Судии 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Судиите Тола и Јаир

1 8,31 По Авимелех се крена да го спаси Израил Тола, синот на Пуа, син на Додо, маж од Исахаровото племе. Тој живееше во Шамир, на Еф­ремовата Планина.

2Тој беше судија над Израил дваесет и три години, и умре, и беше погребан во Шамир.

34 Мојс 32,41; 3 Цар 4,13; 1 Лет 2,22-24По него дојде Јаир од Галаад, кој бе­ше судија над Израил дваесет и две го­дини.

4Тој имаше триесет сина, кои јаваа на триесет магариња, и имаа триесет гра­да, кои и до денес се нарекуваат Јаирови селишта, а се во Галаадската земја.

5Јаир умре и беше погребан во Камон.

Амонците го напаѓаат Израил

6 2,11.13; 5 Мојс 32,15 А Израилевите синови пак почнаа да прават зло пред Господ и им служеа на разни Ваали и Астарти, на боговите арамејски, на боговите сидонски, на боговите моавски, на боговите од сино­вите Амонови и на боговите филистеј­ски, а Господа Го оставија и не Му слу­жеа.

75 Мојс 31,17; 32,30И се разгори гневот на Господ против Израил, и Тој ги предаде во рацете на Амоновите синови.

8Оттогаш тие ги угнетуваа и ги ма­чеа Израилевите синови осумнаесет години по ред, сите Израилеви синови од онаа страна на Јордан во Амореј­ската земја, која е во Галаад.

9Најпосле Амонците го преминаа Јордан за да војуваат против Јуда и Венијамин и против домот Ефремов. И синовите Израилеви беа на големи маки.

103,9; 5 Мојс 1,41; 1 Цар 12,10; 3 Цар 8,47; Ер 3,25; 8,14; 14,20; Пс 31,5; 105,6; Дан 9,5; Варух 1,17Па повикаа синовите Израилеви кон Господ и рекоа: „Згрешивме пред Тебе, зашто го оставивме нашиот Бог и им служиме на Вааловци.“

11И Господ им рече на Израилевите синови: „Не ве угнетуваа ли Егип­ќаните и Аморејците, Амонците и Фи­листејците,

123,13Сидонците, Амаликијците и Маон­ците и кога повикавте кон Мене, не ве спасив ли од рацете нивни?

13Ер 11,10; 13,10А вие Ме оставивте и почнавте да им служите на други богови; затоа нема повеќе да ве спасувам;

145 Мојс 32,37-38; Ер 2,28; 11,12; Авак 2,18одете, повикајте ги боговите што сте ги избрале, нека ве спасат тие во ова за вас тешко време.“

151 Цар 3,18; 2 Цар 10,12; 15,26Тогаш синовите Израилеви Му рекоа на Господ: „Згрешивме; прави со нас сѐ што Ти е мило, само спаси нѐ сега.“

16Ис.Н. 24,23И ги отфрлија од себе туѓите бо­гови и почнаа да Му служат само на Господ. И не ги истрпе душата Негова страдањата Израилеви.

17Амонците, пак, се собраа и се сместија, поставија логор во Галаад; исто така се собраа и Израилевите си­нови и поставија логор во Мицпа.

18Народот и началниците галаадски си рекоа еден на друг: „Кој ќе почне војна против Амонците, тој нека биде началник на сите галаадски жители.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help