Исаија 25 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Благодарствена молитва

1 12,1-4; 37,26; 2 Мојс 15,2; Јоил 2,26; Пс 30,14; 118,28 Господи, Ти си Бог мој; ќе Те возвеличам, ќе го славам името Твое, зашто си извршил премудри дела, определени во старо време, вистинити и сигурни.

213,20; 17,1; Ер 9,9; 51,37Ти го претвори градот во грамада од камења, цврстата тврдина – во урнатини; нема повеќе во градот дворци на ту­ѓинци; никогаш нема да биде обновен.

324,15-16Затоа ќе Те прославуваат силните народи; градовите на страшните племиња ќе се плашат од Тебе;

44,6; 29,1; 32,2зашто Ти беше прибежиште на си­ромавиот, прибежиште на немоќниот во тешко време за него, заштита од бу­ра, сенка од припек; зашто гневното ди­шење на насилниците прилегаше на зимска виулица.

524,8Ти го скроти викањето на неприја­те­лите, како припек – во безводно место; како припек со сенка од облак; веселбата на угнетувачите е задушена.

Господ нѐ избави

6 2,2; Изреки 9,2-5; Мт 8,11; Јн 6,51.54; Откр 19,9 И Господ Саваот ќе стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати и сочни јадења и најчисти вина;

7врз таа планина ќе ја уништи по­кривката, што ги покрива сите народи, покривка, која лежи врз сите племиња.

826,19; Ос 13,14; 1 Кор 15,26.54; Откр 7,17; 21,4Смртта ќе биде проголтана засекогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ќе го симне срамот од Сво­јот народ во целата земја, зашто та­ка вели Господ.

933,2; 35,4; 1 Цар 2,1; Пс 26,14; 95,7; 1 Птр 1,8И ќе речат во тој ден: „Еве, Тој е на­шиот Бог! На Него се надевавме, и Тој нѐ спаси! Тој е Господ; Него Го че­кав­ме; да се радуваме и веселиме за спасе­ние­то од Него!

10Амос 1,3; Мих 7,10Зашто раката на Господ ќе почива врз таа планина, и Моав ќе биде пре­га­зен на местото свое, како што се гази слама на буниште.“

1116,6.14; Ер 48,29; Соф 2,8.10И макар што ги размавна среде не­го рацете свои, како што ги размавнува оној што плива, но Бог ќе ја понизи гор­доста негова заедно со мафтањето на рацете негови.

1226,5И ќе ја собори, ќе ја разруши тврди­ната со твоите високи ѕидишта, ќе ја кутне на земја, во прав.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help