1 2 Мојс 21,2-6; 3 Мојс 25,39-55; 5 Мојс 15,12-18; Ис 50,1; Ер 34,14; Амос 2,6; Пс 33,9; 102,17; 111,1-2; 113,21-22; Неем 5,1-13; Мт 18,25 Една од жените на пророчките синови со плачење му говореше на Елисеј: „Твојот слуга, мажот мој, умре; а ти знаеш дека твојот слуга имаше страхопочит кон Господ; сега дојде заемодавачот да ги земе двете мои деца за робје.“
2Елисеј ѝ рече: „Што да направам за тебе? Кажи ми што имаш дома?“ Таа одговори: „Слугинката твоја ништо нема во домот свој, освен еден сад со масло.“
3А тој рече „Оди и побарај садови однадвор, од сите твои соседи, празни садови; собери доволно,“
Елисеј ѝ помага на една вдовица4„Потоа оди и затвори ја вратата зад себе и зад синовите свои и налевај во сите тие садови; полните ставај ги настрана.“
5Таа си отиде од него и ја затвори вратата зад себе и зад синовите свои. Тие ѝ подаваа, а таа налеваше.
6Кога беа наполнети садовите, таа му рече на синот свој: „Дај ми уште еден сад.“ Тој ѝ рече: „Нема повеќе садови.“ И маслото престана да тече.
7Таа дојде и му раскажа на Божјиот човек. Тој ѝ рече: „Оди, продај го маслото и исплати ги долговите свои; а со тоа што ќе остане, ќе живееш со синовите свои.“
Елисеј во градот Сунем8Еден ден Елисеј отиде во Сунем. Таму една богата жена го покани во домот свој да јаде леб, и тој, секогаш кога ќе минеше, навратуваше таму да јаде леб.
9Таа му рече на мажот свој: „Ете, јас знам дека Божјиот човек, кој постојано минува покрај нас, е свет;
10да му направиме мала горна соба над ѕидот и да му ставиме таму легло и маса, и стол и светилник, та кога доаѓа кај нас, да се повлекува таму.“
11Еден ден Елисеј отиде таму, се качи во горната соба своја и си легна таму,
12па му кажа на слугата свој Гиезиј: „Повикај ја Сунамитката.“ Тој ја повика, и таа застана пред него.
13И му рече: „Кажи ѝ: ‚ете, ти толку се грижиш за нас; што да направиме за тебе? Има ли потреба да му проговориме за тебе на царот, или на воениот началник!‘“ Таа одговори: „Не, јас живеам меѓу народот свој.“
141 Мојс 18,9-11Елисеј продолжи и рече: „Тогаш што да направиме за неа?“ И рече Гиезиј: „Ете, таа нема син, а мажот нејзин е стар.“
15И рече Елисеј: „Повикај ја.“ Тој ја повика, и таа застана на вратата.
16Елисеј ѝ рече: „По една година, во ова исто време, ти ќе држиш на раце син.“ Таа рече: „Не, господаре мој, човеку Божји, немој да ја лажеш слугинката своја.“
171 Мојс 21,1; Пс 112,9И жената остана бремена и роди син на другата година, во она исто време, како што ѝ кажа Елисеј.
Елисеј го враќа во живот синот на домаќинката18Детето порасна и еден ден отиде кај татко си, кај жетварите.
19И му кажа на татко си: „Главата, главата ме боли.“ А тој му рече на слугата свој: „Одведи го кај мајка му!“
20Го зеде и го одведе кај мајка му. И тоа седеше во скутот нејзин до пладне и умре.
21Таа отиде и го положи во леглото на Божјиот човек, го затвори и излезе,
22па го повика мажот свој и рече: „Испрати ми еден од слугите и една од магариците; ќе одам кај Божјиот човек и ќе се вратам.“
23Амос 8,5А тој ја праша: „Зошто ќе одиш кај него? Денес не е нов месец, не е ни сабота.“ Но таа рече: „Биди спокоен.“
24И ја оседла магарицата и му кажа на слугата свој: „Води и врви; не запирај додека не ти кажам.“
25И тргнаа и дојдоа кај Божјиот човек, на гората Кармил. А кога Божјиот човек ја виде оддалку, му кажа на слугата свој Гиезиј: „Еве ја онаа Сунамитка;
26трчај да ја пресретнеш и да ја прашаш: ‚здрава ли си, здрав ли е мажот нејзин, здраво ли е детето?‘“ – Таа одговори: „Здрави сме.“
27А кога дојде кај Божјиот човек на гората, се фати за нозете негови. И Гиезиј се доближи за да ја отстрани; но Божјиот човек рече: „Остави ја, душата ѝ е огорчена, а Господ ја сокри од мене и не ми јави.“
28И таа рече: „Барав ли јас од мојот господар син? Не зборував ли: немој да ме лажеш?“
292 Мојс 4,17.20; 3 Цар 18,46Тој тогаш му рече на Гиезиј: „Препаши се преку половината и земи го стапот мој во раката и врви; ако сретнеш некого, не го поздравувај; а ако некој те поздрави, не му одговарај; и стави го стапот врз лицето на детето!“
30А мајката на детето рече: „Се колнам во живиот Господ и во животот на твојата душа! Нема да те оставам.“ Тогаш и тој стана и тргна по неа.
31Гиезиј отиде пред нив и го стави стапот врз лицето на детето. Но не се чу ни глас, ни одговор. И му излезе во пресрет, му соопшти и рече: „Детето не се разбудува.“
32И Елисеј влезе во куќата, и ете, умрено дете лежи на леглото негово.
33И влезе, ја затвори вратата зад себе и Му се помоли на Господ;
34потоа се качи, легна врз детето, ја стави устата своја врз неговата уста, очите свои врз неговите очи, и дланките свои врз неговите дланки, и се простре врз него, и телото на детето се загреа.
35Елисеј стана и почна да оди по собата натаму – наваму; потоа пак се качи и се простре врз него. И детето кивна седумпати и ги отвори очите свои.
36И тој го повика Гиезиј и му рече: „Повикај ја Сунамитката!“ И тој ја повика. Таа дојде кај него, и тој рече: „Земи си го синот свој!“
37Таа се доближи, падна пред нозете негови и се поклони до земја; потоа го зеде синот свој и излезе.
Чудо со отровното јадење38А Елисеј се врати во Гилгал. Во таа земја имаше глад, и синовите пророчки седеа пред него. И тој му кажа на слугата свој: „Стави го големиот котел и свари леќа за пророчките синови.“
39И излезе еден од нив во полето да собира треви. Најде еден корен од дива лоза, и набра од неа полн скут диви плодови, се врати и ги стави во котелот со леќа, зашто не ги познаваше.
40Им поставија да јадат. Но штом почнаа да ја јадат леќата, извикаа и велеа: „Смрт има во котелот, човеку Божји!“ И не можеа да јадат.
41А тој рече: „Дајте брашно!“ И го истури во котелот и му рече на Гиезиј: „Стави им на луѓето, нека јадат.“ И во котелот не остана ништо отровно.
Елисеј нахранува сто луѓе42Дојде еден човек од Ваал-Шалиша и му донесе на Божјиот човек леб од првите плодови – дваесет јачмени лепчиња и млади зрна во класови. И рече Елисеј: „Дај им на луѓето да јадат.“
43И рече слугата негов: „Како да го поставам тоа пред сто луѓе?“ А тој рече: „Дај им на луѓето, нека јадат, зашто така вели Господ: ќе се наситат, и ќе остане.“
44Тој им даде, и тие се наситија, и остана уште, според словото Господово.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.