Сирахова 27 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 11,10 Многумина грешат заради добивка; кој бара богатство – ста­нува немилосрден.

226,24-26Колецот се забива меѓу два камена; меѓу продавањето и купувањето гревот се вовлекува.

3Изреки 14,11Ако некој не го пази страхопочитта кон Господа, набргу куќата ќе му се ур­не.

Човекот се познава по она што го кажува

4 Амос 9,9; Лк 22,31 Кога со решето се отсејува – ѓубре останува; а нечистотијата на човекот – кога тој размислува.

5Пс 16,3; Јов 23,10; Мудр 3,6Грнчарските работи фурната ги про­верува, а недостатоците на човекот – не­говиот говор.

6Мт 7,16-20; 12,33-37; Лк 6,43-45Грижите за дрвото во плодот се по­кажуваат, а мислите на човекот – во не­говите зборови.

7Пс 16,3-4Пред да проговори никого не фали; човекот се проверува во неговите збо­ро­ви.

Предностите на мудрото однесување

8 Јов 29,14 Ако правдата усрдно ја бараш, ќе ја најдеш; како во облека свечена во неа ќе се облечеш.

9Птиците се собираат со оние што ним им се слични; а вистината им се от­крива на оние што со неа живеат.

1021,2; Пс 9,29; 28,3; 1 Птр 5,8Како лавот што го демне својот плен, така и гревот ги демне оние што неправда прават.

11Говорот на побожниот секогаш е мудар, а на безумниот се менува како месечината.

12Кога си меѓу неразумни, внимавај на времето; меѓу благоразумни поминувај постојано без страв.

13Проп 7,3-6Одвратен е разговорот на безумни­те; а нивната смеа – забава грешна.

14Јов 4,15Празните зборови на оние што мно­гу се колнат, нѐ престрашуваат, а кога се караат, ушите ни ги заглушуваат.

1522,24Караницата на горделивите е про­левање крв, а навредите нивни се неиз­др­жливи за слухот.

Умешноста да се чува тајна

16 Изреки 20,19; 25,9 22,22; Изреки 11,13 Кој открива тајни, доверба загубува; нема веќе да најде пријател по срце.

17Сакај го пријателот и биди му ве­рен,

18но ако тајните негови на други ги кажеш, не трчај веќе по него;

19зашто како човек што го убива не­пријателот свој, така ти си го убил пријателството со ближниот свој;

20како што се испушта птица од рака, така ти си го испуштил пријателот свој, и никогаш веќе нема да го фатиш.

21Не трчај по него, тој е веќе далеку; избегал како што бега срна од примка.

22Рана може да се преврзе и навреда да се прости,

23но кој тајна предал – за не­го надеж нема.

Двојното зборување

24 Пс 34,19; Изреки 6,12-15 Кој намигнува со око – тој смислува зло; никој од тоа нема да го додржи.

2512,16Пред тебе тој ќе говори слатко, ќе ги фали зборовите твои,

26а потоа зад те­бе инаку ќе зборува: во твоите зборови соблазна ќе открие.

27Многу работи мразам, но ништо друго како таков човек; него и Господ го мрази.

Кој зло прави – зло добива

28 22,22; Проп 10,8 Кој угоре фрла камен – на главата му паѓа, а подмолен удар рани ќе от­во­ри.

29Пс 7,15; 9,16Кој јама копа – самиот во неа ќе падне; кој стапица мести – ќе се фати во неа.

30Изреки 26,27Кој зло прави – со зло му се враќа, иако не знае од каде ќе дојде:

3127,10како лав го демнат подбивот, прекорот и одмаздата од гордите.

32Во стапица ќе се фатат оние што се радуваат на паѓањето на побожните; нив жалост ќе ги истошти – пред да ум­рат.

Подобро да се проштава отколку да се биде злобник

33 3 Мојс 19,18; Лк 6,37; Кол 3,13 И злобата и гневот подеднакво се одвратни, а грешникот нив во себеси ги носи.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help