Изреки 18 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 16,28; 17,9 Тврдоглавиот се управува според своите желби и станува против сѐ што е умно.

212,23; 13,16Безумниот не сака знаење, туку само да ги изложи своите мисли.

312,8Со доаѓањето на нечесниот, доаѓа и презирот, а со недостојниот – доаѓа и срамот.

420,5; Јн 7,38Зборовите на човечката уста се дла­боки води; извор на мудроста – бр­зо­те­чен поток.

524,23; 28,21; 3 Мојс 19,15Не е добро да бидеш лицемерен кон безбожниот, за да го собориш праведниот во судот.

619,29Устата на безумниот води кон кавга, а зборовите негови предизвикуваат те­пачка.

710,14; 12,13; 13,3Јазикот на безумниот е погибел за него, а усните негови се стапица за ду­шата негова.

8Стравот го соборува мрзливиот, а мажите со души слични на жени, ќе гладуваат.

926,22Зборовите на клеветникот се како слатки, и тие влегуваат внатре во утро­ба­та.

1010,4; 28,24Немарниот во работата своја е брат на расипникот.

1114,26Името на Господ е цврста кула: ако во неа побегне праведник, безбеден е.

1210,15Имотот на богат човек е како твр­ди­на и во мислите му е како висока ограда.

1311,2; 16,18Пред паѓање срцето на човекот се возгордејува, а смиреноста оди пред славата.

1420,25Кој дава одговор пред да ислуша, безумен е; тоа е срам за него.

1515,13; 17,22Духот на човекот го поткрепува во немоќ, а скршен дух – кој може да пот­крепи?

1615,14Срцето на разумниот се здобива со знаење, и увото на мудрите бара поука.

1717,8; 21,14Подарокот што го дава човекот, му отвора пат и до големците го доведува.

1825,8Првиот по тужбата си е прав, но до­аѓа противникот негов и го порекнува.

1916,33Ждрепката прекинува расправии и решава спор меѓу силните.

2025,15Навреден брат е понепристапен од утврден град, а караниците понепопус­тливи од затварало на кула.

2112,14; 13,2Од плодот на устата на човекот се полни стомакот негов; од плодовите на устата своја тој се наситува.

2212,13; 13,3Смртта и животот му се потчинети на јазикот, и оние што го владеат, ќе вкусат од плодовите негови.

2312,4; 19,14Кој нашол жена, нашол среќа и добил благодат од Господ. Кој отфрла добра жена, тој го отфрла и доброто, а кој поддржува прељубница, безумен е и нечесен.

2422,7Сиромавиот говори со молба, а богатиот одговара остро.

2517,17Кој сака да има пријатели, и сам треба да биде дружељубив; зашто има пријатели поприврзани од брат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help