Еремија 28 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Лажниот пророк Ананија

1Во истата година, во почетокот на царувањето на јудејскиот цар Седекија, во четвртата година, во петтиот месец, Ананија, синот Азуров, пророк од Гаваон, зборуваше во домот Господов пред свештениците и сиот на­род, велејќи:

2– вака вели Господ Саваот, Бог Из­раилев: ќе го скршам јаремот на вави­лонскиот цар;

3по две години ќе ги вратам во ова место сите садови од домот Господов, кои вавилонскиот цар Навуходоносор ги зеде одовде и ги однесе во Вавилон;

4и јудејскиот цар Јехонија, синот Јоа­кимов, и сите заробени Јудејци, што отидоа во Вавилон, ќе ги вратам на ова место, вели Господ; бидејќи ќе го скр­шам јаремот на вавилонскиот цар.

5И му рече пророкот Еремија на пророкот Ананија пред сите свештеници и пред сиот народ, кој стоеше во домот Господов,

63 Цар 1,36па кажа пророкот Еремија: нека би­де така, нека го изврши тоа Господ, не­ка ги исполни Господ зборовите твои што ги изрече за враќањето од Вавилон на садовите од домот Господов на ова место и за сите заробени!

7Само, чуј го зборот што ќе ти го ка­жам, чуј го ти, а нека го чуе и сиот на­род;

826,18пророците, што беа пред мене и пред тебе, им претскажуваа на многу земји и на големи царства – војна, беда и помор.

95 Мојс 18,22Ако некој пророк претскажал мир, само тогаш бил признаван за пророк, навистина испратен од Господ, кога ќе се исполнел зборот на тој пророк.

10Тогаш пророкот Ананија го зеде ја­ремот од вратот на пророкот Еремија и го скрши.

11И рече Ананија пред сиот народ: „Вака вели Господ – ете, така ќе го строшам јаремот на вавилонскиот цар Навуходоносор по две години, откако ќе го извадам од вратот на сите народи. Тогаш си отиде Еремија по својот пат.

12И беше упатено слово Господово до Еремија, откако пророкот Ананија го скрши јаремот од вратот на пророкот Еремија:

1334,2оди и кажи му на Ананија – вака ве­ли Господ: ти го скрши дрвениот јарем, но место него направи железен.

1427,6; 5 Мојс 28,48; Јудита 11,7Зашто така вели Господ Саваот, Бог Израилев: железен јарем ќе им ста­вам на вратот на сите овие народи за да му работат на вавилонскиот цар Наву­ходоносор, и тие ќе му служат; дури и ѕверовите полски нему му ги предадов.“

1527,15Па му рече пророкот Еремија на пророкот Ананија: слушај, Ананија, Господ не те пратил, а ти лажна надеж му даваш на овој народ.

16Затоа, вака вели Господ: еве, Јас ќе те исфрлам од лицето на земјата; уште во текот на оваа година ќе умреш, би­дејќи зборуваш против Господ.

17И умре пророкот Ананија во таа го­дина во седмиот месец.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help