1 2 Мојс 10,21-29 Пс 91,5-6; Рим 11,33-35 Големи се и недостижни Твоите судови, Господи, затоа непоучените души паднаа во заблуда.
2Зашто беззакониците затвореници на темнината, и заробеници на долгата ноќ, кои беа намислиле да го измачуваат светиот народ, затворајќи се во своите куќи, станаа бегалци од вечната Промисла.
3Мислејќи дека нивните тајни гревови ќе останат сокриени, тие, под темниот покрив на заборавот, се рассеале, силно преплашени и од сеништа избезумени,
4зашто и најскришното место, во кое се затвораа, не ги избавуваше од стравот, но околу нив страшни звуци се огласуваа и во ужас ги доведуваа, и им се јавуваа грди чудовишта со страшни лица;
5никаква огнена сила не можеше светлина да им даде, ниту пак светлиот болскот од ѕвездите можеше да ја осветли таа мрачна ноќ.
6Им се јавуваа, така сами од себе, запалени клади полни со ужас и кога виденијата исчезнуваа, од страв избезумени, им се чинеа многу погрди.
7Паднаа лагите на волшебното знаење, фалбите за разум на подбив се изложија,
8зашто оние, што беа ветиле дека од болната душа ќе го прогонат ужасот и немирот, и самите страдаа од смешен страв.
9И дури кога немаше ништо да трепне и да ги исплаши, движењето на животните и шушкањето на змиите ги плашеше; тие умираа од страв, плашејќи се дури и од воздухот, од кој никаде не може да се избега,
10зашто злобата е плашлива, со своето сведоштво се осудува; злото секогаш го зголемува, кога ќе почне совеста да ја измачува,
11а стравот не е ништо друго, туку лишување од помошта што ја дава здравото размислување.
12Колку е помала внатрешната надеж, толку поголема била замислувана непознатата причина, од која произлегува маката.
13И тие во таа, навистина неподнослива ноќ, излезена од длабините на страшниот пекол, приготвувајќи се да заспијат обичен сон,
14час бивале измачувани од страшни привиденија, час раслабувани од очајание, затоа што ги напаѓал ненадеен страв.
15И така, таму кој каде што се нашол, бил затворан во темница без окови.
16И земјоделец и овчар или работник во пустината, штом бил настигнат, ѝ се предавал на таа неизбежна неволја,
17зашто сите беа врзани со едно јаже на темнината. Ветар ли бучи или меѓу густи гранки милозвучен глас на птичка се слуша, вода ли тече брзо и бучно или камења паѓаат со голем тресок,
18дали тоа животни трчаат и скокаат, та не се гледаат, или најсвирепи ѕверови рикаат или се слуша одглас на планински длабини – сето тоа ги престрашуваше и истоштуваше.
19Зашто целиот свет беше осветлен со јасна светлина и без пречки ги извршуваше своите работи;
203 Мојс 26,36само над нив беше распослана тешка ноќ – образот на темнината што понекогаш ќе ги опфати; но тие сами за себе беа товар – потежок од темнината.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.