Битие 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ное влегува во ковчегот

1 Мудр 10,4; 1 Птр 3,20; 2 Птр 2,5 И му рече Господ на Ное: „Влезете во ковчегот ти и целото твое семеј­ство, бидејќи ти си единствениот праведен пред Мене во овој род,

25 Мојс 14и земи со себе од секое чисто животно по седум од машки и женски пол, а од нечистите животни – по две, машки пол и женски пол;

3исто така и од небеските птици (чисти) по седум, од машки и од женски пол, (и од сите нечисти птици по две, од машки и од женски пол) за да им се зачува родот нивни по целата земја.

4Зашто по седум дена ќе пуштам дожд на земјата, што ќе се излива чети­риесет дена и четириесет ноќи, и ќе го истребам од земјата секое суштество, што сум го создал.“

5И Ное направи сѐ што му заповеда Господ.

Големиот потоп

6А Ное имаше шестотини години ко­га се случи потопот на земјата.

7И влезе Ное во ковчегот, и синовите негови, и жената негова, и жените на синовите негови со него, заради водениот потоп.

8И од чистите и од нечистите животни, и од птиците и од сѐ што се влечеше по земјата,

9влегоа кај Ное во ковчегот по две, машко и женско, како што Бог му запо­веда на Ное.

10А по седмиот ден дојдоа водите од потопот на земјата.

11Ис 24,18; Пс 77,15-16; 103,6-9; Јов 12,15; 2 Птр 3,6Во шестотата година од животот на Ное, во вториот месец од таа година, седумнаесеттиот ден од месецот, во тој ден бликнаа сите извори на големата бездна и се отворија окната небески;

12и се лиеше дожд на земјата чети­риесет дена и четириесет ноќи.

13Во истиот ден во ковчегот влегоа Ное, неговите синови Сим, Хам и Јафет, и жената Ноева, и трите жени на синовите негови со нив.

14Тие, и сите ѕверови според родот нивни, и добитокот според неговиот род, и сите гадинки, што се влечеа по земјата, според нивниот род, и сѐ што лета, според родот негов, сите птици и сѐ што има крилја,

15влегоа во ковчегот кај Ное по две единки (од машки и женски пол) од се­кое суштество, во кое имаше животен дух;

16и тие што влегоа, машки и женски пол влегоа од секое суштество, како што му беше заповедал Бог. Потоа Господ го затвори (ковчегот) однадвор.

17Натопувањето на земјата потраја четириесет дена; водата надојде и го подзеде ковчегот; и тој се крена од земјата;

18водата се засилуваше многу и се умножуваше на земјата, а ковчегот пло­веше по површината на водата.

19И нарасна водата на земјата толку многу, што ги покри сите високи планини, какви што има под целото небо;

20петнаесет лакти се издигаше водата над планините, откако ги покри.

21Тогаш го изгуби животот секое суштество, што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и ѕверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите луѓе;

22сѐ, што на копното имаше здив во ноздрите свои, изумре.

23Ез 14,14И се истреби секое суштество што живееше на земјата: од човекот до добитокот, и лазачите, и птиците небески – сѐ беше истребено од земјата; останаа само Ное, и оние, кои беа со него во ковчегот.

24А водата беше над земјата сто и педесет дена.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help