48; 3,7За нив Јас го создадов светот; но ко­га Адам ги наруши Моите наредби, бе­ше наредено да застане она што беше из­вршено.

12Јов 5,7; 14,1; 3 Езд 4,33; 1 Мојс 47,9И станаа влезовите на овој свет тес­ни, болни, мачни, мали, лукави, полни со неволји и бараа многу труд.

13А влезовите во идниот век се широ­ки, безопасни и принесуваат плодови на бесмртност.

14И така, ако оние што влегуваат, кои живеат, не влезат низ таа теснотија и неволја, тие нема да го добијат она што е приготвено.

155,21; 6,36.37Но, зошто се вознемируваш кога си гниежлив и зошто се возбудуваш – кога си смртен?

16Зошто во твоето срце не ја примиш иднината, туку ја примаш сегашноста?“

174,38; 5 Мојс 4,1; 6,24; 8,1Јас одговорив и реков: „Владетеле, Господи, ете, Ти одреди во Твојот закон дека праведниците ќе го наследат тоа и дека грешниците – ќе загинат.

18Рим 8,18.24; 2 Кор 4,17.18Затоа праведниците ќе можат да поднесат теснотија, надевајќи се дека ќе бидат на широко, а оние што живеат богопротивно, и откако ќе претрпат теснотија, нема да видат широчина.“

194,34; 5,44Тој ми рече: „Нема повисок судија од Бога, никој не разбира повеќе од Севишниот.

20Многумина загинуваат во овој жи­вот затоа што не го примаат Законот Божји што им е предложен.

215 Мојс 30,15; Дела 10,35; Рим 2,14.15Зашто Бог строго им заповеда на оние што доаѓаат, та кога ќе дојдат – што треба да прават, за да бидат живи; што треба да пазат, за да не бидат каз­нети.

224 Цар 17,15; Рим 1,21А тие не послушаа и Му се спро­тив­­ставија, суетна мисла утврдија во се­беси;

238,58се повлекоа по гревовни измами; ре­коа за Севишниот дека Го нема и не ги познаа Неговите патишта;

24законот Негов го презреа, ги отфрлија Неговите ветувања, немаа вера во Неговите обредни наредби, не ги вршеа Неговите дела.

25Мт 13,12; Мк 4,25; Лк 8,18Ете, затоа, Ездра, за празните – праз­но, а за полните – полно.

Месијанското царство и последниот суд

26 4,52; Откр 21,2 Еве, ќе дојде време кога ќе се јават знаците, што ти ги претскажав и ќе се јави невестата, а со појавувањето свое ќе се покаже, зашто сега е сокриена во земјата.

276,25И секој, кој се избави од наброените понапред зла, самиот ќе ги види Моите чудеса.

2813,32.37.52; 14,9Зашто ќе се открие Мојот син Исус заедно со оние што се со Него и другите ќе се насладуваат четиристотини години.

29Дан 9,26И по сите тие години ќе умре Мојот Син Христос и сите луѓе што дишат.

306,39И ќе се врати светот во првобитни­от молк седум дена, како што беше по­на­пред, така што никој нема да остане.

31А по седумте дена ќе се разбуди заспаниот свет и лошите ќе умрат.

32Ис 26,19; Дан 12,2; Јн 5,28.29; Откр 20,13Земјата ќе ги предаде оние што спијат во неа, и правот – оние кои тивко престојувале во него, а сокровишниците ќе ги предадат душите што им се дове­рени.

33Дан 7,9.10; Мт 25,31; Лк 13,25Ќе се открие Севишниот од судски­от престол; ќе изминат страдањата и ќе се исцрпи долготрпеливоста.

346,28; 6,28Само еден суд ќе остане: вистината ќе застане, верата ќе закрепне.

35Откр 14,13; Откр 22,12; Мт 16,27; 13,56; Проп 12,14Потоа ќе дојде делото на отплатата, ќе се открие наградата, ќе се разбуди правдата, ќе престане владеењето на неправдата.“

361 Мојс 18,23-32; 2 Мојс 32,11-13Јас реков: „Авраам прв се молеше за содомците; Мојсеј – за татковците, кои беа згрешиле во пустината;

37Ис.Н. 7,6-9по него Исус – за Израил во денови­те на Ахана;

381 Цар 7,9; 12,23; 15,11; 2 Цар 24,17; 3 Цар 8,23-53; 2 Лет 6,14-42Самоил и Давид – за погубените, а Соломон – за оние што дојдоа за осветувањето;

393 Цар 18,42; Јк 5,18; 3 Цар 17,21Илија – за оние што добија дожд и за мртвиот, за да оживее;

404 Цар 19,15-19; Ис 37,15-20Езекија – за народот во времето на Сенахирим, и мнозина – за многумина.

