1 Ер 49,16 Испраќајте јагниња за владетелот на земјата, испраќајте од Сала во пустината кон планината на ќерката Сионова;
2Ис.Н. 12,2; Ер 4,25зашто ќерките на Моав при Арнонските бродови ќе бидат слични на птица скитница, исфрлена од гнездото.
3Пс 146,2„Дај совет, донеси решение; засенчи нѐ со сенката своја среде пладне како ноќе, прикриј ги истераните, не предавај ги скитниците.
4Нека поживеат кај тебе моите истерани Моавци; биди им закрила од грабачи: зашто угнетувачот нема да го пуштам; грабежот ќе престане, угнетувачите ќе исчезнат од земјата.
52 Цар 7,13; Ер 23,5; Пс 9,7.8; 89,15; Изреки 25,5И престолот ќе се утврди со милост, и на него ќе седне со верност, во Давидовиот шатор, судија, кој бара правда и се стреми кон правосудие.“
Горделивоста на Моав е скршена6 Ер 48,29; Ез 25,8; Соф 2,8 „Сме слушале за гордоста на Моав, прекумерна гордост, за неговата надуеност и високомерност и за неговото беснеење: празна е фалбата негова.“
715,3; Ер 48,20Затоа Моав ќе заплаче; сите ќе плачат за Моав, по колачињата од суво грозје од Кир-Харешет, ќе плачат дотолчени.
8Ер 48,32Зашто Есевонските полиња се исушија, како и лозјата во Сивиа; големците на народите ги истребија најдобрите лозја, кои достигнаа до Јазер, се простираа по пустината; ластарите се ширеа, преминуваа од онаа страна на морето.
9Ер 25,30; 51,14Поради тоа јас ќе плачам за лозјата сивмански со плачот на Јазер, ќе ги облевам со солзите свои, Есевоне, и Елале; зашто по твојот гроздобер и по твојата жетва нема повеќе шумна радост.
10Ер 48,33Исчезнаа од плодоносната земја радоста и веселбата, по лозјата не пеат ниту се радуваат; лозарот не гмечи грозје во садови: Јас ги прекратив веселбите.
1115,5; Ер 48,31.36; Плач 1,20; 2,11Затоа мојата внатрешност стенка по Моав како харфа, а срцето мое за Кир-Херес.
12Ер 48,13Но и да се јави Моав и до умор да оди по идолските светилишта, и да дојде при светилиштето свое, да се моли, пак ништо нема да му помогне.
13Тоа е словото, што Господ одамна го беше искажал за Моав.
1421,16; Ер 48,2А сега вака вели Господ: „По три години, сметајќи наемнички години, величието на Моав ќе биде понизено со сето големо множество негово, а остатокот ќе биде многу мал и незначаен.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
