Еремија 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Порака преку ленен појас

1Вака ми рече Господ: „Оди и купи си ленен појас и опаши се со него, но не клавај го во вода.“

2Јас си купив појас, како што рече Господ, и го препашав крстот свој.

3И беше упатено слово Господово до мене по вторпат, и ми беше речено –

4„Земи го појасот, што го купи, и кој ти е на крстот твој, па стани и оди до потокот Перат и сокриј го таму во не­која камена пукнатина.“

5Јас отидов и го сокрив кај Перат, ка­ко што ми заповеда Господ.

6А штом изминаа повеќе дни, Господ ми рече – „Стани, оди кај Перат и земи го оттаму појасот, за кој ти бев за­по­ве­дал да го сокриеш таму.“

7И јас отидов до Перат, ископав и го зедов појасот од местото, каде што го бев сокрил, а тоа – појасот беше изгнил и станал веќе неупотреблив.

8И беше упатено слово Господово до мене:

9„Вака вели Господ: ќе ја скршам гордоста на Јуда, и големата гордост на Ерусалим.

1011,10Тој лош народ, кој не сака да ги слу­ша зборовите Мои, живее според тврдо­корното срце свое и оди по други бо­го­ви, за да им служи и да им се поклонува, па ќе биде како овој појас, кој не чи­ни за ништо.

1111,4; 33,9; 2 Мојс 19,5Зашто, како што појасот се при­ле­пува до крстот на човекот, така и Јас го прилепив до Себе сиот Израил и сиот Јудин дом, вели Господ, за да бидат Мој народ и Моја слава, похвала и украс, но тие не послушаа.“

Мевови со вино

12Затоа, кажи им го овој збор: „Вака вели Господ, Бог Израилев – секој мев за вино се полни со вино. Тие ќе ти ре­чат: зар ние не знаеме дека секој мев за вино се полни со вино?

1351,39; Ис 51,17; Плач 4,21А ти кажи им: еве што вели Господ – Јас ќе ги наситам со вино до опивање сите жители на таа земја, и царевите, кои седат на Давидовиот престол, и свештениците, и пророците и сите еру­салимски жители,

1421,7; 51,3и ќе ги судрам еден со друг, тат­ков­ците со синовите заедно, вели Господ; нема да ги поштедам, нема да ги по­ми­лу­вам, нема да зажалам што ќе ги ис­требам.“

Јудејците ќе бидат одведени

15 Ис 28,23 Слушајте и внимавајте; немојте да бидете горди, зашто Господ зборува.

16Ис.Н. 7,19; Јн 9,24; Проп 12,1-2; Јн 11,10; 12,35; Ис 5,30; 8,22; Амос 8,9Подајте Му слава на Господ, ва­ши­от Бог, додека Тој сѐ уште не испратил темнина и додека сѐ уште нозете ваши не се сопнуваат по темни гори; тогаш ќе очекувате светлина, а Тој ќе ја прет­вори во смртна сенка и ќе ја направи темнина.

1714,17; 48,36Ако, пак, не го послушате тоа, ду­шата моја скришно ќе плаче поради ва­шата гордост, ќе плаче горко, и очите мои солзи ќе леат; бидејќи стадото Гос­подово ќе биде во плен одведено.

18Пс 88,39; Плач 5,16Кажи им на царот и на царицата: „Понизете се, седнете пониско, зашто ќе паднат од главите ваши венците на вашата слава.“

19Јужните градови се затворени и нема кој да ги отвори; цел Јуда во ропство се одведува заедно со сиот плен.

20Кренете ги очите и погледајте ги оние што идат од север: каде е стадото, што ти беше дадено, убавото стадо твое?

2122,23Што ќе речеш, ќерко Сионова, кога ќе те посети Тој? Ти сама ги научи да господарат над тебе: нема ли да те стегнат болки како жена кога раѓа?

2213,26; Ис 47,2-3; Авак 2,16Ако речеш во срцето свое: „Зошто ме снајде ова?“ – па, поради многуте твои беззаконија, скутовите ти се разго­лија и насилство над тебе извршија.

236,29; Пс 54,19; Мт 12,34Може ли Етиопјанец да ја смени ко­жата своја и леопардот – дамките свои? Па така и вие, можете ли да правите добро, кога сте свикнати да вршите зло?

24Затоа ќе ги развеам како прав, ќе ги разнесам со пустински ветар.

25Ете ја твојата ждрепка, делот што сум ти го одмерил, вели Господ, бидејќи ти Ме заборави и се потпираше на лагата.

26Откр 17,16Затоа, Јас самиот ќе те разголам, за да се види срамотијата твоја.

27Ез 24,13; Ос 8,5; 14,2Го видов твоето прељубодејство и твоите бесни похоти и гнасотии по ви­сочинките и по полињата; тешко тебе, Ерусалиме; зар нема да се очистиш? И до кога тоа ќе биде така?

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help