41И така, ако тогаш, кога пропаста се беше засилила и кога се беше намно­жила неправдата, праведните се молеа – за нечесните, зошто тоа да не биде и се­га?“

42А Тој ми одговори и рече: „Сегаш­ниот век не е крајот; во него често пребива слава, затоа се молеле за немоќ­ните.

431 Кор 15,53.54; 3 Езд 6,27.28А судниот ден ќе биде крајот на тоа време и почеток на идното време на бесмртноста, кога ќе си замине рас­па­ѓањето,

447,34ќе биде срушена невоздржливоста, ќе се откине неверието, ќе се издигне правдата и ќе болсне вистината.

Само малкумина ќе бидат спасени

45 7,58; Откр 2,7.11.17.26; 3,5.12.21; 21,7 Тогаш никој не ќе може да го из­бави загинатиот, ниту ќе може да го по­губи оној што победил.“

466,53.54; 10,14; 3,5Јас одговорив и реков: „Еве го мо­јот прв и последен збор: ќе беше подоб­ро ако на Адам не му беше дадена земјата или, откако му беше веќе дадена, да беше задржан за да не згреши.

477,69; 4,12Каква е ползата за човек, кој во сегашниот век живее со скрб, а кога ќе умре – да го чекаат казни?

487,11; 3,21; 4,30; Рим 5,18О, Адаме, што направи ти? Ти кога згреши, не падна само ти, туку падна­в­ме и ние што произлегуваме од тебе.

498,31; Рим 6,23Каква е ползата за нас од тоа што ни е ветено време бесмртно, кога извр­шуваме смртни дела?

50Иако нам ни е претскажана вечна надеж, ние никаквите – сме создадени суетни.

51Иако нам ни беа приготвени добри и мирни живеалишта, ние живеевме ло­шо;

52Иако за нас беше однапред подготвена славата на Севишниот, за да ги покрие оние што живееле кротко, ние одевме по лоши патишта.

53Откр 2,7; 4,7; Откр 22,2Ќе се покаже рајот, каде што пребива негнилежен плод, и каде има спо­кој и исцелување;

54но ние нема да влеземе во него, зашто ќе живееме по неблагодарни мес­та.

55Плач 4,8; Јоил 2,6; Наум 2,10Лицата на оние, кои имаа воз­држ­ливост, ќе болснат посветло од ѕвез­ди­те, а нашите лица се поцрни од темнината.

56Ние во нашиот живот, кога вр­шев­ме беззаконија, не помислувавме, дека по смртта ќе страдаме.“

5716,40; Јов 7,1; 1 Тим 1,18; 6,12; 2 Тим 2,3.4; 4,7; Ефес 6,10-17Тој ми одговори и рече: „Тоа е по­мислата за борбата што треба да ја води човекот, кој е роден на земјата,

58та ако биде победен, да го претрпи она што го кажа ти, ако пак, победи – да го добие она за што говорам Јас.

595 Мојс 30,19Тоа е оној живот, за кој Мојсеј, кога беше жив, му рече на народот, велејќи: избери си живот, за да живееш.

601,32Но не му поверуваа ни нему, ниту на пророците по него, ниту Ми верува­ат Мене, Кој им зборував,

61Лк 15,7.10дека нема да има жалење за нивното загинување, како што ќе има радост за оние, за кои е приготвено спасението.“

62Јас одговорив и реков: „Знам, Гос­поди, дека Севишниот се нарекува ми­лосрден, зашто ќе ги помилува оние што уште не дошле на светов;

63дека е милостив спрема оние што живеат според Неговиот закон.

64Рим 2,4; Мудр 11,24.26Тој е долготрпелив, зашто покажа долготрпеливост спрема оние што згре­шија, како спрема Свои созданија.

65Тој е штедар дарител и дава според потребите.

66Тој е многумилостив, зашто ги зго­лемува Своите милости кон оние што живееле, што живеат сега и што ќе жи­веат во иднина.

67Плач 3,22Бидејќи, ако Тој не ги зголемуваше Своите милости, светот не би можел да продолжи да живее со оние што живеат во него.

68Пс 129,3; 142,2Тој дава дарови, зашто, ако не даруваше според Својата добрина, за да можат оние што направиле гревови да се олеснат од своите беззаконија, не би можел да остане жив ни еден десетилја­ден дел од луѓето.

69Пс 50,1.9; Ис 43,25; 44,22; Дела 3,19Иако Тој како судија, ако не им оп­ростуваше на оние, кои се создадени преку Неговиот збор и не истребеше многу од престапите,

70можеби од безбројното множество, ќе останеа само сосема малкумина.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help