1 час настана темнина по целата земја, до деветтиот час;
46 час извика Исус со силен глас и рече: „Или! Или! Лима савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!“
4711,14А некои од оние што стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!“
48Пс 68,21 И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во оцет и го надена на трска, па Му даваше да пие.
49Другите, пак, велеа: „Чекајте, да видиме, дали ќе дојде Илија да Го спаси!“
50А Исус, откако повторно извика со силен глас, го испушти духот.
512 Мојс 26,31-35; Евр 10,20И ете, се расцепи завесата на храмот на две – од горе до долу; и земјата се затресе; и карпи се распаднаа.
52Ис 26,19; Ез 37,12; Дан 12,2; 1 Птр 3,19И гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа;
53Откр 21,2па кога излегоа од гробовите, по воскресението Негово, влегоа во светиот град и им се јавија на мнозина.
544,3; 14,33; 17,6; 27,40.43А стотникот и оние што со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сѐ друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина Овој беше Син Божји!“
55Лк 8,2-3; 23,49.55Таму беа и гледаа оддалеку многу жени, коишто врвеа по Исус од Галилеја и Му служеа.
5620,20; 27,61; Мк 15,40.47; 16,1.9; Лк 24,10Меѓу нив беа Марија Магдалена и Марија, мајка им на Јаков и Јосиф, и мајката на Заведеевите синови.
Исусовиот погреб(Мк 15,42-47; Лк 23,50-56; Јн 19,38-42)57А кога се стемни, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој Му беше, исто така, ученик на Исус;
585 Мојс 21,22-23тој отиде кај Пилат и го побара телото Исусово. Тогаш Пилат нареди да му го дадат телото.
59Јн 19,40А Јосиф, штом го зеде телото, Го завитка во чисто платно,
6028,2; Ис 53,9; Мк 16,3-4; Дела 13,29и Го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во камен; па, откако постави голем камен над гробната врата, си отиде.
6127,56; 28,1; Јн 19,25А таму беа Марија Магдалена и другата Марија, кои седеа спроти гробот.
Стражата на Исусовиот гроб62 Мк 15,42; Лк 23,54 Утредента, пак, по петокот, се собраа првосвештениците и фарисеите кај Пилат,
6316,21; 20,19и му рекоа: „Господаре, се сетивме дека Оној измамник, уште дури беше жив, рече: ‚По три дни ќе воскреснам!‘
6428,13; 2 Птр 2,20 Затоа нареди да се причува гробот до третиот ден, за да не отидат учениците Негови ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: ‚Воскресна од мртвите!‘ Та последната измама ќе биде полоша од првата.“
65Пилат им рече: „Имате стража; одете и чувајте го како што знаете.“
66Тие отидоа и со стража го чуваа гробот, а каменот го запечатија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.