Изреки 24 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Мудрецот и безбожникот

1 23,17; 24,19 Не завидувај им на лошите луѓе, и не посакувај да бидеш со нив,

2зашто срцето нивно насилство на­мислува, и устите нивни за лошо зборуваат.

38,21; 14,1Со мудрост куќа се изградува и со разум се зацврстува,

4а со умешност нејзините простории се исполнуваат со секакви скапоцености и добра.

511,14; 20,18; 21,22Мудриот човек е силен, а разумниот – ја зацврстува силата своја.

6Затоа со обмислување се води војна, а успех ќе има со многу советувања.

714,6; 17,16Мудроста е недостижна за глупа­ви­от, затоа тој не отвора уста на собирите.

810,23; 12,2Кој мисли да направи зло, ќе го на­речат зломисленик.

9Безумието има само една мисла: гре­вот, а исмејувачот е одвратен за луѓето.

1028,1Ако во злочест ден си се покажал слаб, скудна ти е силата.

1128,17Спасувај ги оние што ги водат на смрт, и поштеди ги оние, кои уплашени одат кон губилиштето.

12Мт 16,27; Рим 2,6; Откр 2,23Ако кажеш: „Ете, ние не го знаевме тоа“, а Оној, Кој ги испитува срцата, зар не знае? Оној, Кој бдее над душата твоја, го знае тоа и ќе му даде на чове­кот според делата негови.

1316,24Јади, синко, мед, затоа што е прија­тен, и јади восочен мед, кој е сладок за гр­лото твое:

14такво е за душата твоја и позна­ва­њето на мудроста. Ако си ја нашол, имаш иднина, а твојата надеж нема да те остави.

153,29Не помислувај зло, безбожниче, против живеалиштето на праведниот, не опустошувај го местото на спокој­ството негово,

16зашто седумпати ќе падне правед­ни­кот – и пак ќе стане; а падне ли не­че­сен, тој изнемогнува во злото.

1717,5Немој да се радуваш, кога неприја­телот твој ќе падне, и срцето твое да не се весели, кога тој ќе се сопне.

18Инаку, Господ ќе види, и тоа пред очите Негови нема да биде угодно, и Тој ќе го оттргне од него гневот Свој.

1923,17; 24,1Не лути им се на зломислениците и не завидувај им на безбожниците,

20зашто лошиот нема иднина; и све­тилото на безбожните ќе згасне.

2110,29; 20,26

1 Птр 2,17Имај страв, синко, од Господ и од царот; не востанувај ни против едниот ни против другиот,

22зашто неочекувано ќе дојде казната од нив, – а кој е тој што ќе ја предосети пропаста од нив двајцата?

22а Синот што го сочувал словото ќе биде далеку од гибелта: примајќи го, го примил и тоа.

22б Да не му се збори ништо лажно на царот од устата твоја, и ниедна лага да не излезе од царевата уста.

22в Јазикот на царот е меч, а не јазик од месо и ако биде предаден ќе се ск­р­ши.

22г Ако се насрди гневот негов, со жи­ли ќе ги погуби луѓето

22д и човечките коски ќе ги изглода и ќе ги запали како огин, за да им бидат украс на орлињата млади.

Други совети на мудрите

23 17,15; 18,5; 28,21 Кажано е од мудрите: не е добро во судот да има пристрасност.

24Кој му вели на виновниот: „Прав си“, него народите ќе го проколнуваат, него племињата ќе го мразат;

25а кои разобличуваат, ќе бидат са­ка­ни, и врз нив ќе дојде благословот.

2615,23; 25,11; 27,23-27Во устата бакнува оној, кој изговара зборови чесни.

27Уреди ги работите надвор од ку­ќа­та, сврши ги на нивата своја, а потоа гради го домот свој.

2820,22; 25,18Не сведочи лажно против ближ­ни­от свој: зошто да лажеш со устата сво­ја?

29Не вели: „Како ми направи тој ме­не, така и јас ќе му направам нему: ќе му се одмаздам за навредата што ми ја нанесе.“

За мрзливиот човек

30 6,6-11; 20,13 Минував покрај нивата на мрзлив човек и покрај лозје на неразумен чо­век:

31и ете, сѐ беше обраснато со трње, нивата беше покриена со коприва, а камената ограда негова беше урната.

32И погледнав, го устремив срцето свое, погледнав и поука извлеков:

33„Малку ќе поспиеш, малку ќе за­дремеш, малку со скрстени раце ќе по­лежиш“ –

34и сиромаштијата ќе ти дојде како брзоодец, и немаштијата твоја – како во­оружен човек.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help